ОУ „Стив Наумов“ - Битола
„Стив Наумов“ — основно училиште во Битола, Општина Битола.
Стив Наумов | |
---|---|
Место | |
Општина: | Битола |
Нас. место: | Битола |
Основни информации | |
Контактни информации |
ЗградаУреди
Стив Наумов | |
---|---|
Поранешни називи | Вук Караџиќ Митрополит Григориј |
Општи податоци | |
Статус | во функција |
Тип | двокатна зграда |
Град | Битола, Општина Битола |
Земја | Македонија |
Координати | 41°1′38.73″N 21°19′29.51″E / 41.0274250° СГШ; 21.3248639° ИГД |
Сегашни станари | ОУ „Стив Наумов“ |
Почната | 1934 |
Завршена | 1934 |
Трошок за изградба | 307.049,90 дин.[1] |
Нарачател | Општински одбор |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Јан Дубови[1] |
Статичар | д-р Мирослав Касаљ[1] |
Главен изведувач | Димитрија Дарковиќ[1] |
Во рамките на осовременување и подобрување на условите на наставата српските власти ја подигнале и зградата на ова училиште. Истото требало да ги опфати основците од Кајгас, Арнаут Маало, Синанбели Маало и другите поблиски населби. Првично зградата требало да биде изградена подолу од сегашната локација, но заради несоодветност истата е поместена. Планот го изработил градскиот архитект, Чехот Јан Дубови, а изградбата на лицитација (21 август 1934) за 307.049,90 динари ја добил Димитрија Дарковиќ кој соработувал и со други градежници. Договорот го обврзувало објектот да го предаде за 150 дена, што било испочитувано.
Кон крајот на годината објектот со име „Вук Караџиќ“ бил предаден во употребен со вообичаено осветување, говори, музика и веселба. Во училиштето на почетокот имало 4 паралелки од прво до четврто одделение со по 40 ученици. За време на Втората светска војна Бугарите го смениле името во „Митрополит Григориј“.
Учество на натпревариУреди
Основното училиште „Стив Наумов“ во Битола има освоено многу меѓународни и домашни награди за конкурси по македонски јазик и литература, математика, англиски јазик, историја, ликовно образование и други. Ова училиште е едно од 10-те надобри основни училишта во Република Македонија.
Освоени наградиУреди
Познати личности кои учеле во ова училиштеУреди
Народниот херој Стив Наумов учел во ова училиште. Училиштето имало друго име во тоа време, но подоцна го добива името на народниот херој Стив Наумов.
Познати личности кои предавале во ова училиштеУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Стерјовски, Александар (2020). Градби Битола. Битола: Конзулат на Република Србија во Република Македонија. стр. 381–383. ISBN 978-608-65122-8-6.
|access-date=
бара|url=
(help)
Надворешни врскиУреди
- Официјално мрежно место Архивирано на 20 март 2011 г.
- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука
Оваа статија за поврзана со Битола е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |