ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола
„Св. Климент Охридски“ — основно училиште во населбата Нова Битола, во Битола, општина Битола[1].
„Св. Климент Охридски“ | |
---|---|
Место | |
Општина: | Битола |
Нас. место: | Битола |
Местоположба | |
Основни информации | |
Директор: | Андријана Мигуловска |
Контактни информации | |
Мреж. место | http://ohridskikliment.wix.com/kliment |

Ресурси уреди
Училиштето располага со следните 2 специјализирани училници за подготвителна настава, 10 универзални училници за одделенска настава, 11 универзални училници за предметна настава, специјализирани кабинети за информатика и ТО, библиотека со значителен книжевен фонд поврзана со читална, модерна фискултурна сала според високи стандарди со трибини, семафор, туш-кабини и други спортски терени. Во склоп на училиштето има исто така и амбуланта, високо стандардизирана трпезарија со кујна и посебен административен дел.
Училиштето располага со два телевизора, еден DVD плеер, еден видеорекордер, десет графоскопи, еден скенер, четири печатача, една фотокопир-машина, 22 касетофони, три дијапроектори и два епископи.
Финансирање уреди
Освен средствата што ги обезбедува Министерството за образование и наука, училиштето обезбезбедува сопствени приходи од донации од родители, спонзорства, провизии од списанија, училишна кујна, посета на кина, театри, концерти екскурзии и викенди, како и издавање на фискултурната сала на спортски клубови.
Учество на натпревари уреди
- Учество и освено прво место на регионалниот натпревар по физика 2007
- Учество и освоено прво место на 44-тата олимпијада на млади техничари и природници 2007
- Учество и освоено второ место на регионален натпревар по Англиски јазик 2010 - Емир Сулејман.
- Учество и освоено трето место на републички натпревар по Англиски јазик 2010 - Емир Сулејман.
Наводи уреди
- ↑ „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)