Битола

град во Македонија
(Пренасочено од Битолчанец)

Битолаград во југозападниот дел на Македонија и седиште на истоимената Општина Битола, административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар за тој дел од земјата. Градот е познат под името град на конзулите, бидејќи тука се наоѓале конзуларните претставништва на европските земји во времето на Отоманското Царство, каде заедно со Солун бил најважно место во европскиот дел на Империјата. Во периодот 1864 — 1912, Битола бил главен град на Битолскиот вилает, еден од трите вилаети во регионот Македонија. И денес, голем дел од конзуларните претставништва во Република Македонија се наоѓаат тука. Битола е втор по големина град во Македонија според бројот на жители (2002 г.), а според Пописот од 2021, трет. На север од Битола се наоѓа главниот град на Македонија, Скопје (169 км), на североисток се наоѓа градот Прилеп (43 км), на југ се наоѓа градот Лерин (Грција) (33 км) и на северозапад се наоѓаат Ресен (29 км) и Демир Хисар (29 км). За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФРЈ. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во Народниот музеј. Битола е позната и како „градот под Пелистер“ поради неговата близина до Баба Планина.

Битола
Обител, Манастир
Колаж на битолски знаменитости
Знаме на БитолаЛого на Битола
Грб
Прекар(и): Градот на Конзулите
Гесло: Битола, бабам Битола
Карта
Битола is located in Македонија
Битола
Битола
Координати: 41°01′55″N 21°20′05″E / 41.03194° СГШ; 21.33472° ИГД / 41.03194; 21.33472
ЗемјаМакедонија Македонија
РегионПелагониски
ОпштинаБитола
Управа
 • ГрадоначалникТони Коњановски
(ВМРО-ДПМНЕ)
Површина
 • Градска422,39 км2 (16,309 ми2)
Надм. вис.&10000000000000650000000650 м
Население (2021)
 • Градско71,808
 • Густина180/км2 (500/ми2)
 • Метро105,654
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.7000
Повик. бр.(0)47
Рег. таб.BT
КлимаDfa
Светец-заштитникСвети Нектариј Битолски[1]
Мреж. местоhttp://www.bitola.gov.mk

Потекло на поимот

 
Глетка од плоштадот Магнолија со споменикот на Филип II Македонски — основачот на Битола и познатата Саат-кула во позадината

Во текот на историјата, во зависност од владетелите, градот Битола имал многу имиња. Според Адријан Рум, словенскиот назив за градот, Битола, потекнува од зборот Обител (старословенски        ), овој израз до денес се употребува и во хрватскиот јазик (obitelj) кој за време на средниот век се користел за заедница на монаси, како семејство односно манастир. Името го добил по многуте манастири што се наоѓале во градот и во околината, а некои постојат и денес. Со текот на времето, гласот О се исфрла во изговорот на зборот „Обител“, и името на градот станува Битола.[2] Грците од истите причини градот го нарекувале Монастири (грчки: Μοναστήρι). Битола е денешен официјален назив за градот, но истовремено и најстариот назив, судејќи по Битолската плоча од 1015 година на којашто градот е спомнат, како и според многуте војсководци на царот Самуил, како и патниците од тоа време. Арапскиот патник Абу Абдалах Мухамед ал-Идриси во XII век напишал: „Потребни се два дена патување на исток за да се стигне од Ахрид (Охрид) до Бутили (Битола). Бутили е необичен и убав град“.

Постојат приказни според кои на десниот кеј на реката Драгор имало 41 цркви и исто толку воденици за нивно издржување. Исто така и на левиот кеј на Драгор имало 29 цркви со исто толку воденици. За време на празничните денови во тоа време, народот од селата од Битолското Поле се собирале кај овие цркви каде ги вршеле своите верски обреди. Со оглед на тоа што земјиштето на кое се наоѓал градот Битола тогаш било прекриено со многубројни цркви, градот го добил името Манастир. Има верзија која вели дека градот Битола името Манастир го добил по една огромна црква која се наоѓала над Битола, кај сегашниот мост викан Црн Мост (турски јазик: kara köprüsü). Во оваа црква можеле да се сместат сите присутни од селското население од битолското поле кои доаѓале за време на празниците да ги вршат верските обреди.

Според записите на Марко Цепенков, градот Битола своето име го добил по големопоседникот Тољо, кој имал своја тврдина во близината на денешното битолско село Буково. Во времето кога дошле Турците да го освојат овој дел од Македонија, за да го повикаат на борба големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до би Тољо“, со што според Марко Цепенков од таму потекнува денешното име на градот Битола.

За време на отоманската власт, градот се викал Манастир, што Турците и Албанците го усвоиле од Грците. По Балканските војни од 1913 градот потпаѓа под српска окупација и повторно го добил старото име Битола.

Историја

 
Мозаик од Хераклеја Линкестис

Многу важни настани од македонската и балканската историја се случиле во Битола. Градот е граден, доградуван, рушен и повторно граден и надградуван уште од неговото прво населување во доцното бронзено доба. Потоа во хеленистичкиот период, па Римското Царство, сѐ до византиското време имал статус на град со висок степен на цивилизација.

Традиционално силниот трговски центар, е познат и како град на конзулите поради тоа што во еден период за време на Отоманското Царство, Битола имала дури дваесет конзулати од разни европски земји. Во истиот период, градот имал многу школи, меѓу другите и воена академија, којашто ја посетувал и славниот турски реформатор Кемал Ататурк. На крајот на XIX век бил толку силен град, што неговото население непрестајно растело и го надминало бројот на населението на Белград. Градот бил преполн со фабрики и фотографски дуќани, а занимливо е и тоа што покрај Сингер, во Битола уште во тоа време постоела фабрика за слатки. Во Битола се снимени првите фотографии и филмови на Балканот, благодарејќи на браќата Манаки. Првата филмска камера Јанаки ја купува од Лондон, производство на компанијата „Charles Urban Trading”, и тоа 300-тиот примерок од серијата BIOSCOPE. Така, со таа фамозна „Камера 300" започнала кинематографијата на Балканот. Тоа било златното доба на градот. За жал, за време на Балканските војни, многу битки биле водени во околината на градот и самиот град, па многу материјални докази изгореле или биле потполно уништени. Архитектурата можела да се обнови, посебно последните петнаесетина години, а докази за сѐ што се случувало се и прераскажувањата на старите кои добро се сеќаваат. Меѓутоа, денес останале многу организации и фестивали, коишто по долг период, повторно се одржуваат. Еден од нив се одржува секој година од 29 јули до 2 август во Битола, во знак на спомен на Илинденското востание, под името „Културен фестивал Илинденски денови“.

Праисторија

Градот Битола со околината е многу богат со споменици од праисторискиот период. Двата најзначајни се Велушка Тумба и Тумба Бара, коишто се наоѓаат покрај селото Породин. Од бакарното доба, тука се населува Тумба покрај селото Црнобуки, Шуплевац (покрај селото Суводол) и Висок Рид (покрај селото Букри).

Римски период

Градот се наоѓа на римскиот пат Вија Егнација (Via Ignatia), каде што е и античкиот град Хераклеја Линкестис. Во периодот на II век п.н.е. кога Македонија станува римска провинција, Хераклеја станува силен економско-политички центар (Septina Aurelia Heraclea) со свој постојан римски намесник и римска војска, што сведочи за Битола како центар на вечна моќ, цивилизација, култура и убавина којашто е тука и денес.

Османлиска власт

 
Српски извештај од 5 август 1908, за новата состојба во Битола по воспоставувањето на младотурскиот режим: благосостојба, ред, мир, славење.
 
Битола во XIX век
 
Прослава во Битола за време на Младотурската револуција во 1908 година, по повод враќањето на Уставот од страна на султанот Абдул Хамид II

Почетокот на турските завојувања на Балканот најавиле и нова ера на живеење. Турските војски во текот на 1382-1383 година по многу тешки и крвави борби и по жестокиот отпор кој го пружило месното население конечно успеале да ја освојат Битола. Според некои легенди многу жесток отпор на турските освојувачи му пружиле и монасите од седумдесетте манастири и цркви кои во тој период постоеле во Битола. Хаџи Евронос беј кој се наоѓал на чело на турската војска револтиран од жестокиот отпор на кој наишол при освојувањето на градот наредил да се урне и битолската тврдина. Ашик-паша Зеде, кој го придружувал Евронос-бег во неговиот поход, во своите извештаи забележал дека турските војски неколкупати ја напаѓале Битола, а калуѓерите, давајќи голем отпор, на крајот на самиот брег на реката Драгор, сите до еден биле масакрирани. Меѓутоа, Турците потполно го зазеле градот дури по смртта на Крали Марко во 1395 година, а при тоа заземање во Битола прв влегов Тимурташ-паша со неговата војска.[3]

Од овој период всушност започнува и „ориенталното” вообликување на градот што било резултат токму на изградбата на ваквиот тип објекти, но и на ориенталните градителски техники и стилови. Во периодот на XVI - XVII век, период на историски но и културни промени, од страна на турската администрација градот Битола започнува да биде именуван како Манастир или Толи Манастир. Сепак во целиот период на своето постоење името Битола никогаш не било заборавено, туку напротив од страна на христијанското население тоа било во секојдневна употреба.

Во средината на XVII век станал и важен културен центар на европска Турција. Таа е седиште на Битолска нахија во која имало 150 населени места. Градот бил прочуен по неговите многубројни пазари, од кои најмногу бил прочуен пазарот за памук. Познатиот патописец Евлија Челебија, Битола ја посетил во 1662 година и забележал: „градот има околу 3000 мали и големи куќи на приземје и кат, групирани во 21 маало, чаршија со 900 занаетчиски и трговски дуќани, 40 кафе-чајџилници и гостилници, монументален безистен со железни порти и со 86 дуќани. Во градот имало 70 муслимански храмови, девет медреси, неколку христијански цркви и фтуги јавни згради“. Самиот град, гледан од далеку, изгледал како да е потонат во зеленило. Во овој период Битола претставува еден од најважните верско-муслимански центри, си Висока верска правна школа, којашто егзистирала низ целиот XVII век. Во истиот век. градот прераснал во значаен административен, стопански и културен центар. Кога во 1689 година поради колерата, Скопје бил запален, повеќето важни функции од него ги презела Битола. Таа развивала трговија, главно со европските центри, Виена, Париз, Лондон итн.[4]

Најзначаен перидо од историскиот и стопанскиот развој на Битола е XIX век, кога во Битола е преместено седиштето на Румелискиот вилает, и како таков, е рангиран за прв град во европскиот дел на Турција. Според еден документ од овој период, се кажува дека во Битола имало 1.380 дуќани, од кои најголем број биле занаетчиски.[5]

Во 1805 година во Битола живееле околу 15.000 жители. Од стопанските гранки виден напредок доживеало занаетчиството. Во средината на XIX век бројот на занаетчиските дуќани достигнал над 2.000 со околу 140 видови занаети, организирани во 70 еснафски организации. Виден придонес во развојот на Битола дале и дипломатските претставништва, конзулати на повеќе странски држави. Тоа довело Битола да стане „град на конзули” но и арена на странски пропаганди.[6]

Почнувајќи од 1843 година Третата (Румелиската) армија скоро половина век ќе има седиште во Битола. Покривала територија од Босна до Грција, од Јадранско Море до Одринскиот Пашалак. Располагала со сите родови војска од тоа време и броела од 15.000 до 20.000 војници, а некогаш и повеќе.[7] За нејзини потреби биле изградени Црвената и Белата касарна, Воената гимназија и болница.

Со пуштањето на железничката линија Солун-Битола (1894), Битола го изгубила посебното значење за војската и седиштето на Третата армија било преместено во Солун.[7]

Во Битола во крајот на XIX и почетокот на XX век имало околу 3000 клавири за што градот го викале и „Градот на Клавирите“. Поради некои поранешни сфаќања клавирот симболизирал богатство, класна поделеност и во 50-тите години на XX век со процесот на национализација на многу од семејствата клавирите им биле одземени.[8]

Во учебната 1899/1900 година во Битолската машка гимназија, како учител се вработил еден од основачите на ВМРО, Даме Груев, кој бил задолжен да изведува настава по предметите географија, аритметика, геометрија и цртање.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Битола живееле 37.000 жители, од кои 10.000 Македонци, 10.500 Турци, 1.500 Албанци муслимани, 2.000 Роми, 7.000 Власи, 5.500 Евреи и околу 500 останати.[9]

Христијанските жители на градот биле разделени во повеќе конфесии. Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година христијанското население на Битола се состоело од 15.252 Македонци, од кои 8.844 егзархисти, 6.300 грчки патријаршисти, 72 српски патријаршисти и 36 протестанти, потоа 100 Грци, 7.200 Власи, 120 Албанци и 120 Роми. Во градот имало 10 основни и 3 средни бугарски училишта, 7 основни и 2 средни грчки, 2 основни и 2 средни влашки и 1 основно и 2 средни српски.[10]

Битола поради својата местоположба, на крстопатот помеѓу сите најзначајни патни правци (исток, запад, север и југ), уште од најраниот период на турското завладување го добила заслуженото значење при што станала значаен воено-стратешки центар што било само потврдено во 1830 година кога таа станува и политички центар на Румелискиот вилает. По распаѓањето на тимаро-спахискиот систем и интензивираните малтретирања од страна на чифликсајбиите дошло и до нови промени во етничката структура на населението во Битола. Во 1864 година бил формиран Битолскиот вилает со седиште во Битола. На чело на вилаетот стоел валија, со титула паша, кој бил назначуван со султанско ираде. Вилаетот зафаќал територија од околу 32.000 км2, простирајќи се на делови од денешните држави: Македонија, Албанија и Грција.

Балкански војни

 
Генерали на Антантата во посета на Битола, 1916 г.
 
Цивилни жртви од Првата светска војна во Битола, 1917 г.

За време на Првата балканска војна во околината на градот се водела Битолската битка во којашто отоманската војска била победена од страна на српските сили. Градот страдал за време на Првата светска војна заради близината на Солунскиот фронт.

Во периодот меѓу двете светски војни, Битола станала пограничен град. Ги изгубила гравитациските подрачја спрема Грција и Албанија. Сепак, во овој период градот за првпат започнал плански да се гради и тоа според урбанистички планови

Втора светска војна

 
Споменик на Стив Наумов во Битола

Битола бил прв град во Кралството Југославија што ја почувствувал Втората светска војна, затоа што бил бомбардиран од италијански авиони уште на 5 ноември 1940 година.[11]

За време на Втората светска војна, градот најпрво го окупирале Германците, а подоцна Бугарите. Во септември 1944, Бугарија капитулирала и започнала да се повлекува од Југославија и Битола била ослободена од македонските партизани. На 4 ноември 1944, Седмата македонска ударна бригада победнички влегла во Битола. На 6 февруари 1945 година, во Битола била отворена првата гимназија (првично наречена „Гоце Делчев“, во 1952 година преименувана во „Јосип Броз Тито“) на која се предавало на македонски јазик.

За време на НОБ од градот и околината од страна на бугарскиот фашистички окупатор биле затворени 606 лица, интернирани 117, депортирани 4 и 8 одведени во заробеништво. 251 лице било осудено од кои 23 на смрт. На боиштата на Југославија погинале 266 лица. 106 лица од Битола и околината биле носители на Партизанска споменица 1941 и 8 биле прогласени за народни херои.[11]

Евреите во Битола

Битола била населена со Евреи, кои избегале од Шпанија за време на црквината инквизиција на кралицата Изабела Кастиљска[12].Тие Евреи се доселиле во најголем дел на Балканот во градовите од поголемо значење и со развиена трговија, меѓу другите и во Битола. Тука го потпомогнале развојот на градот со добри трговски врски. На 11 март 1943 година, целокупното еврејско население од Битола (3.011 Евреи) било депортирано во логорот Треблинка во Полска од страна на бугарските фашисти.

Географија

Градот е сместен на североисточното подножје на планината Баба и југоисточното подножје на Облаковска Планина, во средишниот дел на Пелагониската Котлина. Низ него тече реката Драгор. Се наоѓа на 14 км северно од границата со Грција, на надморска височина од 576 m. Битола е традиционално важна трговско-патничка врска помеѓу Јадранското и Егејското Море, како и една од најзначајните патнички врски на Балканот со Средна Европа. Битола е оддалечен 168 км јужно од Скопје, 42 км југозападно од Прилеп, 32 км југоисточно од Ресен, 33 км северно од Лерин (Грција) и 28 км југоисточно од Демир Хисар. Се наоѓа на 200 километри во северозападен правец од Егејско Море.

Клима

Градот има средна годишна температура на воздухот од 11,1°С, но со големи отстапувања во одредени години: од 10,1°С во 1975 година до 13,1°С во 1952 г. Најстуден месец е јануари, со просечна месечна температура од -0,6°С, но со апсолутна минимална температура од -30,4°С. Најтопол месец е јули, со средна месечна температура од 22,2°С и со апсолутно максимална температура од 41,2°С. Апсолутното годишно варирање на температурата на воздухот изнесува 71,6°С што е специфика за континенталната клима.

Температурата има одлика на континентална клима, а врнежите на сушна изменето-средоземна или степска клима која, на моменти, има пробиви и на жешки воздушни маси од Северна Африка т.е. Сахара. Просечното годишно количество на врнежи изнесува 601 мм, со вредности кои се движат од 338 мм до 879 мм.

Битола исто така е пример со појавата на поларна светлина. Преку Битола поминува изохазмата (линија која поврзува места со еднаков број на денови со појава на поларна светлост) 0,1 што значи дека на небото на Битола просечно само еднаш во 10 години, се појавува поларната светлост.

Во Битола исто така има метеоролошка станица, сместена на излезот од градот на патот кон Новаци. Започнала со работа од 16 март 1945, иако за одредени метеоролошки елементи има систематски податоци од 1926 и 1927 година. Метеоролошката станица во градот се наоѓа на надморска височина од 586 м, блиску до просечната надморска височина на градот која изнесува 576 м.

Климатски податоци за Битола
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 3.3
(37.9)
6.5
(43.7)
11.3
(52.3)
16.5
(61.7)
21.7
(71.1)
25.9
(78.6)
28.6
(83.5)
28.5
(83.3)
24.8
(76.6)
18.3
(64.9)
11.5
(52.7)
5.3
(41.5)
16.9
(62.4)
Сред. дневна °C (°F) −0.8
(30.6)
1.9
(35.4)
6.3
(43.3)
11.1
(52)
15.7
(60.3)
19.5
(67.1)
21.7
(71.1)
21.1
(70)
17.2
(63)
11.4
(52.5)
6.2
(43.2)
1.0
(33.8)
11.0
(51.8)
Прос. ниска °C (°F) −4.5
(23.9)
−2.3
(27.9)
1.3
(34.3)
5.0
(41)
8.7
(47.7)
11.7
(53.1)
13.1
(55.6)
12.8
(55)
9.9
(49.8)
5.6
(42.1)
1.7
(35.1)
−2.6
(27.3)
5.0
(41)
Прос. врнежи мм (ин) 50.1
(1.972)
49.9
(1.965)
51.2
(2.016)
43.8
(1.724)
61.0
(2.402)
40.4
(1.591)
40.2
(1.583)
31.2
(1.228)
35.0
(1.378)
55.9
(2.201)
73.2
(2.882)
68.0
(2.677)
599.9
(23.618)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1,0 мм) 8 8 8 7 8 6 5 4 5 6 8 9 82
Прос. релативна влажност (%) 83 78 71 65 65 60 56 57 64 72 79 83 69
Сред. бр. сончеви часови месечно 81.1 106.9 155.2 199.2 250.5 291.3 334.0 312.2 241.0 176.5 111.1 75.9 2.334,9
Извор: NOAA[13]

Сообраќај

 

Битола со патишта е поврзан со останатите делови од Македонија и дополнителниот дел на Грција. Поважни патни правци се Битола-Лерин, Битола-Охрид (преку Ресен), Битола-Кичево и патниот правец Битола-Скопје.

Битола е поврзана со железницата со Лерин (јужно) и Прилеп, Велес и Скопје (северно), а од железничката станица во Битола во 2010 година отпатувале 81.000 патници.[14]

Во градот функционира и јавен автобуски градски превоз. До околните населени места има организирано редовен автобуски или железнички сообраќај.

Население

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, во градот имало 74.550 жители и спаѓал во групата на големи градови.[15] Иако Горно Оризари статистички се води како посебна населба, сепак е дел од град Битола. Заедно со приградската населба Горно Оризари (2.454 ж.), која посебно се води во официјалните пописи, Битола имала вкупно население од 77.004 жители. Според Пописот од 2021, Битола брои 71.808 жители, вклучувајќи ја и населбата Горно Оризари, која е урбанизирана и составен дел од градот.

Етнички гледано, населението (без Горно Оризари) е составено од:[16]

Етнички групи[16]
Македонци
  
88,5 %
Роми
  
3,4 %
Албанци
  
3,1 %
Турци
  
2,0 %
Власи
  
1,3 %
Срби
  
0,6 %
други
  
0,6 %
Бошњаци
  
0,02 %
Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 66.038 88,5
Албанци 2.360 3,1
Турци 1.562 2,0
Роми 2.577 3,4
Власи 997 1,3
Срби 499 0,6
Бошњаци 20 0,02
други 497 0,6
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[16]:

Јазици[16]
македонски
  
92,8 %
албански
  
3,2 %
турски
  
1,8 %
влашки
  
0,7 %
српски
  
0,5 %
ромски
  
0,3 %
други
  
0,3 %
бошњачки
  
0,01 %
Јазик Вкупно Удел (%)
македонски 69.255 92,8
албански 2.399 3,2
турски 1.392 1,8
ромски 287 0,3
влашки 548 0,7
српски 390 0,5
бошњачки 10 0,01
други 269 0,3
Вероисповед

Битола е епископски град и седиште на Преспанско-пелагониската епархија. Во Втората светска војна оваа епархија го добила името Охридско-битолска. Со обновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква во 1967, го добила сегашното име Преспанско-пелагониска епархија и ги опфаќа регионите на градовите: Битола, Ресен, Прилеп, Крушево и Демир Хисар.

Првиот митрополит на епархијата (1958 - 1979) бил блаженопочинатиот Климент. Вториот митрополит и сегашен администратор на епархијата, надлежен како архијереј од 1981 е Господин Петар. Во Преспанско-пелагониската епархија има околу 500 цркви и манастири. Во последните десетина години во епархијата се изградени или се градат околу 40 цркви и 140 црквини објекти. Епархијата има два црковни музеи - во соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола и во храмот „Св. Јован“ во Крушево, како и постојана изложба на икони и библиотеки во зградата на Битолската митрополија. Изградена е помеѓу 1901 и 1902 година и е еден од најубавите примери на необарокна архитектура. Покрај доминантната Македонска православна црква, во Битола постојат и други поголеми верски заедници како што се Исламската верска заедница, Римокатоличката црква и други.

Во Битола се застапени следните религиски групи[16]:

Религија[16]
Православие
  
89,1 %
Ислам
  
9,1 %
Католицизам
  
0,1 %
Протестантство
  
0,001 %
други
  
1,4 %
Вероисповед Вкупно Удел (%)
Православни 66.492 89,1
Муслимани 6.843 9,1
Католици 140 0,1
Протестанти 9 0,01
други 1.066 1,4

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Битола:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194830.761—    
195337.564+22.1%
196149.001+30.4%
197165.035+32.7%
198178.507+20.7%
ГодинаНас.±%
199184.002+7.0%
199477.464−7.8%
200274.550−3.8%
202169.287−7.1%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п.[17] Вкупно
1948[18] 23.734 1.327 3.543 ... 420 912 825 30.761
1953 28.912 484 6.189 3 482 834 660 37.564
1961 43.108 378 3.265 1.035 1.215 49.001
1971 57.282 1.317 3.061 28 1.143 2.204 65.035
1981 68.897 2.347 3.068 535 543 843 2.274 78.507
1991 75.308 2.232 2.058 1.274 715 731 1.684 84.002
1994 70.528 1.967 1.547 1.676 696 556 494 77.464
2002 66.038 2.360 1.562 2.577 997 499 20 497 74.550
2021 55.995 2.441 1.115 2.862 1.003 321 47 729 4.774 69.287

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Битола како град на конзулите

 
Реката Драгор во Битола

Градот на Конзулите е второто име за градот Битола. Во врвот на својата слава, Битола имала дваесет конзулати, но постепено со слабеењето на државата, со доаѓањето на династијата Караѓорѓевиќ на власт, а подоцна и комунизмот, тој број постепено опаѓал до само неколку конзулати. Со независноста на Македонија, повторно почнуваат да се отвораат конзулати и градот го добива својот некогашен сјај.

Времето на конзулите

За време на Отоманското Царство, градот имал многу конзули од сите значајни земји, па Битола се сметал за конзуларен град. На 26 јули 1903, на влезот во градот бил погубен рускиот конзул Александар Аркадјевич Ростковски, борец за правата на угнетената православната раја. На местото на погубувањето денес стои голем руски крст.

Денешни конзуларни претставништва

Моментално градот Битола има тринаесет конзуларни претставништва од кои два генерални и единаесет почесни:

Генерални конзулати

Почесни конзулати

 
Рускиот конзулат во Битола

Затворени конзулати

Попознати места

 
Традиционална архитектура во Битола

Широк Сокак

Широк Сокак (позната и како „битолското корзо“) е најфреквентната улица во Битола. Во почетокот била наменета за автомобили, но денес е исклучиво пешачка улица и вистинското срце на градот. На Широк Сокак се наоѓаат најголемите продавници, ресторани, театарот со опера, галерии и многу други кафулиња и клубови. Тука се сретнуваат најстарите архитектонски дела и градби на Балканот, коишто го красат градот уште од турско време. Типично турски куќи, покрај прекрасните вили, не се реткост во овој дел на градот. А на самиот крај на Широк Сокак се влегува во простран цветен парк полн со дрвореди, којшто води до зоолошката градина и античкото наоѓалиште Хераклеја Линкестис.

 
Битола ноќе.

Хераклеја Линкестис

Хераклеја Линкестис (латински: Heraclea Lyncestis) е древен град од римскиот период, што се наоѓа во близина на самиот град, во подножјето на Баба Планина и датира од средината на IV век п.н.е. Основан е од македонскиот крал Филип II. Градот бил развиен воено-стратешки центар на северозападната граница на тогашната македонска област Линкестида (денешно Битолско Поле).

Историски градби

Саат-кула

 
Саат-кулата
 
Битолската Магаза изградена во средината на XIX век, која претставувала магацин за складирање на стока на трговците кои доаѓале во Битола, а денес е културен центар

Не се знае точно кога е изградена саат-кулата. Пишани извори од XVI век ја спомнуваат саат кулата, но не е утврдено со сигурност дали се работи за истата градба. Многумина веруваат дека е изградена во исто време со црквата Св. Димитрија Солунски, поточно 1830 година. Според легендата, кулата е изградена кога отоманските власти во градот, односно Турците, поминале по сите околни села и собрале околу 60.000 јајца од коишто направиле малтер. Од смесата измешана со камења ја изградиле кулата чии цврсти ѕидови стојат и денес неоштетени.

Кулата има основа во облик на квадрат и е висока околу 30 метри. На врвот на кулата се наоѓаат тераси со ковани огради. Од сите страни на терасите се наоѓаат конструкции коишто држат светилки со помош на што целата кула и нејзиниот саат се видливи и ноќе. Часовникот се наоѓа на најгорното од трите нивоа. Првобитниот е заменет за време на Втората светска војна со понов и многу попрецизен и помсовремен часовник. Новиот го купиле националсоцијалистите во знак на благодарност на граѓаните за германските гробишта коишто ги подигнале за жртвите од конфликтот во Битола, заедно со англиските и француските гробишта за време на Првата светска војна.

Саат-кулата за многумина е и симбол на градот Битола. Кулата се наоѓа во паркот каде што постојано се собираат млади, уживајќи во центарот на градот, покрај гитарските звуци што се честа појава. Таа, исто така, е место каде што граѓаните за време на Бадниковата вечер го чекаат Божик и притоа палат свеќи за здравје, вдолж тревникот и тротоарот на паркот каде што е кулата.

Ајдар-кади џамијата (турски суд) е еден од најатрактивните споменици на Исламската архитектура во Битола. Градена е во периодот од 1561 до 1562 година, како проект на славниот архитект Мимар Синан. Џамијата ја нарачал битолскиот кадија Ајдар-кади по кој и џамијата го добила името. Низ времето џамијата тешко се оштетила, но денес е целосно реставрирана и го има приближно нејзиниот првобитен изглед.

Името на турски јазик означува Нова Џамија. Сместена е во центарот на градот. Има квадратна основа, со купола на врвот. Близу џамијата има минаре високо 40 метри. Денес, одаите на џамијата се употребуваат за изложби. Недамнешни археолошки ископувања откриле дека е изградена врз стара црква. Според поетот Лаели џамијата е изградена 973 година по хиџра или 1565 година. Но според пресметувањето на М. Тефик и К. Томовски, точната година е 966 хиџра или 1558-59 година, додека според најновата пресметка (Ебџед хесап) на Е. Ајверди и на М. Асимов, точната година на изградбата е 961 по хиџра или 1553-54.

Изградена е во 1506 година, од познатиот кадија Исак Челеби. Во нејзиниот голем двор има неколку гробови, привлечни заради фините облици на саркофазите. Се наоѓа напроти Саат Кулата и Безистенот. Оваа џамија има минаре високо околу 50 метри, поради кое џамијата едноставно доминира во просторот.

 
Безистен Битола

Безистен

Безистенот е спомнат во еден опис на градот од XVI и XVII век. Сегашниот безистен не се разликува многу од изгледот на тогашниот. Безистенот има 86 продавници и 4 големи железни порти. Продавниците порано продавале текстил, а денес дуќаните имаат различна стопанска дејност, од кои еден дел се канцеларии.

Бања Дебој

Дебојот претставува турска бања - амам. Не е познато кога е изградена. Тешко е оштетена, но по поправките сега го има стариот изглед две големи куполи и неколку мали и впечатлива фасада.

Панорама на Битола од Кркардаш

Археолошки наоѓалишта[24]

Образование

 
Офицерскиот дом во Битола
 
Битолската митрополија, седиште на Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија
 
Зградата на основното училиште „Климент Охридски“ во Битола. 1918-1941
 
Училиштето „Св. Богородица“ во Битола, 1898- 1912

Универзитети

Средни училишта во градот

Приватни средни училишта во Битола

Основни училишта во градот

Основни училишта во околните села

Населби

 
Црквата „Св. Димитрија“ во Битола
 
Црквата „Св. Богородица“ во Битола

Награди и признанија

  • 2011: Балканска алијанса на хотелски асоцијации (БАХА) — Балкански водач во развојот на културниот туризам[25]
  • 2012: Саем за туризам и култура Лугано, Швајцарија — Најпрестижна дестинација на Балканот за културно наследство и фестивалски програми[26]

Личности од Битола

Збратимени градови

Градот Битола е збратимен со градовите:[27]

Битола како тема во музиката

Галерија

Наводи

  1. Битола го слави својот патрон, Архивирано од изворникот на 2022-04-08, Посетено на 5 април.2021 Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. Room, Adrian (2006), Placenames of the world: origins and meanings of the names for 6,600 countries, cities, territories, natural features, and historic sites (2. изд.), Jefferson, N.C.: McFarland & Company, Inc., стр. 60, ISBN 0-7864-2248-3
  3. Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани,2004,стр. 9
  4. Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани,2004,стр. 9-10
  5. Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани,2004,стр. 10
  6. Стојмилов, А., (2005), Социоекономска географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје
  7. 7,0 7,1 Стерјовски, Александар (2020). Градби Битола. Битола: Конзулат на Република Србија во Република Македонија. стр. 28. ISBN 978-608-65122-8-6. |access-date= бара |url= (help)
  8. https://www.babambitola.mk/%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0-15/
  9. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. Софија, 1900.
  10. D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р.166-167.
  11. 11,0 11,1 Ставрев, Петар (1999). Битола. Битола: ГП „Пелистер“ Битола.
  12. „Битолските Евреи“. Ѓорги Димовски - Цолев. 2002. Text "accessda26/5/13" ignored (help); Отсутно или празно |url= (help)
  13. „Климатски нормали за Битола (1961–1990)“. NOAA. Посетено на March 22, 2015.
  14. Транспорт и други услуги, 2010 (PDF). Државен завод за статистика на Република Македонија. 2011. стр. 17. ISBN 9786082270463.
  15. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 мај 2012.
  17. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  18. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
  19. http://bitolskivesnik.mk/otvoren-pochesen-konzulat-na-bosna-i-hertsegovina-vo-bitola/
  20. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B7%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/
  21. http://libertas.mk/%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B7%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BB%D0%BE/
  22. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-11-05. Посетено на 2014-11-16.
  23. http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=35808[мртва врска]
  24. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  25. http://www.mn.mk/kultura/5129
  26. http://mkd-news.com/bitola-dobi-nagrada-za-najprestizhna-destinatsija-na-balkanot-za-kulturno-nasledstvo-i-festivalski-programi/
  27. „Збратимени градови“. www.bitolatourist.info.
  28. YouTube, Edno vreme si bev ergen - Ansambl Biljana (пристапено на 24.11.2019)
  29. Петранка Костадинова, Македонски народни песни. Mister Company, CD 027, 1999.
  30. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 125-126.
  31. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 127-128.
  32. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 128.
  33. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 129.
  34. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 130.
  35. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 130-131.
  36. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 131-132.
  37. 37,0 37,1 Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 133.
  38. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 45.
  39. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 131.
  40. YouTube, Bitola Babam Bitola (пристапено на 8.11.2019)
  41. Macedonian Folklore Classics, Anka Gieva. Macedonian Radio and Television, MP 41048.
  42. YouTube, Bitola moj roden kraj (пристапено на 8.11.2019)
  43. YouTube, Pepi Baftirovski - Bitola Ljubov Moja (пристапено на 8.11.2019)

Поврзано

Надворешни врски



  Статијата „Битола“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).