ОУ „Коле Канински“ - Битола
Основно училиште „Коле Канински“ (официјално: Основно општинско училиште „Коле Канински“ - Битола; скратено: Коле Канински“) — централно основно училиште во градот Битола.[1]
Коле Канински | |
---|---|
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Битола |
Наречено по: | Коле Канински |
Нас. место: | Битола |
Адреса: | ул. „Бранко Радичевиќ” бб, Битола |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1964 |
Директор: | Дијана Толевска Христовска |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | www.oukolekaninski.wordpress.com/ |
Е-пошта | kolekaninski_bt@t-home.mk |
Телефон | 047/239-490 |
Факс | 047/239-490 |
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Коле Канински.
Историја
уредиУчилиштето било отворено како четиригодишно во 1944-1945 година, а било именувано по паднатиот борец за Македонија, Коле Канински од селото Канино.
Најпрвин наставата се изведувала во стара училишна зграда, сместена на левата страна од реката Курдерес во близина на Камениот мост.
Со зголемувањето на бројот на ученици, во учебната година 1960/61 училиштето прераснало во осумгодишно и се вселило во нова зграда на улицата „Бранко Радичевиќ“. Истата година кон него било припоено и четиригодишното училиште од селото Поешево.
Во 1967 година, кон него било припоено и училиштето во селото Буково, во кое имало осумгодишна настава, заедно со четиригодишното училиште во селото Крстоар, кое престанало со работа во учебната 2004/05 година. Во учебната 1982/83, училиштето добило уште едно подрачно училиште во населбата Буковски Ливади.
Градба
уредиУчилишната зграда има простор од 1634 м², а вкупната расположива површина е 4026 м². Училниците се класично опремени и училиштето располага со скромен фонд на нагледни средства.
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Коле Канински“ - Буково, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Коле Канински“ - Буковски Ливади, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Коле Канински“ - Поешево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Освоени награди
уредиПознати личности кои учеле во ова училиште
уреди- Иво Ивановски — поранешен министер на владата на Македонија
- Билјана Дамјановска-Јанчевска — пејачка
- Миодраг Нечак — композитор
- Марјан Нечак — композитор
- Ѓорги Христов — фудбалер
- Весна Бендевска — политичар
- Сашка Петковска — пејачка
- Филип Кузмановски — ракометар
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2014-04-25.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-04-08. Посетено на 2014-04-25.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2014-05-07.
Надворешни врски
уреди- ОУ „Коле Канински“ - Битола на Ризницата ?