Ѓорѓи Тодоровски
Ѓорѓи Тодоровски - Трупче (Битола, 1956) — македонски театарски, телевизиски и филмски глумец.
Ѓорѓи Тодоровски - Трупче | |
---|---|
Ѓорѓи Тодоровски | |
Роден(а) | 1956 (воз. 67–68 г.) Битола, НР Македонија, ФНРЈ |
Занимање | глумец |
Активен | 1979 – |
Сопружник | Росана Сариќ[1] |
Филмографија
уредиГодина | Филм | Улога |
1979 | Наши години ТВ-серија | Ико |
1980 | Време, води ТВ-филм | Скуле |
1980 | Двојка ТВ-филм | Берберот |
1980 | Учителот ТВ-филм | |
1981 | Војници ТВ-филм | Трајче |
1982 | Слана во цутот на бадемите ТВ-филм | |
1982 | Време на летала ТВ-филм | |
1982 | Едно лето ТВ-серија | |
1982 | Гласот ТВ-филм | Лоранц |
1984 | Другарувања ТВ-серија | Витко |
1984 | Јуначко колено ТВ-серија | |
1985 | Тетовирани души ТВ-филм | |
1987 | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | |
1987-1990 | Чук, чук Стојанче ТВ-серија | |
1988 | Викенд на мртовци ТВ-филм | Свадбар |
1988-1989 | Еурека ТВ-серија | Келнерот Коља |
1989 | Мугра ТВ-филм | |
1989-1993 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1991 | Тврдокорни ТВ-серија | |
1991 | Тетовирање ТВ-филм | Полицаец |
1991 | Во кафулето кај Гане ТВ-филм | Војник |
1992 | Сили во воздухот ТВ-филм | Лале |
1992 | Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија | |
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | Ацо |
2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | |
2003 | Последниот фалцер ТВ-филм | Циганот |
2006 | Патување со Рабробил ТВ-филм | |
2006 | Мост ТВ-филм | |
2010 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2011 | Трето па машко ТВ-серија | Анастас |
2013-2014 | Тврдокорни ТВ-серија | |
2013 | Старо купувам ТВ-филм | Аурелие |
2015 | Незрели цреши ТВ-филм | |
2015 | Последниот Македонец ТВ-филм | Тодор Паница |
2016 | Џган ТВ-филм | Социјален работник |
2019 | Дедо и внук ТВ-филм | Доктор |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија | Доктор |
2024-2025 | Македонски стари приказни ТВ-серија |
Животопис
уредиТодоровски е роден во 1956 година во Битола. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје 1979 г. во класата на професорот Љубиша Георгиевски. Во 1981 г. се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Работел со многу познати тетарски режисери, а своите почетоци ги врзува со Слободан Унковски во претставите „Ослободување на Скопје“ и „Хамлет“. Со својот професор, режисерот Љубиша Георгиевски работел во претставите „Црнила“, „Еригон“, „ЈУ-антитеза“ и други. Улоги кои се паметат се и оние во претставите „Рибарски караници“, „Викенд за мртовци“, „Самоубиец“, „Зојкин стан“, „Дон Жуан“, „Ладало“, „Прости дарови“, „Жени во народното собрание“, „Дедо Мраз и Феферона“, „Хамлет од Долно Гаштани“, „Мачка на вжештениот лимен покрив“, „Македонски рулет“, „Лет во место“, „Крал Иби“, „Авантурите на Пинг и Луси“, „Салома“, „Ју антитеза“, „Свадба“, „Ноќ спроти Водици“, „Смртта на Дантон“, „Сказна за времето“, „Сили во воздухот“, и други.
Забележливи му се и улогите во многу детски претстави. Учествувал скоро на сите позначајни театарски фестивали, а зел учество и на гостувањата во Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Италија и други места. Во исто време учествувал во многу ТВ-проекти како ТВ-драми и ТВ-филмови, играни серии и детски ТВ-серии. Својот талент го покажал и во над 50 радио-драми како и во 4 играни филмови: „Време води“ на Бранко Гапо, „Хај фај“ - В.Блажевски, „Војници“ - Стјепан Заниновиќ и играниот италијански филм за Мајка Тереза „Глас“, каде што ја оствари улогата на Лоренцо, на познатиот италијански режисер Брунело Ронди.
Голема популарност стекнал и во ТВ-емисиите за кулинарството каде со својот шарм и вештина стана пионер и бренд за ваквиот тип на емисии. Трипати бил избран за најпопуларно ТВ-лице, а двапати за најпопуларна личност во Македонија од весникот Вечер. Во своите улоги Ѓорги Тодоровски се претставува како творец со култивиран талент, со потресни акценти и изразена глума. Во 2022 година се пензионира во Драмски театар - Скопје.
Наводи
уреди- ↑ „Кои се најстабилни бракови на домашната естрада?“. Backstage. 27 март 2009. Архивирано од изворникот на 2011-07-03. Посетено на 24 октомври 2011.