Громобран
Громобран[1][2] или громобранска заштита — заштита на згради, електрични надземни водови, електрични постројки на отворено и други згради и објекти од штетните последици од удари на гром. Првата заштита од гром ја остварил Бенџамин Френклин во средината на XVIII век. Френклиновиот громобран главно бил направен од делови кои сè уште се наоѓаат во повеќето громобрански инсталации денес.[3][4]
Делови на громобранот
уредиОсновни делови на громобранската инсталација на зградите се главниот прифатен вод, вертикалните и помошните водови и заземјувачот. Главниот прифатен вод е челична лента поставена по слемето и рабовите на покривот, понекогаш со поставени пократки шилци (во постарите инсталации се користеле вертикални челични прачки, фаќачи на молњи). Вертикалните водови направени од метални ленти или јажиња го поврзуваат главниот прифатен вод со заземјувачот, додека помошните линии поврзуваат поголеми метални маси или површини со главниот прифатен вод или со секундарните линии. Заземјувачот во облик на метална плоча, цевка или лента често се закопува во земјата како прстен околу зградата и служи за воспоставување на спроводлива врска помеѓу вертикалните линии и земјата. На секоја вертикална линија треба да се постави мерна врска со која може да се одвои таа линија од заземјувачот за да се измери ударниот отпор на заземјувачот. Своевремено, на големи и важни згради, покрај громобран се поставувал извор на јонизирачко зрачење (т.н. радиоактивен громобран), што го јонизирал околниот воздух и требало да го подобри дејството на громобранот, но овој метод на заштита денес е напуштен.
Примена
уредиНа далноводите, на врвот на столбовите над електроспроводниците се поставуваат заземјени заштитни јажиња, а кај електрични постројки на отворено може над штитените делови да се распнат јажиња приклучени на заедничко заземјување. Материјалот, обликот и мерките за изработка на громобрански инсталации се пропишани со нормативи. Громобранска заштита треба да се постави на секој објект што се разликува по висина, големина и облик од околните згради, а особено внимателно треба да се прави на места со чести атмосферски празнења.
Електрично поле на Земјата
уредиДека постои електрично поле на Земјата можеме да докажеме со помош на долга изолирана жица, чиј долен крај е поврзан со електроскоп, а горниот крај, кој има шилец, се наоѓа во пламен. Се поврзува електроскопот со Земјата или се држи в рака. Ако таквата сонда се подигне нагоре со долг стап, електроскопот ќе покаже отклон. Овој опит ни покажува дека Земјата е опкружена со електрично поле и дека нејзината површина е негативно електрична и дека позитивната гранична површина се наоѓа во горните атмосферски слоеви. Мерењата покажале дека електричното поле на Земјата допира до слојот наречен јоносфера, кој се наоѓа на височина од 80 километри. Потенцијалната разлика помеѓу слојот на јоносферата и површината на Земјата е околу 200.000 V.
Поради електричното поле на Земјата и јонизацијата на воздухот, што е предизвикано од ултравиолетовите зраци што доаѓаат од Сонцето и електричното влијание, се образуваат електрично наелектризирани облаци со спротивен електрицитет. Ако разликата во електричниот напон е многу голема, може да дојде до празнење, па со силен потрес на воздухот на местото на спојување, се појавуваат огромни електрични искри, наречени молња. Исто така, доаѓа до празнење и помеѓу облаците и земјата. Позитивно електричен облак со инфлуенција на земјата, односно на истакнатите предмети, негативен електрицитет. Кога електричниот напон ќе надмине одредена граница, доаѓа до избувнување во облик на извивачка и трепкачка линија (молња), со силен звучен потрес на воздухот наречен гром. Електричниот напон може да биде до 100 милиони волти, а молњите можат да бидат долги до 3 километри.
Првиот громобран
уредиАмериканскиот научник Бенџамин Френклин изградил уред за заштита од гром. Се состоел од бакарна прачка, висока до 5 метри, која се поставува на покривот или на некое друго изложено место. Прачката е исправена (вертикална) и завршува со позлатен шилец. Од него, голо бакарно јаже, со минимална површина од 25 мм2, води по надворешниот дел на покривот, односно ѕидот, во земјата, каде што завршува со бакарна плоча од 1 м2.. Плочата мора да биде во вода или во влажна земја. Громобранот треба да биде направен така што сите делови од зградата се наоѓаат во заштитниот простор. Работата на громобранот се заснова на јонизацијата на воздухот што се јавува поради шилецот на вертикалната прачка. Мрежите од телеграфски и телефонски жици на покривите исто така штитат од гром. Имаат и уред за заштита од гром.[5]
Наводи
уреди- ↑ „громобран“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „громобран“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ gromobranska zaštita, "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2019.
- ↑ ЗАЗЕМЈУВАЧИ И ЗАЗЕМЈУВАЧКИ СИСТЕМИ ВО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИТЕ МРЕЖИ. Ристо К. Ачковски. Второ, дополнето и проширено издание (2008)
- ↑ Velimir Kruz: "Tehnička fizika za tehničke škole", "Školska knjiga" Zagreb, 1969.