Марко Цепенков

македонски фолклорист

Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829Софија, 29 декември 1920) — истакнат собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја и за правото и за моралот на Македонците [белешка 1]. Тој е автор на неколку публикации напишани на македонски јазик. Македонскиот институт за фолклор го носи неговото име.

Марко Цепенков
Роден 7 ноември 1829
Прилеп, Османлиска империја
Починал 29 декември 1920(1920-12-29) (возр. 91)
Софија, Бугарија
Познат собирач на народни умотворби
Потпис

Животопис

 
Прилеп во 1863 година

Роден е во Прилеп во сиромашно семејство, кое води потекло од прилепското село Ореовец. Заради тешката материјална состојба, основно образование учел само една година, а потоа продолжил да го учи терзискиот занает. Во периодот 1856-1857 почнал да собира народни умотворби, поттикнат од, како што самиот вели, Димитар Миладинов.

Во 1888 год., Марко се преселил во Софија.[1] Наредната година, Министерството за народна просвета почнува да го издава Зборникот за народни умотворенија, наука и книжнина, во кој Цепенков често ги објавувал народните творби запишани од него.[1] Работел седум месеци во Народното собрание на Бугарија по статистиката на народното население, подоцна работи и во финансискиот оддел, по што е администартор во печатницата на браќата поп Спиркови.[2] Тој дал голем придонес на македонскиот народ.[3]. Покрај тоа, придонесот на Цепенков во македонската книжевност е голема важност, како и за развојот на македонската фолклористика, етнографија и култура.

 
Марко Цепенков.

Изнемоштен, напуштен, заборавен, во крајна беда, Марко Цепенков умрел на 29 декември 1920 година во Софија, каде што е и погребан.

Целокупната оставина на Марко Цепенков се чува во Архивскиот институт на Бугарската академија на науките во Софија.[4] Во современа Македонија, делата на Марко Цепенков за првпат биле реиздадени во 1954 година од Блаже Конески во „Сказни и сторенија“.[3] Во 1957 творештвото на Цепенков биле прекажано во вид на филм од Кирил Пенушлиски, кој една година подоцна започнало со неговото издавање.[4] Во 1972 година било објавено целокупното дело на Цепенков на македонски јазик.[5]

Собирачката дејност

 
Споменик на Марко Цепенков во центарот на Прилеп

Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков има временски најдолга запишувачка практика - повеќе од 40 години собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од другите најистакнати собирачи на македонските народни умотворби - браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Стефан Верковиќ, кои во својот фонд собрани фолклорни материјали имаат и такви што ги добиле од други запишувачи, Марко Цепенков лично самиот ги запишал своите фолклорни и етнолошки материјали. И по вкупниот фонд на собраните народни умотворби, како и по жанровската разновидност на собраните фолклорни материјали, Марко Цепенков е најзначајниот собирач на македонските народни умотворби [белешка 2][6].

Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела можат да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.). Во финалната песна од својата автобиографија, Цепенков вели дека ги напишал, за да остави вечен спомен на својот мил „бугарски“ народ.

Своите запишани фолклорни и етнолошки материјали Марко Цепенков ги собрал претежно од Прилеп и неговата околина, но и од Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско. Соодветно на обемниот фонд собрани народни умотворби, голем е и бројот на интерпретаторите од кои Цепенков ги слушал и запишувал своите фолклорни материјали.

Автор е на драмското дело „Црне Војвода“, а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп.

Семејството на Марко Цепенков

 
 
 
 
 
 
 
Марко Цепенков
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Никола Цепенков
 
Коста Цепенков
 
Ристе Цепенков
 
Илче Цепенков
 
Ката Цепенкова
 
Мара ЦепенковаДафа Цепенкова
 
 
 
 
 
 
 
 
Марко Цепенков

Значење и влијание

  • „Прозорчето на чичко Цепенков“ — песна на македонскиот поет Санде Стојчевски.[7]
  • „Цепенков и фудбалот“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[8]

Белешки

  1. Во Бугарија, Цепенков го сметаат за Бугарин. Како потврда за тоа, тие ја наведуваат реченицата во автобиографија на Цепенков, каде се вели дека дал придонес на неговиот бугарски народ (види во: М. Цѣпенков, Сборникъ за Народни Умотворения, Наука и Книжнина, кн. XIV, 1897, стр. 123.). Треба да се истакне дека Цепенков спаѓа во македонската интелигенција која го прифатила бугарското име и идејата за заедништво меѓу бугарскиот и македонскиот народ. Тоа било реакција на грчката пропаганда во Македонија која во себе го носела погрчувањето, реченицата неговиот бугарски народ има словенска основа, односно културолошка, а не национална, Цепенков е меѓу оние македонски дејци кои зеле учество во борбата против Цариградската патријаршија и постепено почнале да се преореиентираат кон бугаризмот, односно кон словенизмот и станале идејни носители на македонското преродбеничко движење (види во: Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО. Култура, Скопје, 1980; Б. Конески, Кон македонската преродба. Скопје, 1959; Д. Ташковски, Раћање македонске нације. Београд, 1969.)
  2. Цепенков има големо значење за македонското преродбеничко движење. Треба да се истакне дека Цепенков и другите македонски преродбеници од тој период, без разлика како се именувле себеси, сета нивна дејност била носочена кон Македонија. Слично како и останатите македонски преродбеници, Цепенков собирал народни умотворби само од Македонија, а не од Бугарија, во неговиот случај: Прилепско, Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско (види во: Б. Конески, Кон македонската преродба, Скопје, 1959.)

Наводи

  1. 1,0 1,1 Трайчев, Георги (1925). Градъ Прилѣпъ. стр. 104.
  2. Марко К.Цепенков - Фолклорно наследство т.1, София, 1998 ИК "Проф. Марин Дринов".
  3. 3,0 3,1 Актан Аго, „Турските јазични елементи во јазикот на Марко Цепенков", Логос-А, Скопје, 2006, стр. 25
  4. 4,0 4,1 Актан Аго, „Турските јазични елементи во јазикот на Марко Цепенков", Логос-А, Скопје, 2006, стр. 15
  5. Цепенков, Марко К. (1972). Македонски народни умотворби, I-X. Скопје: Македонска книга.
  6. Марко К.Цепенков - Фолклорно наследство т.1, София, 1998 ИК "Проф. Марин Дринов"
  7. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 80-81.
  8. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 594-595.

Надворешни врски