Тахити ( Tahiti, /təˈhti/; француски изговор: [ta.iti]) претходно познат и како Отахеите е најголемиот остров во групата на Ветерните Острови во Француска Полинезија. Островот се наоѓа во архипелагот Друштвени Острови во централниот Јужен Пацифик и е поделен на два дела: поголемиот, северозападниот дел, Тахити Нуи, и помалиот, југоисточниот дел, Тахити Ити. Островот е формиран од вулканскa активност. Toj е висок и планински остров, опкружен со корални гребени. Има 189,517 жители (попис од 2017), со што тој е најнаселениот остров во Француска Полинезија и брои 68.7% од нејзиното вкупно население.

Тахити
Отахеите
Остров
Тахити е познат по плажите со црн песок.
Тахити е познат по плажите со црн песок.
Местоположба на Тахити во Тихиот Океан
Местоположба на Тахити во Тихиот Океан
ЗемјаФранција
Прекуморски региони на ФранцијаФранцуска Полинезија
ОстровиДруштвени Острови
Главен градПапете
Површина
 • Вкупна1.044 км2 (403 ми2)
Надм. вис.&100000000000022410000002.241 м
Население (2017)
 • Вкупно189,517[1]
ДемонимТахитијци

Тахити е економски, културен и политички центар на Француска Полинезија, прекуморска заедница (понекогаш нарекуван и прекуморска земја) на Франција. Главниот град на Француска Полинезија, Папете, се наоѓа на северозападниот брег на Тахити. Единствениот меѓународен аеродром во регионот, (Меѓународен Аеродром Фа) е на Тахити во близина на Папете.

Тахити првично бил населен од Полинезијци помеѓу 300 и 800 година. Тие претставуваат околу 70% од населението на островот а остатокот се состои од Европејци, Кинези и оние од мешано потекло.

Островот бил дел од Кралството Тахити сè до неговата анексија од страна на Франција во 1880 година, кога бил прогласен за колонија на Франција а неговите жители станале француски граѓани. Францускиот е единствениот службен јазик, иако тахитскиот јазик широко се зборува.

Географија уреди

 
Мапа на Тахити
 
Островот Тахити виден од вселената

Тахити е најголемиот и најширокиот остров во Француска Полинезија блиску до островот Моореја. Се наоѓа 4.400 км на југ од Хаваите, 7.900 км од Чиле, и 5.700 км од Австралија.[се бара извор]

Островот изнесува 45 километри во најшироката точка и зафаќа површина од 1045 км2. Највисок врв е планината Орохена (2241 м). Планината Ронуи, на југоисток, се идига до 1332 метри. Островот се состои од вулкански планини и поврзани со краток провлак именуван по малото гратче Таравао.[се бара извор]

Северозападниот дел е познат како Тахити Нуи („Голем Тахити“), додека помалиот југоисточен дел е познат како Тахити Ити ("Мал Тахити") или Тауарапу. Тахити Нуи е густо населен по должината на брегот, особено околу главниот град, Папете.[се бара извор]

Внатрешноста на Тахити Нуи е речиси целосно ненаселена.[2] Тахити Ити останал изолиран, бидејќи неговата југоисточна половина (Те Pari) е достапна само за оние што патуваат со брод или пеш. Остатокот од островот е опкружува со главниот пат кој минува помеѓу планините и морето.[се бара извор]

Пејзажот на Тахити е карактеристичен по бујната тропска шума со многу реки и водопади, вклучително и реката Папено на северната страна, и водопадите Фаутауа во близина на Папете.[3]

 
Карта на Тахити

Геологија уреди

Друштвениот архипелаг е врела точка на вулкански ланец кој се состои од десет острови и атоли. Ланецот е ориентиран по N. 65° W. насока, паралелно со движењето на Тихоокеанската Плоча. Поради движењето на плочата во врелата точка на Друштвените Острови, староста на островите се намалува од 5 Ма на Маупити до 0 Ма на Мехетиа која е моментална локација на жариште, потврдено од страна на неодамнешна сеизмичка активност[4]. Мопити, најстариот остров во ланецот, е високо еродиран штитест вулкан со најмалку 12 тенки аа текови, со што се акумулирал прилично брзо помеѓу 4.79 и 4.05 Ма. Бора Бора е уште еден високо еродиран штитест вулкан кој се состои од базалтни лави акумулирани помеѓу 3.83 и 3.1 Ма. Лавите се испрекинати со насипи. Тахаа се состои од базалт со возраст на 3.39 Ма, проследено со дополнителни ерупции, 1.2 Ма подоцна. Рајатеа се состои од базалт проследен со трахитски лавин тек од 2.75 до 2.29 Ма. Хуахине се состои од два базалтни штитести вулкани, Хуахине Нуи и Хуахине Ити, со неколку текови на трахифонолитски лавини куполи од 3.08 да 2.06 Ма. Муреа се состои од најмалку 16 текови на базалт и лави од 2.15 да 1.36 Ма. Тахити се состои од два базалтни штитести вулкани, Тахити Нуи и Тахити Ити, со старост од 1.67 до 0.25 мегагодини.[5]

Клима уреди

Климата на Тахити е влажна и тропска. Главно се разликуваат 2 сезони[6] :

  • влажна сезона, од ноември до април (лето) ;
  • сува сезона, од мај до октомври (зима).
Средни месечни температури во Фа во 2007 - °C (извор : ISPF[7])
Јан. Фев. Мар. Апр. Мај Јун. Јул. Авг. Сеп. Окт. Ное. Дек.
Температура 27,6 28,5 28,5 28 27,4 26,6 25,4 26 26 26,3 26,9 26,4

Просечната температура се движи помеѓу 21 и 31 °C, со малку сезонска варијација. Најниските и највисоките температури забележани во Папете се 16 и 34 °C.[8]

 
Планината Дијадем на зајдисонце, Тахити, Џон Лафарж,1891 година, Бруклински Музеј

Историја уреди

Праисториска колонизација на Тахити уреди

Првите Тахитијци дошле на островот од Западна Полинезија околу 200та година,[9] по долга преселба од Југоисточна Азија или Индонезија, преку Фиџискиот, Самоанскиот и Тонганскиот архипелаг. Оваа хипотеза на доселување од Југоисточна Азија е поддржана од голем број јазични, биолошки и археолошки докази. На пример, сите јазици на Фиџи и Полинезија припаѓаат на истата океанска подгрупа, централнотихоокеански јазици, што сам по себе претставува дел од големото семејство австронезиски јазици.

Оваа емиграција, низ неколку стотици километри на океанот, била овозможена со користење на специјални стабилни кануа до дваесет или триесет метри долги кои можеле да пренесуваат семејства и домашни животни. Во 1769, Џејмс Кук го споменува големиот традиционален брод (va'a) на Тахити, кој бил долг 33 метри и можел да се движи со едра или весла.[10]

 
Приказ на Планината Рајатеа. Мумиите на тахитските владетели порано биле носени на оваа планина, традиционално се сметаат за свети (tapu).

Цивилизацијата пред доаѓањето на Европејците уреди

Пред доаѓањето на Европејците островот бил поделен на различни племенски заедници, со многу прецизни територии со кои владеел еден клан. Најважен клан на островот бил Тева,[11] чија територија се протегала од полуостровот во јужниот дел на Тахити Нуи. Кланот Тева бил составен од Тева и Ута (Внатрешна Тева) и Тева и Таи (Морска Тева) а бил предводен од Амо и Пуреа.[12]

 
Капетанот Кук бил сведок на церемонијата на човечко жртвување на Тахити,1773

Кланот бил составен од поглавар (арирахи), благородници (ари) и потпоглавари (јатоаи). Арите биле, сметани за потомци на полинезиските богови и биле полни со авторитет (духовна моќ). Традиционално носеле појаси со црвени пердуви, симболи на нивната моќ. Поглаварот на кланот немал апсолутна моќ. Совети или генерални собранија морале да се свикуваат составени од ари и јатоаи, особено во случај на војна.[11]

Секој округ или клан бил организиран околу нивните марае, или камен храм изграден во чест на божеството.[13]

Следбениците на Оро биле наречени ариори, и секој округ во Тахити, имал ариорска ложа предводена од авае парае, црна нога. Нозете на овие водачи биле тетовирани од бедрото да петата. Првата Оро ложа била основана околу 1720 од страна на Махи, претставник на високосвештенството на Тапутапуатеа марае и Таматоа I, големиот поглавар на Рајатеа. Првиот ваков храм (марае) за Оро бил основан во Таутира.[13]

Околу 1750 година избувнала војна меѓу Атехуру и Папара. Ќерката на поглаварот Папара побегнала во Рајатеа и потоа се омажила со најстариот син на Таматоа I, Аримао, со кого го добила синот Маја. Кога бораборанските воини, предводени од Пуни, ја нападнале Рајатеа во 1763, Маја и свештеникот Тупаја, заминале на Тахити, примени од страна на поглаварот Амо и жена му Пуреја. Тупаја, кој бил свештеник на Тапутапуатеа марае подоцна отпловил заедно со капетанот Кук на Ендевор, додека Маја пловел заедно со капетанот Гајангос на Агила.[13]:35–38,60–61,85,134,208,277

 
Средбата меѓу Валис и Обереа

Првите европски посети уреди

 
Детаљ од картата на Бугенвил за Тахити, 1768

Португалскиот морепловец Педро Фернандес де Кирос, коj служел на шпанската Круна во експедицијата за Тера Аустралис можеби бил првиот Европеец кој го здогледал островот Тахити. Тој забележал населен остров на 10 февруари 1606[14] и го нарекол Сагитарија. Сепак, не е целосно утврдено дали островот што го видел бил Тахити или не. Се тврди дека тој, впрочем, го видел островот Рекарека на југоисток од Тахити.[15] Според други автори првиот Европеец кој пристигнал на Тахити бил шпанскиот истражувач Хуан Фернандес во експедицијата од 1576-1577.[16]

Првиот Европеец кој стигнал на Тахити според постоечките записи бил поручникот Семјуел Волис, додека пловел околу светот на бродот HMS Dolphin[17] Тој го здогледал островот на 18 јуни 1767[18] а потоа се закотвил во Заливот Матаве. Овој залив бил на територијата на заедницата Пирае-Аруе, управувана од страна на Ту (со целосно име, Ту-нуи-е-'а-и-те-Атуа) и неговиот регент Тутаха, и заедницата Хаапапе, управувана од Амо и жена му Обореа (Пуреа). Валис го нарекол островот Остров Крал Џорџ. Првите контакти биле тешки, бидејќи на 24 и 26 јуни 1767[19] Тахитските воини во канута покажале агресија кон Британците, фрлајќи накај нив со камења. Во знак на одмазда, британските морнари отвориле оган на воините во канута и на ридовите. Како реакција на овој моќен противнапад, Тахитјаните им понудиле мир на Британците.[19] По оваа епизода, Семјуел Волис воспоставил пријателски односи со Пуреа и останал на островот до 27 јули 1767.[13]:45–84,104,135

 
Матаве Залив, насликан од Вилијам Хоџис, член на експедицијата предводена од Кук

На 2 април 1768, Луј-Антоан де Бугенвил[20] на бродот Boudeuse и Étoile го здогледал Тахити. На 5 април, тој се закотвил на Хитаа О Те Ра, и бил поздравен од страна на поглаварот Рети. Бугенвил останал само десет дена на островот, кој го нарекол "Нова Китера (остров на Афродита)", поради топлото добредојде и сладоста на тахитските обичаи. Ахутору им се придружил на Французите на патувањето, станувајќи првиот Тахитјанин кој пловел на европски брод.[13]:93–109 Извештаите на Бугенвил и Филбер Комерсон ќе придонесат за создавањето на митот за полинезискиот рај и темата за благородниот дивјак, толку драга на Жан-Жак Русо, кој бил многу популарен.[13]:116–118 До крајот на 18 век, името на островот фонетски било пишувано "Таити". Од почетокот на 19 век, на француски и на англиски јазик, правописот го реферира како Тахити.[21]

 
Таутира

Меѓу посетите на Бугенвил и Кук[22], во декември 1768, на Тахити се водела војна за наследство помеѓу тахитските кланови. Неколку клана се здружиле за да го поразат Амо и Пуреа во Папара. Воини, жени и деца од Папара биле масакрирани, додека нивните куќи, градини, насади и добиток биле уништени. Камениот храм бил ограбен, додека Амо, Пуреа, Тупаја и Териирере побегнале во планините. Вехиатуа изградил ѕид од черепи во неговиот Тајарапу марае од неговите воени трофеи.[13]:134–140,144–145,196

 
Бродот Ендевор на Џејмс Кук (гравура)

Во јули 1768, капетанот Џејмс Кук бил назначен од Кралското друштво и по нарачка на Лордовите на Адмиралијата да го набљудува преминот на Венера преку Сонцето, феномен кој требало да биде видлив од Тахити, на 3 јуни 1769.[23] Тој пристигнал на Тахити во Заливот Матаве, командувајќи со бродот HMS Endeavour на 12 април 1769.[24][13]:141 На 14 април, Кук се сретнал со Тутаха и Терау.[13]:144 На 15 април, Кук одбрал место да утврди камп на Венерината Точка заедно со Бенкс, Паркинсон, Даниел Соландер, да се заштити опсерваторијата на Чарлс Грин.[13]:147 Должината на престојот им овозможила за првпат етнографски и научно да го разгледаат островот. Со помош на ботаничарот Џозеф Бенкс и уметникот Сидни Паркинсон, Кук собрал вредни информации за фауната и флората, за заедницата, јазикот, обичаите, вклучително и правилното име на островот, 'Отахеите'. На 28 април, Кук се сретнал со Пуреа и Тупаја.[13]:154–155,175,183–185

Кук и Бенкс го обиколиле островот од 26 јуни до 1 јули. Во Папара, водени од Тупаја, ги истражиле урнатините на Махајатеа марае, импресивна структура што содржи камена пирамида или аху, 13 метри висока, 81 м долга и 27 м широка. Кук со бродот заминал од Тахити на 13 јули 1769 г. Тупаја тргнал со него поради неговите географски знаења за островите.[13]:149,186–202,205

 
Мапата на Кук на островот островот Отахеите (односно, Тахити)

Кук проценувал дека населението изнесува 200,000 вклучувајќи ги сите блиски островите на ланецот.[13]:308[25] Оваа проценка подоцна била намалена на 35,000 од страна на антрополог Даглас Л. Оливер.[26]

Вицекралот на Перу, Мануел де Амат и Хуниет, по инструкции на шпанската Круна, организирал експедиција за да се спогоди и да се населат на островот во 1772 година, во голема мера за да спречи други сили да стекнат бази во Тихиот Океан. Тој испратил две експедиции под команда на морепловецот Доминго де Бонечеа, во 1772, на бродот Aguila. Четири Тахитијци, Пауту, Типитипиа, Хејао и Тетуануи, му се придружиле на Бонечеа на неговото патување за враќање во Перу, во 1773.[13]:236–256,325

 
Собирачи на диви банани, Тахити, 1887, Национална Библиотека на Нов Зеланд

Кук се вратил на Тахити помеѓу 15 август и 1 септември 1773, поздравен од поглаварите. Тој се закотвил во Заливот Ваитепиха пред да се врати во Венерината Точка. Кук земал два патника од Тахити за време на ова патување, Пореа и Ма, и подоцна Хитихити, како замена за Пореа. Кук си заминал од Тахити на 14 мај 1774.[13]:263–279,284,290,301–312

Пауту и Тетуануи се вратиле на Тахити со Бонечеа и со бродот Aguila на 14 ноември 1774. Бонечеа умрел на Тахити, на 26 јануари 1775, и бил погребан во близина на шпанската мисија во Заливот Таутира. Поручникот Томас Гајангос ја преземал командата. Гајангос испловил за Перу на 27 јануари, оставајќи ги отец Џеронимо Клота, отец Нарцисо Гонсалес, Максимо Родригес и Франциско Перес, да ја водат шпанската мисија. Шпанската мисија на Тахити завршила на 12 ноември 1775, по третото патување на Aguila на Тахити, кога свештениците побарале од командантот, Кајетано де Лангара, да ги земе назад во Лима.[27] Некои мапи уште го носат името Isla de Amat за Тахити, именуван така по вицекралот Амат кој ја наредил експедицијата.[28] Позначајни резултати за овие патувања дава дневникот на Максимо Родригес, морнар во шпанската морнарица, кој содржи вредни информации за Тахитјаните во 18 век, поткрепени со извештаите на Чилеанецот Дон Хосе де Андиа и Варела.[13]:321,323,340,351–357,361,381–383

Кук за последен пат се вратил на Тахити на 12 август 1777. Бил сведок на човечка жртва (та'ata tapu), во Уту-аи-махурау марае, и 49-те черепи од претходните жртви.[13]:405,419–435

На 29 септември 1777, Кук запловил кон Заливот Папетоаи на Мореа. Потоа, на Хуахине на 11 октомври, Рајатеа на 2 ноември и Бора Бора на 7 декември.[13]:440–444,447

Британското влијание и подемот на Помаре уреди

Бунтот на бродот Баунти уреди

 
Вилијам Блај на надзор на пресадување на лебни дрвја од Тахити

На 26 октомври 1788, HMS Bounty, под команда на Капетан Вилијам Блај, пристигнал на Тахити со мисијата да однесе лебни дрвја (тахитски: уру) од Тахити на Карибите. Лорд Џозеф Бенкс, ботаничар на првата експедиција на Џејмс Кук сметал дека тоа би било идеално за прехранување на африканските робови кои работеле на карипските плантажни насади, за многу мал трошок. Екипажот останал на Тахити, околу пет месеци, време потребно за пресадување на садниците. Три недели по заминување од Тахити, на 28 април 1789, екипажот дигнал бунт на иницијатива на Флечер Кристијан. Бунтовниците го заплениле бродот оставајќи го капетанот и повеќето од членовите на екипажот кои останале лојални па се вратиле да се населат на Тахити.

Иако повеќето истражувачи одбивале да се вклучат во племенските конфликти, бунтовниците од Баунти ги понудиле своите услуги како платеници опремени со оружје на семејството, кој станало Династија Помаре. Како резултат на сојузот со бунтовниците, поглаварот Ту успеал значително да ја зголеми неговата надмоќ над островот Тахити.

Околу 1790, поглаварот Ту ја преземал титулата крал, под името Помаре. Неговата лоза била прва која го обединила Тахити, од 1788 до 1791 година. Тој и неговите потомци го основале и прошириле тахитското влијание на сите земји кои денес ја сочинуваат модерната Француска Полинезија.

Во 1791 година, HMS Pandora под Капетанот Едвард Едвардс стигнал на Тахити. Четиринаесетте бунтовници биле заробени. Четворица се удавиле при потонувањето на Пандора, на патувањето за дома, тројца биле обесени, четворица биле ослободени, а на тројца им било простено.

 
Лепрозни, Тахити (1898)

Китоловци уреди

Во 1790-тите, китоловци почнале да пристигнуваат на Тахити во тек на нивните риболовни експедиции во јужната полутопка. Доаѓањето на овие китоловци, на кои дополнително се приклучувале и трговци кои доаѓале од казнените колонии во Австралија, го одбележале првиот голем преврат на традиционалното тахитско општество. Екипажите донеле алкохол, оружје и болести на островот, поттикнувале проституција, а со тоа и венерични болести. Овие први размени со Американците имале катастрофални последици за тахитското население, брзо опустошено од страна на болестите. Фактот дека многу Тахитијци загинале од болести е дека во 1797, бројот на населението било само 16,000. Подоцна таа бројка се намалила до 6,000.[29]

 
Тахитијки во мисионерска облека

Доаѓањето на мисионерите уреди

 
Помаре II, Кралското семејство на Тахити, Те Папа Тонгарева

На 5 март 1797, претставници на Лондонското мисионерско друштво стигнале во Заливот Матаве (Махина) со намера да го преобратат паганското месно население во христијани. Доаѓањето на овие мисионери означило нова пресвртница за островот Тахити, со трајно влијание на локалната култура.

Првите години се покажале напорни за мисионерите. Во 1803, по смртта на Помаре I, неговиот син Вајратоа успеал да ја презеде титулата на Помаре II. Тој се зближил со мисионерите, и во 1803 тие го научиле да го чита Евангелието. Исто така, мисионерите го охрабриле да ги освои противниците и да го развива христијанството во обединета земја.[11] Помаре II го прифатил протестантството во 1812.

Околу 1810 година Помаре II се оженил со Торемоемо, ќерка на поглаварот на Рајатеа. На 12 ноември 1815 година, благодарение на овие сојузи, Помаре II освоил решавачка битка на Фе Пи (Пунаауја), особено против Опухара,поглаварот на моќниот клан Тева.[12] Оваа победа овозможила за првпат Тахити да се обедини под контрола на едно семејство. Тоа го означил крајот на тахитскиот феудализам и воената аристократија, сега заменети со апсолутна монархија. Во исто време, протестантството брзо се ширел, благодарение на поддршката на Помаре II и ги заменил традиционалните верувања. Во 1816, Лондонското мисионерско друштво го испратило Џон Вилијамс за мисионер и учител, а во 1817 Евангелијата се превеле на тахитски јазик (Reo Maohi). Во 1818, бил основан градот Папете кој станал главен град на островот.

Во 1819, Помаре II, поттикнат од мисионерите, го претставил првиот Тахитски правен код, познат под името Правниот Код Помаре,[11] кој се состои од деветнаесет закони. Забранета била голотијата (обврска за носење облека и покривање на целото тело), танците и песните, тетоважите и костимите направени од цвеќиња.

Во 1820-тите години, цело население на Тахити го прифатило протестантството.[30]

Кога, на 7 декември 1821, Помаре II починал, неговиот син Помаре III имал само осумнаесет месеци. На 23 февруари 1824 година било создадено Законодавното собрание. Во 1827, младиот Помаре III ненадејно починал и титулата Помаре IV ја презела неговата полусестра, Аимата, на возраст од тринаесет години.[11]

 
Дипети Туар на Тахити на 9 септември 1842

Во ноември 1835 година Чарлс Дарвин го посетил Тахити пристигнат со HMS Beagle со кој командувал Роберт Фицрој.[31]

Во септември 1839 година, на островот дошла истражувачка експедиција на САД.[32] Еден од членовите, Алфред Томас Ахат, изработил голем број цртежи за тахитскиот живот, од кои некои подоцна биле објавени во САД.

Француски протекторат и крајот на Кралството Помаре уреди

 
Кралицата Помаре и нејзиното семејство на верандата на куќата на Причард, во тек на француската Инвазија на Тахити, 1847[33]

Во 1836 година, двaјца француски католички свештеници биле протерани од Тахити. Како резултат на тоа, во 1838 Франција го испратила адмиралот Авел Обер Дипети-Туар да добие репарација. Откако мисијата завршила, адмиралот запловил кон Маркиските Острови, кои ги анексирал во 1842. Исто така, во 1842, европска криза, вклучувајќи го Мароко ескалирала со воен конфликт меѓу Франција и Велика Британија. Во август 1842, адмиралот се вратил на Тахити. Се спријателил со тахитските поглавари кои биле непријателски настроени кон семејството Помаре и сакале француски протекторат. Тој побарал да напишат барање за заштита во отсуство на нивната кралица, а потоа ја натерал и неа да ги ратификува одредбите од договорот за протекторат. Во рамки на овој договор, Франција го признава суверенитетот на Тахити. Кралицата била одговорен за внатрешни работи, додека Франција би се занимавала со надворешните односи и да обезбедува одбрана на Тахити, како и одржување на редот на островот. Откако договорот бил потпишан почнала борба за влијание помеѓу англиските протестанти и католичките претставници на Франција.

Тахитската војна за независност (1844-47) уреди

Во 1843 година, кралскиот советник, Причард, ја убедил кралицата да го истакне тахитското знаме наместо знамето на Протекторатот.[34] Адмиралот Дипети-Туар најавил анексија на Кралството Помаре на 6 ноември 1843 година и за гувернер го поставил Арман Жозеф Бриа, шеф на новата колонија. Причард прво бил затворен, а подоцна и испратен назад во Велика Британија. Со анексијата кралицата била протерана на Левардските Острови и по период на проблеми, почнала франко-тахитската војна започна во март 1844 година. Вестите за Тахити стигнале во Европа на почетокот на 1844 година. Францускиот државник Франсоа Гизо, поддржан од кралот Луј-Филип од Франција, ја критикувал анексија на островот.

Војната завршила во декември 1846 во полза на Французите. Кралицата се вратила од егзил во 1847 и се согласила да потпише нов пакт, со значително намалување на нејзината моќ, а зголемување на оние на комесарот. Французите сепак владееле на Тахити како господари. Во 1863, се ставил крај на британското влијание и Британските протестантски мисии биле заменети со Здружението на евангелистички мисии на Париз.

 
Деца на Тахити, 1906

Во 1877 година, Кралицата Помаре починала по педесет години владеење. Нејзиниот син, Помаре V, следел на престолот. Новиот крал малку се занимавал со работите на кралството, и кога во 1880 гувернерот Анри Исидор Шесе, поддржан од тахитските поглавари, го натерал да абдицира во полза на Франција, тој прифатил. На 29 јуни 1880, тој го отстапил Тахити на Франција, заедно со островите. Откако станал колонија, Тахити го загубил сиот суверенитет.[35] Сите субјекти на Кралството Помаре добиле француско државјанство. Во 1890 година, Папете станал комуната на Република Франција.

Францускиот сликар Пол Гоген живеел на Тахити во 1890-тите години и го насликал многу Тахитијци. Папеари има мал Гогенов музеј.

 
Еден-франк од Втората светска војна. Банкнотите (1943) биле печатени во Папете.

Дваесеттиот век уреди

За време на Првата светска војна, Папете регионот на островот бил нападнат од два германски воени бродови. Помеѓу 1966 и 1996 година француската влада спровела 193 јадрени тестови околу атолите на Моруроа и Фангатауфа. Последниот тест бил спроведен на 27 јануари 1996 година.[36]

Во 1946 година, Тахити и на целата територија на Француска Полинезија станале Прекуморска територија (француски: Territoire d'outre-mer). На Тахитијците им биле доделени француски државјанства.[37] Во 2003 година, Француска Полинезија го сменила статусот од територија во заедница (француски: Collectivité d'outre-mer) а во 2004 година островот бил прогласен за прекуморска земја (француски: pays d'outre-mer - ПОМ).

 
Кралицата Помаре IV, 1813-1877

Политика уреди

 
Политичка карта на Океанија, ги покажува границите на ЕУ

Тахитијците се француски граѓани со сите граѓански и политички права. Францускиот јазик е службен јазик, но во употреба е и тахитскиот. Тој се изучува во училиштата и понекогаш е услов за вработување.

Тахити е дел од Француска Полинезија. Француска Полинезија е полуавтономна територија на Франција со свое Собрание, Претседател на држава, буџет и закони. Влијанието на Франција се ограничува на субвенции, образование и безбедност.

Демографија уреди

Домородните Тахитијци кои се од полинезиско потекло сочинуваат 70% од населението, заедно со Европејците, Источните Азијци (најчесто Кинези) и луѓе од мешано потекло. Тие го сочинуваат најголемиот дел од населението во Француска Полинезија. Повеќето луѓе од метрополитенска Франција живеат во Папете и неговите предградија.

 

Населението низ историјата уреди

1767 1797 1848 1897 1911 1921 година 1926 1931 1936 1941 1951
50,000[38] до 200,000[39] 16,000[38] 8,600 10,750 11,800 11,700 14,200 16,800 19,000 23,100 30,500
1956 1962 1971 1977 година 1983 година 1988 година 1996 година 2002 година 2007 година 2012 2017
38,140 45,430 79,494 95,604 115,820 131,309 150,721 169,674 178,133 183,645 189,517
Официјалните бројки од претходните пописи.[40][41][42][43][44][45]

Административни поделби уреди

Островот се состои од 12 комуни.

Главен град е Папете а најголема општина според населението е Фа, додека Такарапу-Исток зафаќа најголемата површина.

Општини на Тахити уреди

Ова е списокот на комуни и нивните поделби подредени азбучен ред:[46]

Општина Население Површина Густина Субдивизии
Аруе 9,494 21,4 км2 443 жители/км2
Фа 29,781 34,2 км2 871 жител/км2
Хитиаа О Те Ра 8,691 218,2 км2 40 жители/км2 Хитиаа, Мајаена, Папеноо, Тиареи
Махина 14,356 51,6 км2 278 жители/км2
Паеа 12,084 64,5 км2 187 жители/км2
Папара 10,634 92,5 км2 115 жители/км2
Папете 26,050 17,4 км2 1497 жители/км2
Пирае 14,551 35,4 км2 411 жители/км2
Пунауја 25,399 75,9 км2 335 жители/км2
Тајарапу-Исток 11,538 218,3 км2 53 жители/км2 Афахити, Фаонр, Пуеу, Таутира.
Тајатапу-Запад 7,007 104,3 км2 67 жители/км2 Теахупоо, Таохоту, Вајарао
Тева И Ута 8,591 119,5 км2 72 жители/км2 Матајеа, Папеари

Економија уреди

 
Знаме на Тахити

Туризмот е значајна стопанска гранка.

 
Јужниот дел на предградието на Папете (Пунауја).

Во јули, фестивалот Хеива во Папете ја слави полинезиската култура и одбележувањето на заземањето на Бастиља во Париз. По воспоставувањето на CEP (Centre d'Experimentation du Pacifique) во 1963 година, стандардот на живот во Француска Полинезија значително се подобрил и многу Полинезијци ги напуштиле традиционалните активности и емигрирале во урбаниот центар Папете. Иако стандардот на живот е покачен (се должи, главно, на француски и странски директни инвестиции), економијата се потпира на увозот. При престанок на CEP активностите, Франција потпишала Пакт за Напредок со Тахити за да се надомести загубата на финансиски средства и да се помогне во образованието и туризмот, со инвестиција од околу US$150 милиони евра годишно од почетокот на 2006 година.

Главните трговски партнери се метрополитенска Франција, околу 40% од увозот и околу 25% од извозот, другите главни трговски партнери се САД, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

Тахитскиот бисер (Црниот бисер) и земјоделството, исто така, се голем извор на приходи. Бисери се извезуваат во Јапонија, Европа и САД. Тахити извозува и ванила, овошје, цвеќиња, риба, масло од копра, нони. На Тахити има и винарска визба, чии лозја се наоѓаат атолот Рангироа.[47]

Невработеноста влијае на околу 13% од активното население, особено жените и неквалификувани млади луѓе.

Тахитската валута е француски тихоокеански франк (ОПР, исто така познат како XPF), врзан за Еврото на 1 ОПР = ЕВРА .0084 (1 ЕУР = 119.05 ОПР, прибл. 113 ОПР). Хотели и финансиски институции нудат размена на услуги.

Данокот на промет на Тахити се нарекува Taxe sur la Valeur Ajoutée (TVA или данок на додадена вредност (ДДВ.) на македонски јазик). ДДВ за 2009 година на туристички услуги е 10% а за купување стоки и производи е 16%.

Енергија и снабдување со електрична енергија уреди

Француска Полинезија увозува нафта и нема локални рафинерии или производство. Секојдневното конзумирање на увезените нафтени производи изнасува 7340 галони.[48]

 
Жена од Тахити во празнична одежда, 1906

Култура уреди

Тахитската култура вклучува усна традиција во која е вклучена митологијата на боговите, како што е Оро и верувањата, древните традиции, како што се тетоважите и пловидбата. Годишниот фестивал Хеива во јули е прослава на традиционалната култура, танц, музика и спорт вклучувајќи ја и трката помеѓу островите на Француска Полинезија, во модерни кануа (va'a).

Музеј посветен на животот и делата на францускиот сликар Пол Гоген (1848-1903) кој ги насликал познатите дела, како што се Две Тахитијки, Тахитијки на плажа и др.

Музејот на Тахити и на островите е во Пунауја. Тоа е етнографски музеј кој бил основан во 1974 година за да се зачуваат и да се вратат полинезиските артефакти и културни практики.

Роберт Ван Бисерен Музеј е единствен светски музеј посветен на бисерите. На пазарот во Папете се продаваат локални ракотворби и занаетчиски производи.

Танц уреди

 
Тахитијци носат парео, облека и практикување на "упа упа танцот

Отеа е традиционален танц од Тахити, каде играчите стојат во неколку реда и танцуваат. Овој танц честопати се меша со хавајскиот танц хула, којшто е побавен и се фокусира повеќе на рацете и на раскажување приказни со колковите.

Отеа е еден од ретките танци кои постоеле во предевропското доба како машки танц. Од друга страна, хура (народен тахитски јазик за хула), женски танц, исчезнал. Во денешно време, отеа може да се танцува од страна на мажите (отеа тане), од страна на жените (отеа вахине), или од двата пола (отеа амуи = обединети). Танцот е со музика, тапани, но нема пеење. Тапанот може да биде тоере и може да биде паху, тапан покриен со кожа од ајкула и се удира со раце или со стапови. Ритамот од тоере е брз, од паху е побавен. Се користи и помал тапан, фаатете.

Групниот танц наречен апарима често се врши со танчерки облечени во парео и маро. Постојат два вида апарима: апарима химене (пејат) и апарима вава (молчат), вториот се изведува музички и без пеење.

Понови танци се хивинау и паоа.

Спорт уреди

Тахитски национален спорт е кајакарство (ваа).

Поголемите спортски активности во Тахити вклучуваат рагби унија и фудбалоска асоцијација а на островот има и национален кошаркарски тим, кој е член на ФИБА Океанија.

Друг популарен спорт е сурфањето, со познати сурфери како што се Малик Жоје и Мишел Бурез.

Тахити, исто така, се претставил и на Светското првенство во петанк.

Образование уреди

На Тахити се наоѓа Универзитетот на Француска Полинезија (француски: Université de la Polynésie Française), со 3,200 студентите и 62 истражувачи. Многу курсеви се достапни како што се право, трговија, наука и литература.

Сообраќај уреди

Воздушен уреди

 
Тахитското крајбрежје

Меѓународниот Аеродром Фа се наоѓа на 5 км од Папете и е единствениот меѓународен аеродром во Француска Полинезија.

Меѓународните одредишта, како што се Окленд, Ханга Роа, Хонолулу, Лос Анџелес, Париз, Сантјаго де Чиле, Сиднеј и Токио се сервира од страна на Air France и другио авиокомпании.

Летови во Француска Полинезија и Нова Каледонија се достапни од Aircalin и Ер Тахити.

Фери уреди

Има ферибот од Папете и околу 45 минути се патува во Мореа. Други траекти се Аремити 5 и Аремити 7 и овие два траекта пловат до Мореа околу половина час. Исто така постојат и неколку траекти за транспорт на луѓе и стока низ островите. Брод плови до Бора Бора околу еднаш неделно. Главниот центар за овие траекти е пристаништето во Папете.

Патишта уреди

Тахити има автопат што оди низ западниот брег. Автопатот започнува во Аруе и продолжува низ Папете и урбаните области. Потоа продолжува по должината на западниот брег на Тахити Нуи преку помалите села.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Décret n° 2017-1681 du 13 décembre 2017 authentifiant les résultats du recensement de la population 2017 de Polynésie française“ (PDF). Journal officiel de la République française. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-01-03. Посетено на 2 January 2018.
  2. Населението Densité де население. Атлас démographique 2007 година. ispf.pc
  3. Scheffel, Richard L.; Wernet, Susan J., уред. (1980). Natural Wonders of the World. United States of America: Reader's Digest Association, Inc. стр. 145. ISBN 0-89577-087-3.
  4. „Mehetia Volcano, French Polynesia - John Seach“. www.volcanolive.com. Посетено на 2018-12-15.
  5. Uto, K.; Yamamoto, Y.; Sudo, M.; Uchiumi, S.; Ishizuka, O.; Kogiso, T.; Tsunakawa, H. (2007). „New K-Ar ages of the Society Islands, French Polynesia, and implications for the Society hotspot feature“. The Society of Geomagnetism and Earth, Planetary and Space Sciences. 59: 879–885.
  6. Site de Méteo France en Polynésie française.
  7. Institut de la statistique de Polynésie française Архивирано на 22 февруари 2011 г..
  8. Papeete, Француска Полинезија. Weatherbase.com. Преземено На 26 септември 2007 Година.
  9. P. V. Kirch: на Патот на Ветровите – Археолошки Историјата на Пацифик Островите Пред Европскиот Контакт; Беркли, Los Angeles, London, 2002 Година, Стр. 230-231. Има многу дебата за точниот датум на оригиналниот Polynesian миграција кон Тахити, и навистина дали тоа се случи во еден бран или повеќе. Некои експерти го стави тоа како на крајот како 500-800 BCE.
  10. Laneyrie-Dagen, стр. 148
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 Bernard Gille, Antoine Leca (2009) Histoire des institutions de l'Océanie française: Polynésie, Nouvelle-Calédonie, Wallis et Futuna, L'Harmattan, ISBN 978-2-296-09234-1
  12. 12,0 12,1 Salvat, стр. 187
  13. 13,00 13,01 13,02 13,03 13,04 13,05 13,06 13,07 13,08 13,09 13,10 13,11 13,12 13,13 13,14 13,15 13,16 13,17 Salmond, Anne (2010). Aphrodite's Island. Berkeley: University of California Press. стр. 28, 33–34. ISBN 9780520261143.
  14. Џејмс Барни (1803) Хронолошка историја на патувањата или Откритија во Јужното Море или Тихиот Океан, Vol. 5, London, p. 222
  15. Geo. Collingridge (1903). „Who Discovered Tahiti?“. Journal of the Polynesian Society. 12 (3): 184–186. Архивирано од изворникот на 2016-12-28. Посетено на 2018-12-15.
  16. José Toribio Medina, El Piloto Juan Fernandez, descubridor de las islas que llevan su nombre, y Juan Jufré, armador de la espedición que hizo en busca de otras en los Mares del Sur Santiago de Chile, 1918, reprinted by Gabriela Mistral, 1974, pp. 169
  17. Douglas Oliver (1974). Ancient Tahitian Society. University Press of Hawaii. стр. 3. ISBN 0-8248-0267-5.
  18. Laneyrie-Dagen, стр. 181
  19. 19,0 19,1
    Salvat, стр. 44-45
  20. Louis-Antoine de Bougainville" Voyage autour du monde par la frégate la Boudeuse et la flûte l'Étoile ", ch VIII Read on Wikisource
  21. Books Ngram Viewer " Taïti " contre " Tahiti " [(en)(fr) graphique Taïti, Tahiti [archive] (page consulted 12 January 2011)]
  22. Cameron-Ash, M. (2018). Lying for the Admiralty: Captain Cook's Endeavour Voyage. Rosenberg. стр. 44-53. ISBN 9780648043966.
  23. Laneyrie-Dagen, стр. 184
  24. Laneyrie-Dagen, стр. 185
  25. Robert W. Kirk (2008) Pitcairn Island, the Bounty Mutineers and Their Descendants, p. 78, ISBN 0-7864-3471-6
  26. Oswald A. Bushnell (1993). The gifts of civilization: germs and genocide in Hawaiʻi. University of Hawaii Press, p. 240, ISBN 0-8248-1457-6
  27. Jorge Ortiz Sotelo (2005). „Expediciones peruanas a Tahití, siglo XVIII“ (PDF). Derroteros de la Mar del Sur. 13: 95–103. Архивирано од изворникот (PDF) на 9 June 2007.
  28. „Get a Map database and website“. Посетено на 4 May 2013.
  29. Etienne Taillemite (1999), Marins français à la découvert du monde, Fayard, ISBN 2-213-60114-3, p. 498
  30. Чарлс Дарвин (1839 Година). "Поглавје 18 – Тахити и Нов Зеланд" во На Патувањето на Beagle. literature.org
  31. Stanton, William (1975). The Great United States Exploring Expedition. Berkeley: University of California Press. стр. 123. ISBN 0520025571.
  32. „Queen Pomare and her Family on the Verandah of Mr. Pritchard's House“. The Missionary Repository for Youth, and Sunday School Missionary Magazine. Paternoster Row, London: John Snow. IX: Frontispiece. 1847. Посетено на 6 November 2015.
  33. Colin Newbury. „Journal of the Polynesian Society: Resistance And Collaboration In French Polynesia: The Tahitian War: 1844-7, By Colin Newbury, P 5-27“. Jps.auckland.ac.nz. Архивирано од изворникот на 2018-02-01. Посетено на 24 April 2013.
  34. Закон на 30 декември 1880, Messager де Тахити, 25 март 1881
  35. Noni Член: Јадрени Тестови во Тахити Архивирано на 20 февруари 2008 г.. Sarinoni.com. Преземено На 26 јули 2013 Година.
  36. Brij Vilash Lal; Kate Fortune (2000). The Pacific Islands: An Encyclopedia. University of Hawaii Press. стр. 278–. ISBN 978-0-8248-2265-1.
  37. 38,0 38,1 Robert C. Schmitt (1962). „Urbanization in French Polynesia“. Land Economics. 38 (1): 71–75. doi:10.2307/3144728. JSTOR 3144728.
  38. Марау Taaroa и Хенри Адамс (1901) Мемоарите на Arii Taimai. Ch. Јас. Pseudopodium.org.
  39. „Population des communes de Polynésie française“. INSEE. Посетено на 13 October 2013.
  40. „Population des communes de Polynésie française au RP 2007“. INSEE. Посетено на 13 October 2013.
  41. „Population statistique des communes et communes associées aux recensements de 1971 à 2002“. ISPF. Архивирано од изворникот на 18 December 2012. Посетено на 13 October 2013.
  42. „Persée : Portail de revues en sciences humaines et sociales“. persee.fr. 9 September 2012. Архивирано од изворникот на 9 September 2012.
  43. Големата Енциклопедија за пописот 1897 година
  44. 1848 пописот. lycos.fr
  45. Recensement 2007 – Население: Chiffres clés.
  46. „Tahitian Wine“. Wine-Searcher. Посетено на 31 August 2014.
  47. „International - U.S. Energy Information Administration (EIA)“. www.eia.gov.

Користена литература уреди

За понатамошно читање уреди

Надворешни врски уреди