Баир (Битола)
Населбата Баир претставува една од најголемите населби во Битола. Се простира од ул. „Девејани“ и Црн Мост на запад, ул. „Илинденска“ на југ, сè до почеток на населбата Ушици, во дел од ОУ „Тодор Ангелевски“ на исток. Во оваа населба се вклучени над 30 улици, тука има и две основни училишта: ОУ „Ѓорги Сугарев“ и ЦОУ „Тодор Ангелевски“. Се проценува дека бројот на населението изнесува 5.500 од кои најбројни се Македонците и Ромите (кои живеат претежно на улиците „Козјак“ и „Караорман“). Исто така, тука се наоѓа стариот патен правец кој ја поврзува Битола со Прилеп на север и Ресен и Охрид на запад, легендарниот крај Кркардаш со манастирите Св 40 маченици и Св Архангел Михаил, едно од најстарите дрвја во Битола, „Чинарот“[1], како и старите турски бањи.
Улици во населба Баир:
|
|
|
|
Галерија
уреди-
Поглед од север на дел од населбата Баир
-
Поглед од исток на дел од населбата Баир
-
Поглед од северозапад на дел од населбата Баир
-
Поглед од север на дел од населбата Баир
-
Улица „Струшка“ и околните куќи во населбата Баир
-
Улица „Ваташа“ и околните куќи во населбата Баир
Наводи
уреди- ↑ Жанета Здравковска (2011-05-08). „ЏИНОВСКО ДРВО СО ПЕТ И ПОЛВЕКОВНА ИСТОРИЈА: Чинарот го посадила затвореничка“. Дневник. Посетено на 2013-01-14.[мртва врска]