Бела касарна или Артилериска касарнакасарна наменета за артилериски единици на Османлиската војска во Битола. Одобрение за изградба на касарната од Портата било добиено на 21 јули 1843 година, а покрај државното земјиште откупувањето на ниви и ливади или нивна замена со вакафска сопственост завршила во 1844 година. Касарната имала капацитет од 8.000 војници и 1585 коњи.

Бела касарна
Фотографија на Белата касарна, 3 декември 1916
Општи податоци
Статусуништена
Видкасарна
ГрадБитола
ЗемјаМакедонија
Почната1844
Уништена1917
Трошок за изградба925.000 гроша
НарачателОтоманска армија
СопственикОтоманско Царство
Висина
Последен кат2
Димензии
Пречник180 х 180 м
Отомански артилерци пред Белата касарна во 1863 година
Построена турска војска пред Белата касарна, браќа Манаки, 1898-1912

Белата касарна, како и Црвената, продолжила да биде експлоатирана и од српската војска веднаш по 1912 година.

Во ноември 1916 година избил пожар во касарните, а од 2 јануари 1917 почнало гранатирање од германско-бугарските позиции кое траело до крајот на Првата светска војна и нивно целосно уништување.[1]

Местоположба

уреди

Белата касарна се наоѓала во месноста Миризливи Ливади или Паша Капуси.

Местоположбата ги задоволувала барањата да биде блиску до градот, на јужна страна и комуникациски поврзана – била во непосредна близина на патот за Солун.[1]

Опис

уреди

Градежен план

уреди

Градежниот план бил истиот како и за Црвената касарна со тоа што главниот влез бил поедноставен и бил изменет делот за коњите.[1]

Изглед

уреди

Како и Црвената касарна, Белата касарна имала квадратен облик со димензии 180 х 180 метри, со огромно пацио во кој се влегувало од осум влеза. Главниот влез гледал на исток. Била изградена на приземје и кат.

На четирите агли биле изградени кули кои се издигале кои за разлика од Црвената касарна биле на исто ниво со останатите делови. Се претпоставува дека истите служеле како кујни, трпезарии, клубови и како дневни престојувалишта за војниците.

Едно бочно крило од касарната служело како коњушница.

Околината била облагородена со липи и цреши и станала примамлива за чести прошетки на граѓаните.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Стерјовски, Александар (2020). Градби - Битола. Битола: Конзулат на Република Србија во Република Македонија. стр. 36–40. ISBN 978-608-65122-8-6. |access-date= бара |url= (help)