Букри

историско село во Општина Битола

Букри — историско село во Пелагонија, во атарот на денешното село Кременица, Општина Битола.

Букри

Воздушен поглед на местоположбата на некогашното село

Букри во рамките на Македонија
Букри
Местоположба на Букри во Македонија
Букри на карта

Карта

Координати 40°56′51″N 21°30′21″E / 40.94750° СГШ; 21.50583° ИГД / 40.94750; 21.50583
Регион  Пелагониски
Општина  Битола
Област Пелагонија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7224
Повик. бр. 047
Шифра на КО
Надм. вис. 587 м
Букри на општинската карта

Атарот на Букри во рамките на општината
Букри на Ризницата

Денес, на местото на селото има обработливи површини и неколку зачувани објекти.

Местоположба

уреди

Букри се наоѓало во областа Пелагонија, југоисточно од градот Битола, на Црна Река, сместено меѓу селата Долно Егри и Брод.

Селото било раселено и на негово место биле создадени водните акумилации „Букри 1“ и „Букри 2“. Атарот на ова село денес се води под селото Кременица.

Историја

уреди
 
Мост на Црна во Букри за време на Првата светска војна

Во месноста Висок Рид кај Букри е откриена населба од бакарно и бронзено време. Се смета дека ова некогаш бил Линк, родниот град на Филип II Македонски. Во месноста Прогон и на Букришки Вис има некрополи од железно време.[2]

Стопанство

уреди

Атарот на селото е заеднички со оној на селото Кременица.

Население

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Букри живееле 75 жители, сите Македонци.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Букри се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 11 куќи.[4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Букри имало 88 Македонци, под врховенството на Цариградската патријаршија..[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало од 10 до 25 Турци.[6]

Селото е иселено и на негово место се направени вештачките акумулации „Букри I“ и „Букри II“. Атарот е припоен кон селото Кременица.

Самоуправа и политика

уреди

На крајот од XIX век, Букри било село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Бистрица.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Бистрица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кременица, во која покрај селото Букри се наоѓале селата Долно Егри, Горно Егри, Кременица, Меџетлија и Средно Егри. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Кременица, во која влегувале селата Букри, Горно Егри, Долно Егри, Кременица, Меџитлија и Средно Егри.

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 25. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 167-168.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.

Надворешни врски

уреди