La Macédoine et sa Population Chrétienne

„La Macédoine et sa Population Chrétienne“[1] (во превод на македонски: „Македонија и нејзиното христијанско население“) — дело отпечетано на француски јазик во 1905 г. во Париз. Автор на книгата е поранешниот секретар на Бугарската егзархија Димитар Мишев, кој на неа се води под псевдонимот Бранков (француски: Brancoff).

La Macédoine et sa Population Chrétienne
Корица на книгата
АвторДимитар Мишев, под псевдоимот Бранков (D. M. Brancoff)
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски
Жанрстатистика на населението
Објавена1905
Издавач„Плон“, Париз

Книгата претставува подробен статистички попис на населените места во Македонија во своите пошироки тогашни граници. Даддени се податоци за бројот на населението, етничката и вероисповедна припадност на христијанското население, како и за присуството на христијански училишта (бугарски, грчки, српски и влашки), со бројот на учители и ученици. Делото дава добар преглед на црковно-образовната поделеност на македонското население, растргнато меѓу споменатите странски пропаганди, каде, во духот на својата егзархиска агенда и воспитание, Мишев, претежно заради политички причини и заради неговото учество во бугарската егзархија ги обележал сите Македонци како Бугари. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“ е втората обемна статистика на населението на Македонија од бугарски автор, по капиталното дело на Васил К’нчов од 1900 г. насловено како „Македонија. Етнографија и статистика“.

Во моментот на објавување на делото, дел од информациите за Кумановската, Паланечката и Кочанската каза веќе не биле актуелни поради активизирањето на српската пропаганда, каде дел од селата биле преземени од егзархијата.[2]

Наводи

уреди
  1. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques", Paris, 1905.
  2. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 300.