Илко Стефановски


Илко Стефановски (Битола, 4 ноември 1952 - Битола, 6 декември 2011) — македонски театарски и филмски глумец, првенец на Битолскиот народен театар.[1]

Илко Стефановски
Роден 4 ноември 1952
Битола, СФРЈ СФР Југославија
Починал 6 декември 2011
Битола, Македонија Македонија
Занимање театарски и филмски глумец
Татко Ацо Стефановски

ЖивотописУреди

Стефановски е роден во Битола во 1952 година. Во родниот град го завршил основното и средното образование. Факултетот за драмски уметности, отсек глумеци во класата на проф. Илија Џувалековски го завршил во 1976 година во Скопје. По дипломирањето се вратил во Битола каде ја започнал својата глумечка кариера. Уште од почетокот на кариерата се вброил меѓу најзабележителните глумечки појави не само во својот матичен колектив, туку и во поширокиот театарски простор. Неговите маестрално остварени ролји во претставите: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “, „Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајќи го Годо“, „Пеш“, „Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, му донеле безброј награди, скоро на сите фестивали каде што гостувал Народниот театар од Битола. Како глумец блеснал со своите настапи во радио и телевизиски драми, драмски серии, уметнички програми и сл. Во 2003 година, Стефановски ја вршел и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномираната летна уметничка манифестација во Македонија - „Охридско лето“, учествувајќи и во проекти надвор од неговата матична сцена. Починал ненадејно на 6 декември 2011 година во Битола.[2]

Награди и признанијаУреди

Добитник е на престижната републичка награда „11 Oктомври“ (2006 г.)[3].

Филмски остварувањаУреди

НаводиУреди

  1. Културен живот. Културно-просветна заедница на Македонија. 2004. Отсутно или празно |title= (help)
  2. „ Почина глумецот Илко Стефановски, на јавноста познат како бате Боле“. Daily.mk. 6 декември 2011. Посетено на 2011-12-06.
  3. „Соопштени добитниците на наградата „11 октомври". Утрински Весник. 2006. Посетено на 2011-12-06.

Надворешни врскиУреди