21 јуни (настани)
шаблон на Викимедија
1818 | Рене Лаенек, француски научник, во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот. |
1935 | Во Париз (од 21 јуни до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата. |
1963 | Франција ги повлече поморските сили од НАТО. |
1990 | Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна. |
1994 | Република Македонија и Република Киргистан воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. |
1994 | Почна пописот на населението, домаќинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија. |
1996 | Република Македонија и Туркменистан воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |