ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Бистрица
Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Бистрица; скратено: ООУ „Крсте Петков Мисирков“) — централно основно училиште во битолското село Бистрица.[1]
Крсте Петков Мисирков | |
---|---|
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Битола |
Наречено по: | Крсте Петков Мисирков |
Нас. место: | Бистрица |
Адреса: | с. Бистрица |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1960 |
Број на ученици: | 398 (2022/23) |
Настава на: | македонски и албански |
Контактни информации | |
Е-пошта | ou.krstemisirkov@yahoo.com |
Телефон | 047/511-536 |
Факс | 047/511-536 |
Училиштето е именувано по македонскиот филолог Крсте Петков Мисирков.
Историја
уредиВо учебната 1960/61 година се отвора осумгодишно основно училиште, кое го носи името „Крсте Петков Мисирков“.
Во училиштето учат околу 270 деца, од кои најголем дел доаѓаат од соседните села со организиран автобуски превоз. Во склоп на училиштето има и училишна библиотека со книжен фонд од преку 6.000 книги. Исто така има терени за кошарка, одбојка и ракомет, но тие се во дворот на училиштето, недостига сала за физичка култура.
Новата училишна зграда била изградена во 2000 година.
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Барешани, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Велушина, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик;
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Граешница, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик;
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Егри, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Жабени, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик;
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Канино, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Кишава, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик;
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Кравари, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Кременица, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Лажец, подрачно петгодишно училиште на албански и македонски наставен јазик;
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Меџитлија, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик;
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Олевени, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Оптичари, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Острец, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик; и
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Породин, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
уреди-
Споменик пред влезот
-
Детско игралиште
-
Спортско игралиште
-
Влезот
-
Помошен објект
Наводи
уреди- ↑ „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)