Александар Аркадјевич Ростковски (руски: Александр Аркадьевич Ростковский; 18 октомври 1860 во Одеса26 август 1903 во Битола) бил руски конзул и пријател на Крсте Петков Мисирков, убиен во негово присуство од турски стражар (Албанец по потекло) во илинденските настани во Битола[1][2].

Александар Ростковски
Роден Александар Аркадјевич Ростковски
18 октомври 1860
Одеса, Украина
Починал 26 август 1903
Битола, Македонија
убиство
Националност Русин
Занимање дипломат, конзул
Татко
Родители Аркадиј Ростковски

Животопис

уреди
 
Погребот на А. А. Ростовски и присуството на Мисирков.

Дипломатската кариера ја започнува како втор секретар во Бугарија, потоа како секретар и драгоман на руското генерално конзулство во Ерусалим, во Јанина и во Бејрут. Потоа Александар Ростковски ја продолжил кариерата како втор секретар во дипломатската агенција во Софија (18841885), вицеконзул во Бриндизи (1894–1895), вицеконзул и конзул во Битола (1895), извесно време го заменува рускиот конзул во Скопје (18991901) и до смртта останува во Битола.

Првпат се среќава со Мисирков на заедничкиот настап во руското географско друштво во Санкт Петербург на 18 декември 1897, а потоа во Битола како домашен учител на неговите деца (1902/03). Објавува статистичко-етнографски прегледи за населението во битолскиот (за 1897) и во солунскиот вилает, во кои Македонците ги третира не според црковната припадност, туку како православни Словени[3].

Наводи

уреди
  1. А. А. Ростковский (Некрологі), „С-Петербургски Вдомости, №204, 29. VII 1903
  2. Александрі Аркадіевич Ростковский, „Новое время, № 9845, 2/25. VI–II 1903
  3. Д-р Блаже Ристовски, Крсте П. Мисирков (1874–1926). Прилог кон проучувањето на развитокот на македонската национална мисла, Скопје, 1966, 263

Надворешни врски

уреди