ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Битола
Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ - Битола; скратено: ООУ „Св. Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.[3]
Св. Кирил и Методиј
| |
---|---|
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Битола |
Наречено по: | Свети Кирил и Методиј |
Нас. место: | Битола |
Адреса: | бул. „1 Мај” бр. 274, Битола |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1944 |
Директор: | Лили Бошевска |
Број на ученици: | 458 (2018/19)[1] |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | kirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/ |
Е-пошта | sv.kim.bitola@gmail |
Телефон | 047/237-222 |
Факс | 047/237-222 |
Св. Кирил и Методиј | |
---|---|
Општи податоци | |
Статус | во функција |
Вид | двокатна зграда |
Град | Битола, Општина Битола |
Земја | Македонија |
Координати | 41°1′50.35″N 21°20′11.73″E / 41.0306528° СГШ; 21.3365917° ИГД |
Сегашни станари | ОУ „Св. Кирил и Методиј“ |
Почната | 1896 |
Завршена | 1897 |
Трошок за изградба | 1.750 турски лири.[2] |
Нарачател | Егзархиска општина |
Училиштето е именувано по словенските просветители и светци Свети Кирил и Методиј.
Местоположба
уредиОсновното училиште „Св. Кирил и Методиј“ - Битола е сместено во центарот на градот Битола, а во негов состав работи и подрачното училиште во селото Логоварди.
Историја
уредиОбјектот во кој е сместено основното училиште е изградено за време на турското ропство за потребите на занаетчиите еснафи. Изградено е со доброволна работа на македонското население и парични средства на 36 еснафи од Битола.
На 21 јули 1896 година, на местото на „Женското четирикласно училиште“ кое било во непосредна близина на црквата „Св. Богородица“, се положиле темелите на училиштето. Истото требало да биде долго 29,40 м, широко 18,60 и високо 11,70 метри и да има 16 светли и функционални училници. Осветувањето на објектот се случило на 7 септември 1897 година кое го извршил отец Герасим. Објектот чинел 1.750 турски лири.[2]
Еден од учителите во тоа време бил истакнатиот деец и револуционер Даме Груев, а во годините 1900/01 како учител овде работел и творел познатиот македонски револуционер Ѓорѓи Сугарев. Во втората половина на месец ноември 1944 година во училиштето започнал курс за обука на македонски учители и на 4 февруари 1944 година започнала наставата на македонски јазик.
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:
- ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Логоварди, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Самоевалуација 2018-19“ (PDF). Државен испитен центар.
- ↑ 2,0 2,1 Стерјовски, Александар (2020). Градби Битола. Битола: Конзулат на Република Србија во Република Македонија. стр. 374–376. ISBN 978-608-65122-8-6.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-11-23.
Надворешни врски
уреди- ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Битола на Ризницата ?