Битола, мој роден крај
македонска народна песна
Битола, мој роден крај — македонска народна песна, текст и музика од Ајри Демировски. Песната била напишана во 1944 година во Загреб, а првпат била изведена во 1950 година на прослава во Битола.[2]
Историја
уредиДемировски ја напишал песната во 1944 година во Загреб каде го изучувал графичкиот занает и имал носталгија за Битола. Својата прва изведба песната ја доживеала на прослава пред Народниот театар во Битола каде ја испеал Ајри во придружба на оркестарот на Радио Битола.[2]
Текст
уреди- Битола, мој роден крај,
- Во тебе сум роден,
- За мене си рај.
- Битола, мој роден крај,
- Јас те сакам од срце, знај.
- Битола, мој роден крај,
- Јас те сакам, за тебе пеам.
- Многу градови, села пројдов,
- Како тебе Битола, нигде не најдов.
- Битола, мој роден крај,
- Јас те сакам од срце, знај.
- Битола, мој роден крај,
- Јас те сакам, за тебе пеам.
- Еј, роден крај, кој би можел,
- Збогум да ти рече, да не заплаче.
- Битола, мој роден крај,
- Јас те сакам од срце, знај.
- Битола, мој роден крај,
- Јас те сакам, за тебе пеам.
Наводи
уреди- ↑ „Битола, мој роден крај“. pesna.org. 2 ноември 2009. Архивирано од изворникот на 2018-07-23. Посетено на 4 февруари 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „Како се роди песната „Битола, мој роден крај"“. Bitola info. 2008. Посетено на 4 февруари 2021.
Надворешни врски
уреди- Текст и музика на pesna.org Архивирано на 23 јули 2018 г.