Гратчето Пејтон
Гратчето Пејтон — населба во централното градско подрачје на Битола која се простира од улицата „Партизанска“ сè до улицата „Солунска“. Во неа се наоѓа месната заедница Вељко Влаховиќ и улиците:
- Бранислав Нушиќ
- Крушевска
- Питу Гули
- Христо Узунов
Името го добила по истоимениот американски филм од 1957 година и подоцнежната ТВ серија.