Марјан Божиновски

Марјан Божиновски (Горно Оризари, Битолско, 16 мај 1974Вејце, Тетовско, 28 април 2001) бил македонски бранител, припадник на Посебната единица на СВР Битола при МВР, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.[1]

Марјан Божиновски
16.05.1974 – 28.04.2001 (26 г.)

Роден во:Горно Оризари, Битолско, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Масакрот кај Вејце
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Главен полициски специјалец (ПЕП)
Единици: СВР Битола
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Биогафија

уреди
 
Споменикот на Марјан Божиновски пред зградата на месната заедница во селото Ивањевци

Живот, војната 2001 година и смрт

уреди

Со младешка енергија и ентузијазам чекореше низ суровоста на животот. Ја имаше силната поддршка од родителите кои копнееа да го оженат, внуци да дочекаат. Веруваа сите во подобри времиња, надминување на кризата која ја потресуваше земјата.

Марјан и другарите не беа рамнодушни. Во нив пламетеше искреноста и патриотизмот кои станаа предизвик да заминат во одбрана на светите придобивки и независноста на македонската држава. Замина за Тетово, таму каде што дебнеше паравојската на албанскиот тероризам.

На 28 април 2001 година на патот меѓу тетовските села Селце и Вејце, подмолно, ѕверски и насилно згасна животот на 26 годишниот Марјан и на војниците и полицајците во масакрот кај Вејце кои застанаа во одбрана на својата македонска земја а станаа жртви на албанските качачки терористички банди.

Во масакрот кај Вејце, иако Марјан се здобил со повеќе огнострелни рани, додека давал знаци на живот, бил запален од терористите, при што неговото тело е целосно јагленисано од изгореници од четврти степен, со одвоени долни екстремитети. Погребан е на гробиштата во Битола. Божиновски остана неженет и без деца. Марјан Божиновски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Масакрот кај Вејце“ (PDF). Македонско Сонце. 17 ноември 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-04-08. Посетено на 2015-01-11.
  2. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2017-11-05.