Мадагаскар (малгашки: Repoblikan'i Madagasikara, француски: République de Madagascar) — островска република во Индискиот Океан, недалеку од Јужна Африка. Островот зафаќа површина од 587.041 км2 и е четврт остров по големина во светот. На Мадагаскар се наоѓаат 5% од растенијата и животните во светот, од кои 80% се загрозени. Главен град е Антананариво. Независна е од 1960 година. Населението се состои од најразлични племиња, како Мерина или Хова, Бетсимисарака и др. Религијата е христијанска, муслиманска, анимизам и тотемизам. Службени јазици се францускиот и малгашкиот.

Република Мадагаскар
Знаме Грб
ГеслоTanindrazana, Fahafahana, Fandrosoana  (малгашки)
Patrie, liberté, progrès  (француски)
"Татковина, Слобода, Прогрес"
ХимнаRy Tanindrazanay malala ô!
Ох, наша сакана татковино

Местоположба на Мадагаскар
Главен град
(и најголем)
Антананариво
18°55′S 47°31′E / 18.917° ЈГШ; 47.517° ИГД / -18.917; 47.517
Службен јазик малгашки, француски, англиски1
Демоним Мадагаскарци

(Мадагаскарец/Мадагаскарка)

Уредување парламентарен систем (вршителска привремена управа)
 •  Претседател Андри Раѕуелина
 •  Премиер Омер Беризики
Независност од Франција 
 •  Датум 26 јуни 1960 
Површина
 •  Вкупна 587,041 км2 (45-та)
 •  Вода (%) 0.13%
Население
 •  проценка за јули 2008 г. 20,042,551[1] (55-та)
 •  Попис 1993 12,238,914 
 •  Густина 33 жит/км2 (171-ва)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $19.722 милијарди[2] 
 •  По жител $975[2] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $9.254 милијарди[2] 
 •  По жител $457[2] 
Џиниев коеф. (2001)47.5
висок
ИЧР (2013) 0.498[3]
низок · 155та
Валута Мадагаскарски аријари (MGA)
Часовен појас EAT (UTC+3)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .mg
Повик. бр. 261
1Важат од 27 април 2007

Потекло на поимот уреди

Името „Мадагаскар“ потекнува од името Мадагејскар (Madageiscar), кој бил погрешен изговор на името Могадишу и истото било популаризирано од Марко Поло. Малгашите својата земја ја именуваат како Madagasikara, а самите себеси како Малагаси[4]. Така, името Мадагаскар не е од локално потекло, туку името било популарно во средновековна Европа[5]. Марко Поло ги замешал островот со градот. Така името било широко прифатено во Европа, па дури и на картите. Денес не е зачуван доказ за името на островот пред доаѓањето на Европејците.

Историја уреди

Пишаната историја на Мадагаскар започнала во VII век, кога Арапите воспоставиле трговски контакти со островот. Контактот со европските сили започнал во 1500-ните кога португалскиот морнар Диего Дијаз, за својот пат кон Индија го пронашол островот. Кон крајот на XVII век, французите воспоставиле трговски односи околу неговиот источен брег. Во почетокот на 1790-тите, владетелите на Мерина успеале да воспостават контрола врз поголемиот дел од островот. Во 1917 година Мерина и Велика Британија потпишале договор за укинување на трговијата со робови, која била значајна за економијата на Мадагаскар. За возврат на тоа, островот добил финансиска помош од Британија. Британците ја прифатиле француската доминација на островот во 1885 година, во замена за Занзибар, денешен дел од Танзанија. Апсолутната француска контрола врз островот била воспоставена во 1895 година, а монархијата Мерина била укинета. Во времето на Втората светска војна, во 1942 година островот бил окупиран од страна на Велика Британија, а по поразот на Нацистичка Германија и Вишиевска република, островот повторно бил вратен на Франција. По војната започнале конфликтите против француската власт. По ова, земјата тргнала кон својата неависност по мирен пат. На 14 октомври 1958 година била прогласена Малгашката република, како автономна територија во внатрешноста на француската заедница. Целосна независност островот добил во 1960 година.

Географија и клима уреди

Географија уреди

Со 587.000 км2, Мадагаскар е 46-та држава по големина во светот и четврти најголем остров. Тој е малку поголем од Франција, и е една од 11-те покраини на јужноафриканската плоча. Државата лежи најмногу помеѓу 12 и 26° ЈГШ со мала област која лежи северно од 12° ЈГШ, и 43 и 51° ИГД. Праисториската поделба на суперконтинентот Гондвана ја одделила копнената маса Мадагаскар-Антарктик-Индија од Африка-Јужна Америка копнената маса шред околу 135 милиони години. Мадагаскар подоцна се одделил од Индија пред околу 88 милиони години, дозволувајќи им на растенијата и животните на островот да еволуираат во целосна изолација.

Главниот град на Мадагаскар, Антананаривe, е сместен на висорамнини, во центарот на островот и висината му се движи од 747 до 1341 метри над морското ниво. Густо населените и популарни висорамнини се карактеризирани со долини од ориз кои лежат меѓу треви и непошумени ридови. Тука, ерозијата ја изложила црвената латеритна почва, изворот на прекарот за Мадагаскар “Црвениот остров”. По источната, ветровита страна на островот, има многу стрмен и планински предел кој паѓа нагло на Централните висорамнини па сè до Индискиот Океан. Овој источен предел е домаќин на една од последните преостанати дождовни шуми која претходно целосно го покривала островот Мадагаскар. Каналот Пангаланес е синџир од вештачки и природни езера поврзани со француски канали кој ја покрива внатрешноста на источното крајбрежје и се протега паралелно 460 километри (отприлика две третини од целата источна должина на островот). Западната и јужната страна кои лежат на сенката од дождовната шума, се протегаат по централните висорамнини и се дом на тропски суви шуми, шуми со трње, пустини и полупустински предели. Веројатно поради релативно ниската густина на населението во тој предел, островот има сува, листопадна, дождовна шума која е подобро сочувана од дождовната шума на источната страна на островот. Височината на централните висорамнини одејќи кон запад се менува постепено. Западното крајбрежје има многу заштитени пристаништа, но седиментите во каналите се голем проблем кој е предизвикан од талог од ерозија, кој подоцна е носен со реките по западните рамнини.

Највисокиот врв на островот, Марумукутру, висок 2.876 метри се наоѓа на масивот Саратанана сместен на најоддалечениот северен дел од државата. Масивот Анкаратра се наоѓа во централниот дел, јужно од главниот град Антананаривe и е домаќин на третите највисоки планини на островот, Сиафајавона со надморска височина од 2,642 метри. Понатаму на југ се наоѓа масивот Андрингитра со неколку врвови над 2,400 метри вклучувајќи ги и вториот и четвртиот највисок врв, Врвот Имариволанитра (попознат како Врв Боби) со 2,658 метри и Врвот Бори со 2,630 метри. Масивот го содржи резерватот Андрингитра и ги вклучува Врвот Соиндра со 2,620 метри и Врвот Ивангомена со 2,556 метри. Во многу ретки случаи, овој регион има искуство со снег во зима на неговите височини.

Клима уреди

Југоисточните ветрови ја доминираат климата и временските услови на Мадагаскар, правејќи топла и дождлива сезона (Ноември-Април) со чести и деструктивни циклони, и релативно поладна и посува сезона (Мај-Октомври). Генерално, климата е тропска по целото крајбрежје, умерена во внатрешноста и сува на југ но факторите како височината прават различни варијации на климата. Облаци кои носат дожд се создаваат некаде над Индискиот Океан празнат голем од нивната влага над источниот брег на островот каде просек е 3,500 мм и овие врнежи значително го поддржуваат шумскиот екосистем во овој регион. Центалните висорамнини се многу посуви и поладни, со мраз кој се прави најчесто во текот на ноќта во сушните сезони. Снегот се среќава поретко и во тие ретки случаи го има на високите нивоа на масивот Анкаратра. Западното крајбрежје е посуво, со голема аридност (сушни предели) во југозападниот и јужниот дел на островот каде полу пустинската клима преовладува. Годишните циклони предзвикуваат штети на инфраструктурата и локалната економија како и губење на животи. Најдеструктивниот циклон од 1927 г. бил циколонот Гералда (Февруари 2-4, 1994) во кој починале 70 жртви а повеќе од 500,000 луѓе биле без дом и на улиците. Целата штета била проценета на околу 45 милиони американски долари.

Политички систем уреди

Административна поделба уреди

Мадагаскар бил поделен на 6 автономни покраини (faritany mizakatena) и 22 региони (faritra), во 2004 година. Регионите станале највисоки единици кога покраините биле растурени во согласност со резултатите од референдумот во 2007 година. Регионите понатаму се поделени на 116 единици, 1.548 општини и 16.969 фукунтани. Поголемите градови имаат специјален статус како „градски општини“, кои се на исто ниво со единиците.

Стопанство уреди

Население, јазик и религија уреди

Верници во Мадагаскар
Христијани
  
85,30 %
Муслимани
  
3,00 %
Без Религија
  
6,90 %
Хиндуисти
  
0,05 %
Народна Религија
  
4,50 %
Други
  
0,10 %

Култура уреди

Музика уреди

Спорт уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „CIA - The World Factbook - Madagascar“. Архивирано од изворникот на 2011-08-17. Посетено на 2009-05-21.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Madagascar“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. Government of Madagascar. „Website of the Embassy of Madagascar, Washington D.C.“. Архивирано од изворникот на 2011-03-19. Посетено на April 30, 2006.
  5. Cousins (1895), pp. 11–12