Класична музика е уметничка музика која води потекло од традицијата на лигурската и световната музика, а која опфаќа широк период од прилика девет века до ден денес. Главни норми во оваа традиција воспоставуваат од 1550 до 1900 година.

Класичната музика или таканаречена озбилна музика се користии во секојдневниот говор за разликување на уметноста од музиката кои ги означуваме како народни, забавни и популарни , кај кои основната целе забавата и стекнување заработка, а не уметничко издржување. Меѓутоа , во популарните жанрови постојат композиции кои постигнале врвна слава со исклучителна уметничка вредност, но не се компонирани по музичкиот канон, но поради тоа не се вбројуваат во класичната музика. Иако класичната музика се издвојува по својата уметничка вредност,не е сосема коректно да се ограничува поимот уметничка музика само на класична.

Класичната музика ја компонирале голми мајстори на европските музички простори.Со овој израз првенствено се означува музика компонирана од епохата на барокот (почеток на XVII век), па сè до компзиторите од нашето време. Освем овие, постојат и други специфични клазични жанрови, како на пример жанрот на Индија, која има изградени правци и системи, дури и сопствени композитори. Конкретно обележје на калсичната музика од поново време (XX и XXI век) имаат композиторите надвор од европа, претежно под влијание на фолклорот од своите земји.

Што опфаќа класичната музика?

уреди

Класичната музика опваќа широка лепеза на музичкото, уметничкото создавање. Во областа на класичната музика спаѓаат: Камерната музика, концертната или концертна музика ( за еден или два солистички инструменти и оркестар), симфониска музика, ораторијумска (вокално-инструментална музика), за вокални солисти, хор и оркестар , оперска музика. Под поимот на класичната музика може да се стави стара музика, музиката што ја создавале познати или анонимни композитори од европскиот среден веки ренесансата.Со развојот на музичката теорија, естетиката и историјата, периодот на постоењео на класичната музика и дела опфаќа и сè повеќе се шири помеѓу поранешните временски периоди од европската историја, што е сосема добра појава. Класичната музика конечно опфаќа многубројни уметници (композитори и изведувачи) кои со текот на времето се престорени во многу популарни низ целиот свет. Секој создавач (комозитор) т.е бил и останал претставник на спесифичниот стилски правец под чие влијение создавал. Барок, класицизам, романтизам, импресионизам, модерна авангардни стремежи, сè се тоа стилски правци кои дале многубројни уметници (композитори-изведувачи) вокални или инструментали.

Периоди на класичната музика

уреди
 
Марка на Македонска пошта по повод 250 години од смртта на Георг Фридрих Хендл и 200 години од смртта на Франц Јозеф Хајдн (ФДЦ 3б/2009, 18 март 2009)

Надворешни врски

уреди