Свети Нектариј Битолски
Преподобен Свети Нектариј Битолски — македонски светец од 15 век.
Свети Нектариј Битолски | |
---|---|
Фреска на Свети Нектариј во Зографскиот манастир | |
Роден(а) | 1430, Битола |
Починал(а) | 5 декември 1500, Света Гора |
Слава | 5 декември |
Животопис
уредиНектариј е роден во Битола. Крстеното име му било Никола. Се подвизувал најпрво во манастирот Свети Врачи кај Битола, заедно со својот замонашен татко Пахомиј. Потоа преминал на Кареја на Света Гора, каде што го продолжил подвигот под раководство на старците Филотеј и Дионисиј во ќелијата на Св. Архангели. Починал на 5 декември 1500 година, која дата се зема за славење на неговиот празник по стариот црковен календар. Неговите чудотворни мошти цели, нетлени и благоухани, сè уште почиваат во истата ќелија.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |