Влатко Миленковски
Влатко Миленковски (Битола, 15 јуни 1972 – Гајре, Тетовско, 5 јуни 2001) бил македонски бранител, резервист на АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 5 јуни 2001 во заседа на патот Гајре - Шипковица.[1][2]
Влатко Миленкоски | |
---|---|
15.06.1972 – † 05.06.2001 (28 г.) | |
Роден во: | Битола, СР Македонија |
Починал во: | пат Гајре - Шипковица |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Резервист на АРМ |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Животопис
уредиЖивот, војната 2001 и сведоштва
уредиВлатко Миленковски е роден во 1972 година во Битола. За него се чини дека бил предодреден за војник. Татко му Сотир е полковник во АРМ и последнава година постојано е на терен, главно во Кичево. Мајка му, исто така, беше вработена во војното. Целиот работен век го мина во армијата. Од април годинава е воен пензионер. За разлика од братот кој дипломира на факултетот за телекомуникации, Влатко заврши средно економско училиште и веднаш се пријави за отслужување на воениот рок. Служеше во АРМ, во Охрид, морнарица. Потоа изрази желба да се вработи во военото.
Вршел притисок врз родителите и желбата му била исполнета. По неколку години минати во АРМ каде се чувствувал како свој на своето, реорганизацијата на армијата го зафатила и него. Како технолошки вишок, во февруари годинава си замина од војното со 24 плати. Иако имаше пари за да се зафати со некоја друга работа, Миленковски беше опседнат со војската. На првиот конкурс што беше распишан се пријави и беше примен во воената полиција. Ангажирањето во кризните подрачја воопшто не му претставуваше потешкотија. Беше исполнет со задоволство бидејќи повторно ја облече војничката униформа за да си го брани својот народ.
Од март до почетокот на јуни 2001 година, цели три месеци мина на Шар Планина. Сосема сигурно е дека нема позиција на АРМ на Шар Планина на која Влатко не бил. Во рамките на воените активности постојано бил во движење од Тетовското Кале до ТВ-репетиторот на Шара. Поради минираните патеки, често бил во животна опасност, меѓутоа, сметал дека ризикот е составен дел на војничкиот живот и позив. Сите убедувања од мајка му Марија беа залудни да се врати дома и животот да си го продолжи како повеќето мали. Тој и' велеше:
„Ако не одам јас, нема кој друг. Морам да одам таму каде што има потреба”.
—Влатко Миленковски (†28), македонски бранител, [3]
Влатко никогаш не сакал да остане во касарната, и секогаш доброволно се пријавувал за секоја придружба во акција против албанските терористи. На 28 години, кога се подготвуваше семејно да се одомаќини, на 5 јуни 2001 насилно е прекината младоста на Влатко. Згасна животот за кој имаше многу планови и желби. Останаа спомените на ликот, добрината, хуманоста на човекот кој неизмерно ги сакаше својот народ, земја, нејзината слобода и иднината на Македонија. Посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[4]
Заседа на патот Гајре - Шипковица
уредиНа 5 јуни 2001 кај патот Шипковица - Гајре, во заседа слична на Вејце загинуваат петмина припадници на АРМ. Тоа попладне, на 5 јуни 2001 година, албанските терористи нападнале интендантско воено возило „пик-ап 101“ што носело храна за војниците на позициите, при што загинале младиот Кољо Китанов и Исак Руфати во самото возило. Меѓу нападнатите имало и рантеи. Преку радио врски побарале помош од санитетско возило. Кога возилото било упатено без никаква придружба кон момчињата што паднале во заседа, Влатко со другарите бил одреден да го придружува. Требало да ги извлечат сардисаните и ранетите. На потегот помеѓу Шипковица и Гајре, оваа формација била нападната од повеќе терористички позиции. Се пукало на нив од сите страни. На амбулантната кола „ланд ровер“ и на воените полицајци било стрелано и со зољи. Меѓу 19:00 и 19:15 часот, при нападот, кукавички се убиени Влатко, Благојче Силјанов и Пеце Матичевски.
Тие денови на Шар Планина и воопшто во тетовскиот регион имаше засилени и постојани провокации од албанските терористи. Почитувајќи некакви меѓународни сугестии, одбранбените сили се наоѓаа во сосема незавидна ситуација. Одговараа на провокации само ако директно беа загрозени. Со други зборови, беа ставени во улога на живи мети за терористите, па ако тие, при отстрелот ги промашат или само полесно ги ранат, можат да им возвратат. Според увидот, на возилата било пукано од две групи по 5-6 напаѓачи, од 8-10 метарска оддалеченост. На местото биле најдени 60 празни чаури, рачни бомби, неексплодирани гранати. По џипот се движело санитетско возило, кое за влакно успеало да сврти и лекарите да се спасат од заседата.
На 5 јуни 2010 година, во чест на петтемина загинати војници е поставен спомен плоча на местото каде загинаа.[5][6][7]
Наводи
уреди- ↑ „Убиени уште петмина војници на АРМ“. Вест. 6 јуни 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-02-20.
- ↑ „Потсетник за загинатите бранители кај Гајре“. Алфа ТВ. 5 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на 2015-02-20.
- ↑ „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 132.
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.
- ↑ „Поставена плоча за петтемина загинати бранители кај Гајре“. Дневник. 6 јуни 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-02-20.
- ↑ „Чествување за војниците убиени во заседа кај Селце“. Дневник. 18 март 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-02-20.
- ↑ „Почит за хероите кои загинаа кај Гајре“. Нова Македонија. 4 јуни 2013. Посетено на 2015-02-20.[мртва врска]