Кајзерслаутерн
Кајзерслаутерн (германски: Kaiserslautern) — град во југозападна Германија, во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц. Историскиот дел на градот потекнува од 9 век. Се наоѓа 459 километри од Париз, 117 километри од Франкфурт на Мајна и 159 километри од Луксембург.
Кајзерслаутерн | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Рајнска област-Пфалц |
Округ | Урбан округ |
Градски единици | 18 окрузи со 22 предградија |
Градоначалник | Клаус Вајхел (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 139,72 км2 |
Надм. височина | 245 м |
Население | 101.228 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 725 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | KL |
Пошт. бр. | 67655–67663 |
Повик. бр. | 0631 / 06301 |
Портал | www.kaiserslautern.eu |
Местоположба на Кајзерслаутерн во Рајнската област-Пфалц | |
Координати | 49°26′41″N 7°46′8″E / 49.44472° СГШ; 7.76889° ИГД |
Градот има население од околу 100.000 жители, додека околу 50.000 воен персонал на НАТО живее во самиот град и во околниот истоимен округ и годишно придонесува со околу 1 милијарда американски долари во локалната економија. Поголемиот дел од нив се Американци, со што ова претставува најголема американска населба надвор од територијата на САД, а самите војници често градот го нарекуваат „К-Таун“ (K-Town).[2]
Наводи
уреди- ↑ „Општини во Германија по население на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Сојузна статистичка служба на Германија. 2023. (германски)
- ↑ „IMCOM Region Europe — Fact Sheets“. U.S. Army Installation Management Command - Europe Region. Архивирано од изворникот 2008-03-28. Посетено на 2013-02-19.
Надворешни врски
уреди„Кајзерслаутерн“ на Ризницата ? |
- Официјална страница Архивирано на 14 декември 2006 г.
- Историја на Кајзерслаутерн Архивирано на 22 јули 2011 г.
- Страница за културните настани во градот