16 јуни (настани)
шаблон на Викимедија
1671 | Под водство на легендарниот јунак Стенка Разин, во Русија избувна востание против спахиите и царските чиновници кои слободните козаци ги претвораа во кметови, а на селаните им наметнуваа уште поголеми давачки. |
1779 | Шпанија и објави војна на Велика Британија и ја започна опсадата на полуостровот Гибралтар. |
1943 | Масакрот во Ваташа; Бугарските окупаторски војници стрелале 12 млади комунисти од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“. |
1960 | Претседателот на САД, Двајт Ајзенхауер ја одложи посетата на Јапонија поради антиамериканските немири во таа држава. |
1963 | Првата жена космонаут Валентина Терешкова се вивнала во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод „Восток-6“. Таа била шести советски, а десетти светски космонаут. |
1997 | Република Македонија и Кувајт воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
1999 | Рабо Мбеки од Нелсон Мандела ја презеде должноста претседател на Јужна Африка. |