Безистен (Битола)

безистен во Битола
(Пренасочено од Битолски безистен)

Битолскиот безистен е една од најстарите градби од Отоманското Царство. Со бројните куполи со кои наликува на тврдина, со трите внатрешни улички и со четирите големи метални порти тој е еден од најголемите покриени пазари во регионот.

Поглед од надвор на безистенот

Историја

уреди

Изграден е во 15 век од страна на румелискиот беглер-бег, големиот везир и познат ктитор Кара Даут паша Узунчаршили.

Иако овој објект изгледа мошне сигурно, сепак во текот на своето постоење честопати бил ограбуван и опожаруван, но сепак опстанал. Во рамките на Безистенот кој во периодот од изградбата па сè до XIX век честопати бил доградуван и преградуван влегуваат голем број на дуќани во кои се продавал текстил и скапоцени ткаенини.

Тој воедно претставувал и своевиден трезор каде во посебни делови се чувале парите од даноците од целиот Румелиски вилает пред да бидат однесени во царската благајна.

Од XIX век во него имало вкупно 84 дуќани.

Денес повеќето од нив се современо опремени и се продаваат најразлични стоки. Сепак и покрај сите внатрешни трансформации надворешниот изглед на Безистенот останал речиси непроменет[1].

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „За безистенот“. Архивирано од изворникот на 2017-09-25. Посетено на 2018-03-20.