Ребека Аруести ( 1924 во Битола1943 во Треблинка, Полска) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите во Холокаустот.[1]

Животопис

уреди

Пред војната учествувала во напредната младинска организација „Хашомер Хацаир“. Со првите денови на отпочнување на народно-ослободителната војна била примена за член на СКОЈ. Учествувала во акциите за растурање на летоци и илегален материјал, собирала народна помош, плетела и шиела облека за борци во НОВ и ПОМ. Во подготовките да замине во партизани, на 11 март 1943 година, била дспорmрана во концентрациониот логор Треблинка во Полска, каде била задушена во гасна комора.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 983.