Ако одам во Битола

македонска народна песна

„Ако одам во Битола“македонска народна песна, текст и музика од Петар Георгиев-Калица. Песната била првпат изведена во 1989 година од Октетот Македонија на фестивалот Валандово ‘89 во Валандово.[1] Ако одам во Битола е најпозната песна на Петар Георгиев и многумина ја сметаат за химна на Битола.[2]

„Ако одам во Битола“
Песна од Октет Македонија
Тоше Проески
Влатко Лозаноски
Анета Мицевска
Ламбе Алабаковски
Димитар Андоновски
Јовица Наумчевски
Јазикмакедонски
Напишана1988
Објавена1989
Место на изведбаВаландово ‘89
Жанрмакедонска народна музика
Должина3:49
ПеснописецПетар Георгиев-Калица
Композитор(и)Петар Георгиев-Калица

Историја и одлики уреди

Песната се одликува со изворен 7/8 такт, а ја отсликува целокупната традиција на градот и животот на битолчани од памтивек до денес, што се чувствува уште во првиот стих:
„Ако одам во Битола, ќе прошетам по Широк Сокак. А на Дембел-чаршија кафе ќе се напијам, младост мило ќе си спомињам…“
Според кажувањето на самиот Калица, иако со години се подготвувал да ја напише оваа песна, ја создал само за пет минути. Првпат била испеана на „Фолк-фест Валандово“, во изведба на октетот „Македонија“ и ја добила третата награда од жирито.[2]

Текст уреди

Ако одам во Битола,
ќе прошетам по Широк Сокак.
А на Дембел чаршија
кафе ќе се напијам,
младост мило ќе си спомињам. [x2]
Еј, мори моме, како да речам,
за Солуна, за Стамбола,
неа не давам. [x2]
Ако одам во Битола,
ќе нарачам до три пајтона.
Први мене ќе носи,
в' други чалгии ќе свират,
в' трети товар, мерак ќе носам.
Еј, мори моме, како да речам,
за Солуна, за Стамбола,
неа не давам. [x2]
За Солуна, за Стамбола,
Битола не давам.

Награди уреди

  • Трета награда од жирито на Фолк-фест Валандово '89

Наводи уреди

  1. „Ако одам во Битола“. Бабам Битола. Посетено на 12 јануари 2021.
  2. 2,0 2,1 „„Ако одам во Битола" ја напишав во еден здив“. Нова Македонија. 15 декември 2020. Посетено на 12 јануари 2021.

Надворешни врски уреди