ОУ „Гоце Делчев“ - Битола

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Битола; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.[1]

Гоце Делчев
Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина: Општина Битола
Наречено по: Гоце Делчев
Нас. место: Битола
Адреса: ул. „Виенска“, бр. 13
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1944; пред 80 години (1944)
Директор: Биљана Стојковска
Број на ученици: 597
Настава на: македонски и албански
Контактни информации
Мреж. место gocedelcevbt.schools.edu.mk

Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.

Особености

уреди

Училиштето располага со училиштен простор за двосменско работење според бројот на учениците. Дел од училниците се класично опремени со основниот училиштен мебел, претежно во нижите одделенија, а дел се специјализирани и опремени за кабинетска настава во предметна настава.

Дворната површина е 2.920 m², целосно асфалтирана и дидактички уредена. Затоплувањето на училишните простории во сите згради е со парно греење. Во училиштето работи и библиотека со завиден фонд на книги од 6800 примероци. Во училиштето учат вкупно 669 ученици во 38 паралелки. Од нив 330 ученици се од прво ново до петто одделение во 18 паралелки, а од шесто деветолетка до осмо учат 339 ученици во 20 паралелки.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-11-23.