Бенјамин Нетанјаху

израелски политичар
(Пренасочено од Венјамин Нетанјаху)

Бенјамин Нетанјаху (хебрејски: בנימין נתניהו, Бенјамин Нетанјаху) — израелски политичар и сегашен премиер на Израел од 2022 година, а претходно бил на истата должност од 1996 до 1999 година и од 2009 до 2021 година. Тој е претседател на израелската конзервативна политичка партија Ликуд од 2005 година. Нетанјаху е првиот израелски премиер кој е роден во Израел. Тој е и премиер на Израел со најдолг стаж, надминувајќи го првиот премиер на државата Давид Бен-Гурион.

Бенјамин Нетанјаху
Премиер на Израел
На должноста
31 март 2009 – 13 јуни 2021
Претседател Шимон Перес
Реувен Ривлин
Претходник Ехуд Олмерт
Наследник Нафтали Бенет
На должноста
18 јуни 1996 – 6 јули 1999
Претседател Езер Вајцман
Претходник Шимон Перес
Наследник Ехуд Барак
Лични податоци
Роден(а) 21 октомври 1949(1949-10-21)(75 г.)
Тел Авив,  Израел
Партија Ликуд
Сопружник
  • Мириам Вајцман (в. 1972; раз. 1978)
  • Флор Кејтс (в. 1981; раз. 1984)
  • Сара Бен-Арци (в. 1991)
Установа Масачусетски институт за технологија, Универзитет Харвард
Портал www.netanyahu.org.il

Рани години

уреди

Бенјамин Нетанјаху е роден во Тел Авив во 1949 година, во секуларно еврејско семејство,[1][2] од мајка Цила Сегал и татко Бенцион Нетанјаху, родум од Варшава. Бенјамин има сефардско потекло.[3] Тој израснал во Ерусалим, каде што го завршил основното образование. Неговото семејство во две наврати во неговите детски и тинејџерски години живеело во Филаделфија, САД, каде Бенјамин во 1967 година го завршил средното образование.[4] Истата година се вратил во Израел и се приклучил на Израелските одбранбени сили.

 
Нетанјаху со војник со доживотен инвалидитет здобиен во операцијата „Ентебе“

Во 1972 година заминал за САД за да студира архитектура на Масачусетскиот институт за технологија, но следната година одново се вратил во Израел и се вклучил во израелската војска за да учествува во Октомвриската војна. По завршувањето на МИТ се вработил како економски советник во светска консултантска фирма. Во 1978 година повторно се вратил во Израел. Бенјамин го основал Противтерористичкиот институт „Јонатан Нетанјаху“, именуван по неговиот брат кој загинал во операцијата Ентебе.

Воена кариера

уреди

Откако влегол во Израелските одбранбени сили кратко по Шестдневната војна во 1967 година, Нетанјаху останал на воена служба пет години. Тој бил водач на тим во специјалната разузнавачка единица Сајерет Маткал. Поважни воени операции во кои учествувал се операциите Инферно и Подарок кои биле извршени во 1968 година, а во 1972 година Нетанјаху бил дел од тимот командоси кој во рамките на операцијата Изотоп го ослободил Летот 571 на Сабена, киднапиран од припадници на палестинската организација Црн септември. Во оваа операција Нетанјаху бил повреден од негов колега кој намерил да стрела во еден од напаѓачите, но куршумот завршил во бицепсот на Бенјамин. Во воената кариера Нетанјаху бил на фронтот на Војната на исцрпување и Јомкипурската војна, учествувал во рации долж Суецкиот Канал и предводел командо офанзиви длабоко во територијата на Сирија.[5][6] Нетанјаху ја напуштил војската со чин капетан.

Политичка кариера

уреди
 
Првата средба на Нетанјаху со палестинскиот претседател Јасер Арафат на граничен пункт, 1996 г.

Во 1984 година Нетанјаху бил назначен на функцијата постојан претставник на Израел во Обединетите Нации и истата функција ја извршувал до 1988 година. Нетанјаху станал претседател на десничарската политичка партија Ликуд во 1993 година.

По три години како претседател на партијата, Нетанјаху победил на општите избори во Израел во 1996 година и со тоа станал најмладиот премиер на Израел. Тој бил на премиерската функција од јуни 1996 до јули 1999 година. Откако загубил на изборите во 1999 година, Нетанјаху се повлекол во приватниот сектор, но се вратил во политиката во 2002 година, прво како министер за надворешни работи до 2003 година, а потоа бил министер за финансии од 2003 до 2005 година. Нетанјаху се повлекол од владата на Ариел Шарон поради несогласувањата кои ги имал со планот за повлекување од Појасот Газа, согласно кој израелската војска го напуштила појасот и израелските населби во областа биле уништени и евакуирани. Како министер за финансии, Бенјамин учествувал во голема реформа на израелската економија која значително ги подобрила подоцнежните економски резултати на државата.[7]

Нетанјаху повторно го презел раководството на Ликуд во декември 2005 година, откако дотогашниот претседател Шарон ја напуштил партијата и формирал нова партија.[8] Во декември наредната година Нетанјаху официјално станал лидер на опозицијата во Кнесетот. По парламентарните избори во 2009 година, на кои Ликуд завршил на второ место, а десничарските партии го освоиле мнозинството,[9] Нетанјаху формирал коалиција и по втор пат станал премиер.[10][11] Тој победил и на изборите во 2013 година и со тоа станал втор премиер на Израел избран за трет мандат, што дотогаш го постигнал само основачот и прв премиер на државата Давид Бен-Гурион. Нетанјаху уште еднаш победил на изборите во 2015 година, освојувајќи четврти мандат.

 
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се ракува со Нетанјаху, за време на претставување на план на администрацијата на Трамп за мир на Блискиот Исток

На законодавните избори кои се одржале во месец април 2019 година, партијата на Нетанјаху, Ликуд, и политичката коалиција „Сина и бела“, предводена од Бени Ганц, освоиле по 35 места во парламентот, но ниту една партија не успеала да формира влада, па поради тоа други избори биле одржани во месец септември истата година. На овие избори центристичката коалиција „Сина и бела“ успеала да добие едно пратеничко место повеќе од Ликуд. Сепак, Ганц повторно не успеал да формира влада, па поради тоа го вратил мандатот, со што Нетанјаху останал технички премиер.[12] На 2 март 2020 година биле одржани нови законодавни избори, трети во период од една година.[13]

Кривични истраги

уреди

Од декември 2016 година Нетанјаху е под истрага на израелската полиција во неколку случаи. Во еден случај тој е осомничен за добивање вредни подароци и бенефиции од неколку богати познаници на неговото семејство.[14][15] Во друг случај пак се работи за прислушувани разговори водени меѓу Нетанјаху и Арнон Мозес, издавач на дневниот и еден од најголемите израелски весници Едиот Ахронот. Во овој случај Нетанјаху наводно понудил да помогне во ослабнување на весникот Израел Хајом, конкуренција на Едиот Ахронот, во замена за пододворувачка и попозитивна покриеност на неговата политика од страна на Едиот Ахронот. Нетанјаху индиректно е опфатен и во неколку други случаи. Ваквите обвинувања довеле до протести,[16][17] но и контрапротести, поддржaни од симпатизери на Нетанјаху и неговата политичка партија Ликуд.[18] Од ноември 2019 година Нетанјаху е обвинет за повреда на доверба, подмитување и измама. Со тоа, тој станал првиот премиер во историјата на Израел кој бил обвинет од суд.[19]

Библиографија

уреди
  • Меѓународен тероризам: Предизвик и одговор. Transaction Publishers. 1981. ISBN 978-0878558940.
  • Тероризам:Како западот може да победи. Avon. 1987. ISBN 978-0380703210.
  • Борба со тероризмот: Како демократиите може да го победат домашниот и меѓународниот тероризам. Farrar, Straus and Giroux. 1995. ISBN 978-0374154929.
  • Издржлив мир: Израел и неговото место меѓу нациите. Grand Central Publishing. 1999 [1993]. ISBN 978-0446523066.

Наводи

уреди
  1. David Remnick (23 јануари 2013). „Bibi's Blues“. The New Yorker.
  2. Judy Dempsey (3 мај 2012). „The Enduring Influence of Benjamin Netanyahu's Father“. Carnegie Europe. Архивирано од изворникот на 2021-02-24. Посетено на 2019-01-09.
  3. Itamar Eichner (25 мај 2016) "Netanyahu: I have Sephardic roots as well", Ynetnews
  4. „Prime Minister Benjamin Netanyahu“. Ynetnews. 10 февруари 2012. Посетено на 9 март 2013.
  5. Amir Buhbut, "Sayeret Matkal is 50 years old" Архивирано на 14 октомври 2012 г., NRG Maariv
  6. Mitch Ginsburg (25 октомври 2012) "Saving Sergeant Netanyahu", The Times of Israel
  7. Thomas G. Mitchell Likud Leaders (McFarland 2015), Chapter 10
  8. „Netanyahu elected as Likud party chairman“. Xinhua News Agency. 20 декември 2005. Архивирано од изворникот на 27 февруари 2006. Посетено на 27 јули 2009.
  9. Hoffman, Gil (10 февруари 2009). „Kadima wins, but rightist bloc biggest“. The Jerusalem Post. Посетено на 17 јуни 2012.
  10. „Netanyahu sworn in as Israel's prime minister“. Haaretz. 31 март 2009. Посетено на 10 март 2013.
  11. Heller, Jeffrey (31 март 2009). „Netanyahu sworn in as Israeli prime minister“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 10 март 2013.
  12. „Rivlin hands over mandate, begs MKs to prevent third election“. 21 ноември 2019. Посетено на 12 март 2020.
  13. „Israel to Hold Unprecedented Third Election in a Year After Knesset Dissolves“. 12 декември 2019. Посетено на 12 март 2020.
  14. Amnon Abramovich. „Examination file against Netanyahu revealed: Prime Minister is suspected of receiving favors“ (хебрејски). Reshet.
  15. „Netanyahu questioned by Israeli police for a second time in graft probe“. The Daily Telegraph.
  16. „Anti-corruption protests continue for 38th week outside AG's home“. Ynetnews (англиски). 8 декември 2017. Посетено на 14 февруари 2018.
  17. „Protesters call for PM to resign after Netanyahu derides anti-corruption demos“ (англиски). Посетено на 14 февруари 2018.
  18. „The Latest: Netanyahu delivers fiery speech at rally - ABC News“. 20 август 2017. Архивирано од изворникот на 2017-08-20. Посетено на 14 февруари 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „AG announces Netanyahu to stand trial for bribery, fraud and breach of trust“. 21 ноември 2019. Посетено на 13 март 2020.

Надворешни врски

уреди