ОУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци
Основно училиште „Славко Лумбарковски“ (официјално: Централно основно училиште „Славко Лумбарковски“ - Новаци; скратено: ЦОУ „Славко Лумбарковски“) — централно основно училиште во селото Новаци.
Славко Лумбарковски | |
---|---|
Поглед на централното основно училиште „Славко Лумбарковски“
| |
Место | |
Општина: | Општина Новаци |
Наречено по: | Славко Лумбарковски |
Нас. место: | Новаци |
Адреса: | с. Новаци |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1933 |
Број на ученици: | 154 (2021/2022) |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Училиштето е именувано по македонскиот народен борец Славко Лумбарковски.
Местоположба
уредиУчилиштето се наоѓа во западниот дел од селото, во непосредна близина на црквата „Св. Атанасиј“.
Објект
уредиСтариот објект на училиштето бил изграден во 1933, додека новиот објект во 1993 година. Новиот објект е на два ката и зафаќа површина од 900 м2.[1]
Настава
уредиВо училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[2] Наставата се изведува во една смена.[1]
Подрачни училишта
уредиВо склоп на училиштето се следните подрачни училишта:
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Бач;
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Добромири;
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Агларци;
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Далбеговци;
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Рибарци;
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Рапеш;
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Гермијан; и
- ПУ „Славко Лумбарковски“ - Живојно.
Од нив, единствено во подрачното училиште во Бач се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.[2]
Галерија
уреди-
Влезот на училиштето
-
Стариот објект
-
Игралиште во дворот на училиштето
-
Споменик на Славко Лумбарковски во дворот на училиштето
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- ОУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци на Ризницата ?
41°02′26.1″N 21°27′16.8″E / 41.040583° СГШ; 21.454667° ИГД