Спор за пописот на населението во Македонија (2021)

Спорот за пописот на населението во Македонија — спор за Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија во 2021 година, кој настанал уште пред почетокот на статистичката операција, а својот врв го достигнал по објавувањето на резултатите од страна на Државниот завод на статистика на 30 март 2022 година.

Заднина

уреди

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија во 2021 година започнал на 5 септември и завршил на 30 септември 2021 година.[1]

Резултати

уреди

Реакции

уреди

Македонска дијаспора

уреди

Македонската дијаспора не ги прифатила резултатите од пописот.[dubious ] Горан Илијевски, лидер на Партијата на Македонци во Србија, изјавил дека во Србија живеат 30 пати повеќе Македонци, наспроти само 1000 кои се самопопишале. Според Илијевски, проблемот бил што иселениците со македонски етникум биле жртва на кампања за бојкот на пописот, но и неинформирани дека тој се спроведува, што било пропуст на неорганизираните дипломатско — конзуларни претставништва, но и на македонските партии

Мето Колоски од Обединетата македонска дијаспора изјавил дека добиените податоци од пописот биле конфузни и сомнителни. Иако постоел повик за попис, причината за малиот интерес била во револтот на дијаспората од носењето клучни одлуки за земјата без нивна консултација, бојкотот на кои повикувале дел од политичарите, но и тоа што формуларот за пописот го правела бугарска, а не македонска фирма.[2]

ВМРО-ДПМНЕ

уреди

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ изјавила дека 132.000 Македонци не биле потпишани на пописот, а го потенцирала и нераспознавањето на тоа кои граѓани се христијани а кои православни по вероисповед. Поради ова, партијата го прогласила пописот за некомплетен.[3] Според ВМРО-ДПМНЕ, резултатите од пописот биле нецелосни бидејќи 7,2 % од населението не се изјаснило по однос на етничката припадност, јазикот и вероисповедта. Освен тоа, било изјавено и дека во Општина Аеродром не биле потпишани 5.247 Македонци, во Општина Ѓорче Петров 4.450, Општина Центар 5.000, Општина Битола повеќе од 5.000, Општина Велес 4.700 Македонци, Општина Кавадарци 2.500, Општина Кочани 2.400 Македонци, Општина Охрид 4.300 Македонци, Општина Прилеп 5.000 Македонци, Општина Струмица 6.640 Македонци, Општина Штип околу 4.400 Македонци.[4] Партијата најавила спроведување на нов електронски попис по преземањето на власта.[5] Пратеникот Антонијо Милошоски изјавил дека пописот би бил покомплетен доколку Државниот завод за статистика успеел секој оној кој што не се изјаснил по национална основа, вероисповед или мајчин јазик, да го регистрира и дефинира преку административните податоци кои државата ги има за секое лице.[6]

Социјалистичката партија на Македонија во соопштение изјавила дека пописот бил неуспешен, нецелосен, манипулативен, и нанел штета на националните интереси на граѓаните на Македонија. Освен тоа, партијата навела дека не биле почитувани европските правила за попис со непотпишување на 21.5 % од населението, а како крајна цел на изнесените резултати од пописот го навеле партиско-политичкото инженерство за бришење на македонскиот народ и спорење на македонската држава.[7]

ГРОМ

уреди

Политичката партија ГРОМ не ги признала резултатите од пописот.[8]

Глас за Македонија

уреди

Политичката партија Глас за Македонија не ги признала резултатите од пописот. Претседателката на партијата, Солза Грчева, изјавила дека според резултатите од пописот, вкупното резидентно попишано население во земјата соодветствува на бројот во избирачкиот список, изоставувајќи ги малолетните деца кои се без право на глас. Грчева во својата изјава ги цитирала албанските партии, кои пред објавувањето на резултатите од пописот јавно изјавувале дека нема да ги признаат резултатите доколку Албанците под 25 %, кое довело до зголемување на недовербата во методологијата на спроведениот попис.[9]

Единствена Македонија

уреди

Партијата Единствена Македонија пописот го прогласила за неуспешен и повикала дека треба да се поништи. Според партијата, во дијаспората живеат многу повеќе Македонци од 63,500, особено во Австралија, САД и Канада каде живееле повеќе од 100,000 иселеници. Партијата изјавила дека ќе спроведе дополнителен попис.[10]

Граѓанска иницијатива Аваја

уреди

Граѓанската иницијатива „Аваја“ која ги промовира интересите на Ромите во Македонија, не ги признала резултатите од пописот и ги навела како невалидни. Во нејзиното соопштение било истакнато дека во Македонија живеат околу 100,000 Роми. Според податоците од АВРМ, во текот на 2020 година имало 14.401 активни баратели на работа и 3.410 пасивни баратели на работа и околу 10.000 Роми кои не биле регистрирани во системот на баратели на работа. Според соопштението, во текот на пописот биле направени бројни манипулации со ромското население, каде ромското население се попишувало под друга етничка припадност, во Дебар, Кичево, Радовиш, Струмица и Виница, ромските семејства не биле прашувани за својата етничка припадност, а имало и населени места каде ромското население било изоставено од пописот.[11] Според Eлвис Шаќири, извршен директор на „Ромалитико“ и член на државната репрезентација на „Аваја“ во Македонија во последните 20 години не се родил ниту еден Ром, и дека проценките на Советот на Европа се дека во државата живеат околу 120.000 Роми.[12]

Левица

уреди

Политичката партија Левица ги оспорила резултатите од пописот и истите ги прогласила дека се фалсификувани. Пратеникот Борислав Крмов истакнал дека пописот бил извршен под „палка“ на ДУИ а истиот бил одобрен од страна на СДСМ. Како причини за несогласувањето партијата го навела донесениот закон за попис, пописот во дијаспората како единствен таков случај, попишување со само давање на матичен број според кое биле нарушени меѓународните стандарди за попис.[13]

Турска заедница

уреди

Националното координативно тело на турскиот народ во Македонија , во кои членуваат сите турски невладини организации, политички субјекти од турската заедница, истакнати турски интелектуалци, универзитетски професори и други влијателни личности од турската заедница во земјата, соопштило дека објавените бројки и проценти за Турците во Македонија во пописот биле нереални, поради кое резултатите не ги признаваат и прифаќаат. Освен тоа, во соопштението до јавноста било наведено и дека постои голема разлика помеѓу резултатите од објавените податоци на Државниот завод на статистика и податоците од различни населени места каде што живеат Турци.[14]

Со официјална реакција излегло и Министерството за надворешни работи на Турција, според кое, и покрај повиците на претставниците на турската заедница во Македонија за процесот на пописот да се спроведе на правичен и транспарентен начин и без никаков сомнеж, сепак, податоците од пописот покажале дека овие повици, за жал, не биле земени предвид.[15]

Српска заедница

уреди

Српската заедница во Македонија и Демократската партија на Србите во Македонија не ги прифатиле резултатите од пописот. Претседателот на партијата, Иван Стоилковиќ изјавил дека ќе спроведе посебен попис за пребројување на Србите во Македонија.[16]

Српската напредна странка во Македонија преку изјавата на претседателот Драгиша Милетиќ исто така не ги прифатила резултатите. Според Милетиќ, власта фаворизирала само една етничка заеднца врз штета на другите млацинства и според резултатите, Србите имаат само морталитет но не и наталитет.[17]

Бошњачка заедница

уреди

Партијата Бошњачки демократски сојуз не ги прифатила резултатите од пописот, бидејќи биле уверени дека бројот на Бошњаци кои живееле надвор од Македонија бил далеку поголем. Партијата укажала на пропустите и се заканиле со излегување од владејачката коалиција.[18]

Коалиција на Египќани

уреди

Коалиција на Египќани не ги прифатила резултатите од пописот главно поради нерегуларности во пописниот процес и конечниот резултат кој не кореспондирал со реалните бројки. Според лидерот на НГИ Коалиција на Египќаните, Демир Далип, пописот претставувал обид за административна асимилација на Египќаните и нивно исчезнување од мултиетничката карта на современото мултиетничко македонско општество.[19]

Партија на Власите

уреди

Партијата на Власите и националното координативно тело на Власите не ги признала резултатите од пописот, поради непрофесионалниот пристап на институциите, нерегуларности во делот на етничките и верските определби, каде во графата наместо православни христијани, се пишувало само христијани. Во соопштението партијата нагласиле дека со непопишување на 21,5 %, прикажаните бројки не можеле да се наречат државен попис и го изразиле својот револт заради не инволвирање и немање јавен повик за недоволен број на попишувачи Власи.[20]

Демократски сојуз

уреди

Демократски сојуз, кој бил дел од владината коалиција, оцениле дека резултатите на објавените податоци од пописот не се одраз на фактичката состојба. Според партијата, во дијаспората биле попишани само околу 10 % од Македонците а во Македонија не биле попишани над 130.000 граѓани. Претседателот Павле Трајанов предложил дополнителна проверка на податоците и спроведување на дополнителен попис за иселениците.[21]

МПЦ-ОА

уреди

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква — Охридска архиепископија изразил сомневање за статистичката прецизност на пописот, главно поради применетата методологија во графата „религиска припадност“ каде не разликува припадност на религија, вероисповед, црква или верски заедници или групи. Синодот реагирал и на податокот според кој вероисповедта како опција не е дадена само кај една од религиите присутни во македонското општество и непопишувањето на православните Македонци по светот.[22]

Наводи

уреди
  1. „Започна Пописот 2021!“. Попис 2021 - Државен завод за статистика. 5 септември 2021. Посетено на 5 септември 2021.
  2. „Реакции за пописот на дијаспората“. Архивирано од изворникот на 2022-03-31. Посетено на 2.04.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „„ВМРО-ДПМНЕ по преземањето на власта ќе спроведен целосен електронски попис, овој сега е некомплетен". Архивирано од изворникот на 2022-03-31. Посетено на 31.03.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „ВМРО-ДПМНЕ ќе си направи свој попис, овој бил некомплетен“. Архивирано од изворникот на 2022-03-31. Посетено на 31.03.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „По преземањето на власта, ќе спроведеме нов, електронски попис кој ќе биде целосен“. Архивирано од изворникот на 2022-03-31. Посетено на 31.03.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  6. „Милошоски: Секој оној кој се занимава со признавање или непризнавање на пописот ја промашува поентата и прави манипулација за поделба на населението“. Архивирано од изворникот на 2022-03-31. Посетено на 31.03.2022. Text "opserver.mk" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. „Пописот е неуспешен, велат од Социјалистичка партија на Македонија“. Архивирано од изворникот на 2022-03-31. Посетено на 31.03.2022. Text "emagazin.mk" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. „ГРОМ не ги прифаќа резултатите од пописот: Податоците се нецелосни, неверодостојни и не ги сметаме за релевантни“. Архивирано од изворникот на 2022-04-01. Посетено на 31.03.2022. Text "emagazin.mk" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  9. „Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот“. Архивирано од изворникот на 2022-03-31. Посетено на 31.03.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. „Единствена Македонија: Пописот треба да се поништи“. Архивирано од изворникот на 2022-04-01. Посетено на 2.04.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  11. „Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот“. Архивирано од изворникот на 2022-04-04. Посетено на 31.03.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  12. „Ромалитико: Според пописот, за 20 години не се родил ниту еден Ром“. Архивирано од изворникот на 2022-03-31. Посетено на 31.03.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  13. „Крмов: Левица нема да го признае овој фингиран попис“. Архивирано од изворникот на 2022-03-31. Посетено на 31.03.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  14. „Турската заедница во Северна Македонија не ги признава пописните резултати“. Архивирано од изворникот на 2022-03-31. Посетено на 31.03.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  15. „Турција реагира на резултатите од пописот во Северна Македонија“. Архивирано од изворникот на 2022-04-06. Посетено на 6.04.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. „Стоилковиќ: Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, ќе организираме вистинско пребројување на српскиот народ!“. Архивирано од изворникот на 2022-04-08. Посетено на 8.04.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  17. „Милетиќ: Апсурд! Бројките од фингираниот попис покажуваат дека Србите имаат само морталитет а немаат наталитет!“. Архивирано од изворникот на 2022-04-05. Посетено на 8.04.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  18. „За Бошњачки демократски сојуз резултатите од пописот се неприфатливи“. Архивирано од изворникот на 2022-04-05. Посетено на 2.04.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „Коалиција на Египќани: Со пописот се прави обид за наша административна асимилација“. Архивирано од изворникот на 2022-03-31. Посетено на 2.04.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  20. „Партија на Власите: Пописот им нанесува штета на националните интереси на државата“. Архивирано од изворникот на 2022-04-01. Посетено на 2.04.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. slobodnaevropa.mk „Демократски сојуз: Резултатите од пописот не се одраз на фактичката состојба“ Проверете ја вредноста |archive-url= (help). Архивирано од изворникот на 30.03.2022. Посетено на 2.04.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  22. „МПЦ се сомнева во точноста на пописот“. Архивирано од изворникот на 2022-04-04. Посетено на 8.04.2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)