Стара битолска чаршија

Стара битолска чаршијачаршија сместена северно од центарот на градот. Овој дел од градот чува бројни куќи со традиционална турска архитектура како и бројни споменици, како џамии и амами, од отоманската епоха. Иако со времето чаршијата се намалувала, таа сепак ја задржала својата изворна трговска активност.

Улица во чаршијата

Местоположба

уреди

Старата чаршија се наоѓа на северниот брег на Драгор, реката која поминува низ Битола. Таа е наспроти јужниот дел од центарот на градот, изграден во XIX век и со типична средноевропска архитектура. Чаршијата се одликува со сплет на улички со ниски куќи кои јасно се идентификуваат во урбаниот пејзаж на Битола. Некогаш чаршијата била доста поголема, но била рушена за да се направи место за модерни градби, па одредени споменици, како Ајдар-кади џамијата, денес се наоѓа на нејзината периферија.[1].

Историја

уреди
 
Чаршијата во 1914 година

Битола станала вистински град после отоманското освојување во XIV век. Се населува бројно турско население кое тргува особено со волна и кожа. Повеќето од јавните градби во чаршијата се изградени во XV и XVI век од локални достоинственици.[1][2]

Според венециски трговец, кој поминал во 1591 година, чаршијата веќе има безистен и карвансарај. Отоманскиот патописец од XVII век, Евлија Челебија, зборува за 3.000 куќи, 900 продавници, 40 чајџилници, безистен затворен со железни порти и други бројни јавни градби. Во тоа време, Битола броела околу 70 џамии.[3].

Трговската активност на градот била многу намалена со Втората австриско-турска војна која се одвивалa од 1683 до 1689 година. Трговијата нагло опаѓа.[3] Требало да се чека почетокот на XIX век за Битола повторно да го најде своето место како голем трговски центар.[4]. Вклучувањето на странски сили во трговијата и регионалната политика овозможуваат отворање на нови пазари, и чаршијата малку по малку го губи својот статус за нервен центар на градот за сметка на новите делови изградени јужно од неа.

Во врвот на својата активност чаршијата броела триесетина разни пазари, како Овчи Пазар, Дрвен Пазар, Маст Пазар, Житен Пазар, Ат Пазар, Сточен Пазар, Пекмез Пазар, Тус Пазар, и др. Во XIX век во чаршијата без застапени повеќе од 140 занаети во преку 900 дуќани.[5].

Денес чаршијата е погодена од лошата економска клима и затворени се бројни дуќани. Општината и Музејот Битола во 2009 година почнаа акција за реновирање на чаршијата која треба да трае десетина години.[6]. Две мермерни фонтани веќе се реставрирани од музејот.[7].

Споменици

уреди

Џамии

уреди
 
Исак Челеби џамијата

Чаршијата опфаќа повеќе бележити џамии, како Јени-џамијата (јени на турски значи нова), која е сместена на влезот во чаршијата, на левиот брег на реката Драгор. Нејзиното минаре е високо четириесет метри и таа била конструирана кон 1558 година на урнатини од црква. Денес служи како изложбен простор.[1][2]

Исак Челеби џамијатакоја е малку посеверно, на левиот брег на реката Драгор, датира од 1506 година. Нејзиното минаре е високо 50 метри, а во нејзината градина се наоѓаат стари гробови во форма на саркофази. Оваа џамија и денес служи за религиозни цели.[1][2]

Ајдар-кади џамијата која е сместена понаисток, била изградена од 1561 до 1563 година. Џамијата е градена од градители од школата на најголемиот османлиски градител Мимар Синан и е позната како џамија „Принцеза на Балканот“.[1][2][8] Во тек е реставрација, конзервација и реконструкција на Исак Челеби и Ајдар-кади џамиите со поддршка на Турција.[9].

Во самата чаршија се наоѓа малата Хаџи Махмуд Бајат џамија чие минаре е делумно урнато.

Јавни градби

уреди
 
Амамот Дебој

Чаршијата некогаш имала голем број на амами, сите изградени меѓу XV век и 1912 година, година кога завршило турското владеење. Амамот Дебој, со Ески амамот, Стариот амам и Новиот амам, е еден од ретките кои сè уште постојат. Веројатно бил изграден во XV век.[1]. На влезот на чаршијата се наоѓа Безистенот, стар покриен пазар изграден во XV век.[1] Вредно е да се забележи и Саат-кулата која датира од триесеттите година на XIX век.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 (англиски) Macedonian Cultural Heritage, Ottoman monuments, UNESCO Office in Venice Архивирано на 4 април 2019 г.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 (англиски) [http://unesdoc.unesco.org/images/0018/001881/188172eo.pdf SEE Cultural Heritage, Macedonia, UNESCO Office in Venice
  3. 3,0 3,1 GoMacedonia - Историја на Битола[мртва врска]
  4. (англиски) Македонски центар за култура и информации - Историја на Битола
  5. „Туристичко биро, Стара чаршија“. Архивирано од изворникот на 2015-09-04. Посетено на 2015-09-05.
  6. Опустошува старата битолска чаршија[мртва врска]
  7. Реконструирани две стари чешми во Битолската чаршија[мртва врска]
  8. (англиски) Мрежно место на Агенција за регионален развој на Пелагонија - Џамии Архивирано на 6 март 2016 г.
  9. „Нов сјај за двете најубави џамии во Битола“. Архивирано од изворникот на 2017-04-25. Посетено на 2015-09-05.