Александар Стерјовски
македонски историчар
Александар Стерјовски (Битола, 1933 ) — македонски историчар.
Александар Стерјовски | ||
Роден | 1933 Битола | |
---|---|---|
Занимање | историчар |
Животопис
уредиСтерјовски е роден во Битола во 1933 година. Бил професор на Педагошката академија, подоцна Педагошкиот факултет во Битола. Двапати бил проректор на универзитетот „Климент Охридски“ во Битола.
Бил раководител на проектот „Печатарството и издаваштвото во Битола“, долгогодишен член на редакцијата на списанието „Развиток“, а бил иницијатор и долгогодишен одговорен уредник на списанијата „Учител“ и „Битола низ вековите“.[1]
Стерјовски објавил повеќе од стотина статии од областа на фолклорот и битолската историја, како и книгите:
- 1992 - Брусник
- 1994 – Последниот охридски гуслар
- 1999 – Македонските слепи гуслари
- 2001 - Велушина
- 2008 – Водоснабдувањето во Битола пред водоводот
- 2012 – Еден век црвен крст во Битрола
- 2014 - Чествувања
- 2016 – Јавното здравство и превентивната здравствна заштита во Битола
Од серијалот Битолско десеткнижие ги објавил книгите
- 2003 – Битола – Руската колонија
- 2004 – Битола – Каријатиди на театарот
- 2009 – Битола – Реката Драгор
- 2012 – Битола – Записи за злосреќи
- 2016 – Битола – Спорт
- 2017 – Битола – Калеидоскоп
- 2020 - Битола - Градби
Награди
уреди- 2013 – награда „4 Ноември“ за животно дело