Крањ
Крањ (словенечки: Kranj, германски: Krainburg[3]) ― гратче во Словенија и седиште на истоимената општина. Согласно 2020 година, местото има население од 37,941 жители. Крањ се наоѓа на околу 20 километри северозападно од Љубљана. Градот се наоѓа во традиционалниот регион Горењска (северозападна Словенија) и е воглавно индустриски град, со значајни индустрии за електроника и гума.
Крањ Kranj | |
---|---|
Гратче | |
Местоположба на Крањ во Словенија. | |
Координати: 46°14′N 14°22′E / 46.233° СГШ; 14.367° ИГД | |
Држава | Словенија |
Традиционален регион | Горењска |
Статистички регион | Горењска |
Општина | Крањ |
Површина[1] | |
• Вкупна | 26,3 км2 (102 ми2) |
Надм. вис.[2] | 386 м |
Население (2020)[1] | |
• Вкупно | 37.941 |
• Густина | 140/км2 (370/ми2) |
Час. појас | СЕВ (UTC+01) |
• Лето (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+02) |
Повик. бр. | 04 |
Рег. таб. | KR |
Географија
уредиЈадрото на гратчето е добро сочуван средновековен стар град, изграден на сливот на реките Кокра и Сава. Градот е опслужуван со железничката станица Крањ на рутата од Љубљана до Минхен, Германија (преку Јесенице и Филах, Австрија) како и со автопат. Националниот аеродром на Словенија, Аеродромот Јоже Пучник Љубљана е исто така многу блиску до Крањ, значително повеќе од неговиот номинален корисник, Љубљана.
Во Крањ, Кокра длабоко сече низ конгломератот, образувајќи кањон длабок 40 м. Косореп, на северната периферија на Крањ, е живописно место покрај реката. До делови од кањонот може да се стигне со пешачка патека. Под Крањ, кај Друловка, Сава образува длабок кањон 40 м со конгломерат од двете страни. Поради браната за ХЕ „Мавчиче“, протокот на реката таму е многу бавен.
Етимологија
уредиКрањ е посведочен во пишани извори во V век и ок. 670 година како Карниум (латински: Carnium) (и како виа Храјнариорум (via Chreinariorum) во 973 година, актум Крaјне (actum Kreine) во 1050–65, ин локо Хрaјна (in loco Chreina) во 1065–77 и Храјнбурх (Chrainburch) во 1291 година). Словенечкото име е изведено од словенскиот *Корн'ь, позајмен од романскиот Карниум (Carnium) во доцната антика. Како и латинското регионално име Карнија (Carnia), потекнува од северноиталското (келтско) племе познато како Карни (Carnī, грчки: Κάρνοι). Името на племето веројатно потекнува од келтскиот корен карно (*karno-) „врв, рид, куп камења“.[4] Германското име на градот било Крајнбург (Krainburg).[5] Името на историскиот регион Крањска (Carniola) е латински деминутивен облик на Карнија (Carnia).[4]
Економија
уредиКрањ е индустриски град. Тој доживеал бран на деиндустријализација при што многу од нејзините фабрики отишле во стечај по независноста во 1991 година, оставајќи зад себе неколку запустени површини.[6]
Во последниве години, неговиот производствен оддел станал повеќе заснован на високо-конкурентни извозно насочени индустрии. Главните индустриски претпријатија кои работат во Крањ се Goodyear (под нивната подружница Goodyear Dunlop Sava), Iskratel и Hidria.[7]
Знаменитости
уредиПарохиска црква „Св. Канцијан“
уредиПарохиската црква во чест на Св. Канцијан и придружници (Župnijska cerkev sv. Kancijana in tovarišev) е најголемата црква во Крањ и исто така седиште на Крањската парохија и ѓаконите.[8] Изградена е во 14 век и има димензии од 442 м3. Изградбата била нарачана од крањските грофови.
Замок Кизелштајн
уредиЗамокот бил изграден во средината на 16 век од баронот Јохан Јакоб Кизл. Подоцнежните сопственици биле семејствата на Москонците, Равбарците, Апфалтрерците, Ауерсперговците и Паљаруците. Градбата била обновена во 1952 година од страна на архитектот Јоже Плечник во неговиот доцен творечки период. Градината на замокот моментално е користена како концертна поставка.
Култура
уредиГратчето е познат по своите спортски зданија за фудбал, тенис и кошарка, како и најголемиот воден центар во земјата, кој бил домаќин на Европското првенство во ватерполо за мажи 2003 (заедно со Љубљана, домаќин женскато натпреварување). Годишниот фестивал „Недела на младите“ (Tedeh Mladih) и Фестивалот „Карниола“ се многу популарни.
Gallery
уреди-
Сава, хидроелектрана „Сава“ на десно
-
Савска улица (Savska cesta)
-
Главен плоштад (Glavni trg)
-
Општинската зграда
-
Поглед кон Крањ од Шмарјетна Гора (Šmarjetna gora)
-
СУ „Крањ“ и Словенечки плоштад (Slovenski trg)
-
Градба на кошот на Главниот плоштад (Glavni trg), Прешернова улица (Prešernova ulica) десно, Јенкова улица (Jenkova ulica) лево
-
Црква „Св. Рок“
-
Цанкарјева улица
-
Камничко-Савињските Алпи гледани од Крањ
-
Панорамски поглед на Крањ
-
Реката Кокра во Крањ
-
Скијачко скокачкиот рид Баухенк
-
ЖС „Крањ“
-
Панорамски поглед на Крањ и Камничко-Савињските Алпи од Шмарјетна Гора
-
Малиот трговски центар „Стара пошта“
-
Пунгерт - стара одбранбена кула со црквата „Св. Рок“
Збратимени градови
уредиЗначајни личности од Крањ
уреди- Леополд Лајер (1752-1828), сликар
- Фридрик Иренеј Барага (1797-1868), мисионер
- Франце Прешерн (1800-1849), поет
- Јанез Блајвис (1808-1881), политичар
- Јанез Пухар (1814-1864), пронаоѓач
- Симон Јенко (1835-1869), поет
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Kranj, Kranj“. Place Names. Статистички завод на Република Словенија. Посетено на 30 јануари 2023.
- ↑ „Nadmorska višina naselij, kjer so sedeži občin“ [Height above sea level of seats of municipalities] (словенечки и англиски). Статистички завод на Република Словенија. 2002. Архивирано од изворникот на 24 мај 2013.
- ↑ Leksikon občin kraljestev in dežel zastopanih v državnem zboru, vol. 6: Kranjsko. Vienna: C. Kr. Dvorna in Državna Tiskarna. 1906. стр. 52.
- ↑ 4,0 4,1 Snoj, Marko (2009). Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Љубљана: Modrijan. стр. 210.
- ↑ Klin, Wilhelm. 1967. Die postalischen Abstempelungen auf den österreichischen Postwertzeichen-Ausgaben 1867, 1883 und 1890.
- ↑ Cotic, Bostjan (23 февруари 2019). „Industrial Symbiosis in Brownfields in Kranj, Slovenia“. IOP Conference Series: Materials Science and Engineering (англиски). 471 (11): 112073. Bibcode:2019MS&E..471k2073C. doi:10.1088/1757-899x/471/11/112073. ISSN 1757-899X.
- ↑ „Top Companies in Kranj (Slovenia)“. Glassdoor (англиски). Посетено на 30 јануари 2023.
- ↑ Крањска парохија (на Slovene)
- ↑ „Mednarodno sodelovanje“. kranj.si (словенечки). Mestna občina Kranj. Посетено на 30 јануари 2023.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиВикипатување има туристички водич за Крањ. |
„Крањ“ на Ризницата ? |