СОУ „Јосип Броз-Тито“ - Битола

средно училиште во Македонија

Гимназијата „Јосип Броз-Тито” во Битола — една од најстарите образовни институции од современ трип на просторите на Македонија, со големо реноме и почит. Таа е првата гимназија во ослободена Македонија во која на 6 февруари 1945 година почнува да се изведува настава на македонски јазик. Секоја година во училиштето настава посетуваат околу 800 ученици.

Гимназија „Јосип Броз-Тито“

Место
Општина: Битола
Место: Битола
Адреса: Булевар 1 мај бр.51
Основни информации
Основано: 1892
Директор: Лидија Споа
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал soujbt-bitola.edu.mk/

Основање и развој

уреди

Почетокот на нејзиното постоење се врзува со периодот на Османлиското Царство, на крајот од XIX век. Зградата во која денес работи ова средно училиште е изградена во 1882 и била приватна куќа на Сали-паша, богат земјопоседник. Тој во 1892 за 600 златни турски лири ја продал куќата на општината, а таа ја претворила во полна гимназија, во која наставата се изведувала на турски јазик. Во неа учеле исклучиво машки деца, и тоа од побогатите турски семејства во градот. За потребите на гимназијата биле носени професори од Солун.

Балканските војни донеле промена на власта во Битола, а со тоа и во битолската гимназија. По заземањето на градот од страна на српската војска, во ноември 1912 година, српските власти ова училиште целосно го промениле и наставата започнала да се одвива на српски јазик. Со мали паузи во периодот на најжестоките борби во Првата светска војна, оваа гимназија продолжила да работи како српска сѐ до 1941 година, односно до почетокот на Втората светска војна. Значењето на ова училиште е уште поголемо, поради тоа што меѓу двете војни во Македонија имало само две средни училишта, во Скопје и Битола, поради политиката на денационализација што српската власт ја спроведувала на овие простори.

По поразот на Југославија и окупацијата на Македонија, новата бугарска власт гимназијата ја претвора во полна гимназија, во која се предава на бугарски јазик. Најголем дел од професорите кои предавале во гимназијата биле донесени од Бугарија.

Битолската гимназија има особено место во историјата на македонскиот народ и поради тоа што таа е првото средно училиште во кое започнала настава на македонски јазик. Тоа се случило на 6 февруари 1945, во период кога сѐ уште траеле борбите во Втората светска војна.

 
Предната фасада на гимназијата

Претходното име на гимназијата било „Гоце Делчев”, но во 1952 година со одлука на Наставничкиот совет името е променето во „Јосип Броз Тито”, а тоа име го носи денес.

Школување

уреди

Проектни активности

уреди

Изборни предмети за II година

уреди

Изборни предмети за III година

уреди
Природно-математичко подрачје - Комбинација А
уреди
Природно-математичко подрачје - Комбинација Б
уреди
Јазично-уметничко подрачје - Комбинација А
уреди
Јазично-уметничко подрачје - Комбинација Б
уреди
Општествено-хуманистичко подрачје - Комбинација А
уреди
Општествено-хуманистичко подрачје - Комбинација Б
уреди

Учество на натпревари

уреди

Освоени награди

уреди

Познати личности кои учеле во ова училиште

уреди

Членови на МАНУ

уреди

Во СОУ Гимназија Јосип Броз-Тито со средно образование се здобиле 18 членови на Македонска академија на науките и уметностите од кои четворица биле и основоположници:

Познати личности кои предавале во ова училиште

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Гимназија – Јосип Броз-Тито – една од најстарите образовни институции во Република Македонија“. Посетено на 2019-04-29.
  2. „Михаил Петрушевски (1912-1983)“. МАНУ. Архивирано од изворникот на 2023-05-27. Посетено на 28 ноември 2023.
  3. „Кирил Миљовски (1911-1990)“. МАНУ. Архивирано од изворникот на 2023-03-30. Посетено на 28 ноември 2023.
  4. „Петар Серафимов (1912-1983)“. МАНУ. Архивирано од изворникот на 2023-03-27. Посетено на 28 ноември 2023.
  5. „Ѓорѓи Филиповски (1919-2019)“. МАНУ. Посетено на 28 ноември 2023.[мртва врска]
  6. „Димче Коцо (1910-1993)“. МАНУ. Архивирано од изворникот на 2023-03-27. Посетено на 28 ноември 2023.
  7. „Љубен Лапе (1910-1985)“. МАНУ. Архивирано од изворникот на 2023-03-30. Посетено на 28 ноември 2023.
  8. „Александар Христов (1914-2000)“. МАНУ. Архивирано од изворникот на 2023-04-14. Посетено на 28 ноември 2023.
  9. „Ѓорѓи Чупона (1930-2009)“. МАНУ. Архивирано од изворникот на 2023-12-01. Посетено на 28 ноември 2023.
  10. „Томе Бошевски (1937-2015)“. МАНУ. Архивирано од изворникот на 2023-04-13. Посетено на 28 ноември 2023.
  11. „Ристо Лозановски (1925-2011)“. МАНУ. Архивирано од изворникот на 2023-03-27. Посетено на 28 ноември 2023.
  12. „Анте Поповски (1931-2003)“. МАНУ. Архивирано од изворникот на 2023-10-30. Посетено на 28 ноември 2023.
  13. „Петре М. Андреевски (1934-2006)“. МАНУ. Архивирано од изворникот на 2023-04-20. Посетено на 28 ноември 2023.
  14. „Владо Камбовски (1948-)“. МАНУ. Посетено на 28 ноември 2023.[мртва врска]
  15. „Живко Попов (1950-)“. МАНУ. Посетено на 28 ноември 2023.[мртва врска]
  16. „Фанула Папазоглу (1917-2001)“. МАНУ. Посетено на 28 ноември 2023.[мртва врска]
  17. „Коле Чашуле (1921-2009)“. МАНУ. Архивирано од изворникот на 2023-03-27. Посетено на 28 ноември 2023.
  18. „Георги Константиновски (1912-2020)“. МАНУ. Посетено на 28 ноември 2023.[мртва врска]
  19. „Владимир Костов (1932-2023)“. МАНУ. Архивирано од изворникот на 2023-04-08. Посетено на 28 ноември 2023.
  20. Маркоски, Благоја (2019). Македонска географска мисла - 70 години македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 65. ISBN 978-608-65155-5-3. |access-date= бара |url= (help)

Надворешни врски

уреди