Стрчин
Стрчин — населба во јужното градско подрачје на Битола која се наоѓа под ридот Тумбе Кафе на левата страна од патот за селото Лавци. Во оваа населба се наоѓа студентскиот дом Кочо Рацин и новата спортска сала Павел Шатев пуштена во употреба во 2010 година. Во последниве години населбата се шири со забрзано темпо и тука се градат нови и убави куќи. Улици во оваа населба се:
- Алберт Ајнштајн
- Ацо Караманов
- Борис Сарафов
- Васил Чакаларов
- Дубровник
- Злата Мегленска
- Јосип Јурај Штросмајер
- Константин Робев
- МАНАПО
- Марија Склодовска - Кири
- Петар Чаулев
- 120-та
- 130-та
- 140-та
- 160-та
- 170-та
- 210-та
- Стрчин
- Студентска
- Теодосиј Синаитски