СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ - Битола
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ — средно училиште во Битола, Општина Битола[1].
Ѓорѓи Наумов | |
Место | |
Општина: | Битола |
Место: | Битола |
Основни информации | |
Настава на: | македонски и англиски |
Контактни информации | |
Портал | www.gorginaumov.edu.mk |
Основање и развој
уредиНа 7 мај 1957 година тогашниот Народен одбор на Битолската Околија на двата собори: Околискиот собор и Соборот на производителите, на одделни седници и во истоветен текст донеле решение за основање на Индустриското училиште.
Во 1960 година започнало со работа Техничко училиште и мајсторската школа по исклучителна потреба и барање на фабриката за фрижидери „Ѓорѓи Наумов“ од Битола.
Во 1961 година се формирала и Вишата техничка школа која подоцна се издвоила во посебна образовна установа која денес е прерасната во Технички факултет - во склоп на Универзитет „Свети Климент Охридски“ во Битола. Индустриското училиште, Техничкото, Техничкото за возрасни, Училиштето за висококвалификувани работници и Вишата техничка школа прераснале во нова образовно-воспитна установа, тогашен Електромашински училиштен центар „Ѓуро Салај“ - Битола.
Во 1986 година за Центарот е од посебно значење бидејќи се преселува во нов, поголем објект, во којшто и денес се наоѓа, а од тогаш датира и организирањето на образованието од вториот степен на стручна подготовка со што се образуваат кадри за производството по најкус можен пат.
Во 1989 година е потпишан договор за соработка со Републичкиот институт при Политехничкиот факултет во Благоевград, Бугарија, која до денес практично се реализира. Во соработка со нив произлезе и организацијата на Балканскиот симпозиум за образовние.
Во 1993 година училиштето е добитник на најголемата државна награда во областа на образованието - „Климент Охридски“.
Од 1994 во училиштето се организира експериментална настава на англиски јазик каде наставата по стручните предмети се одвива на англиски јазик.
Историјат
уредиПочетоците на наставно-образовниот процес во училиштето датираат од 1958 година, врз основа на решението што е донесено на 7-X-1957 година за основање на индустриско училиште со практична обука во Битола, со задача да подготвува квалификувани работници за потребите на индустријата преку две струки – машинска и електротехничка со тригодишно траење и капацитет од 300 ученици. Бидејќи потребите од стручни кадри во битолското стопанство растеа, се наложи основање на Техничко училиште кое со работа започна во 1960 година, а наскоро потоа Техничко училиште за возрасни и училиштето за високо квалификувани работници (мајсторска школа). Оваа школа е формирана по потреба и барање на тогашната фабрика за фрижидери Битола. Како што понатаму растеа потребите за стопанството, така и училиштето се ширеше и развиваше.
Во 1961 година во рамките на училиштето е формирана и виша техничка школа. Таа подоцна се издвојува како посебна образовна институција, Технички факултет, во склопот на Универзитет „Свети Климент Охридски“ од Битола. Потребите за стручни кадри за стопанството ја наложија потребата од оспособување на стручен наставен кадар. Токму заради тоа, во склоп на училиштето, се формира центар за вонредно студирање на Вишата стручна педагошка школа од Риека-Република Хрватска. Постепеното формирање на споменатите училишта, школи и центри и нивна концентрација во зградата на индустриското училиште беше предуслов за основање на нова институција за образование на стручни кадри, електро-машински училиштен центар.
Овој училиштен центар никогаш не бил механички збир на неколкуте типови и облици на стручно образование, туку организациона целина во која беше воспоставено внатрешно функционално единство и во која се оспособуваа кадри од повеќе степени на стручното образование. Така, Индустриското, Техничкото, Техничкото за возрасни, Училиштето за високо квалификувани работници , Вишата техничка школа и Наставниот центар за вонредно студирање ВСПШ-Риека се конципираа и прераснаа во нова образовно-воспитна институција ЕМУЦ”Ѓуро Салај” – Битола. Неговата задача беше за потребите на стопанството да образува и оспособува:
1. Квалификувани работници од металската и електротехничката насока, преку индустриското училиште со практична обука.
2. Техничари и погонски техничари преку електромашинското техничко училиште и техничкото училиште за возрасни.
3. Високо квалификувани работници од металската и електротехничката насока, преку училиштето за висококвалификувани работници – мајсторска школа.
4. Виши техничари (погонски инженери) од машинска и електротехничка насока, преку вишата техничка школа.
5. Стручни наставници, за стручни предемети и практична настава од машинската и електротехничката насока преку наставниот центар за вонредни студирања на ВСПШ – Риека.
Развојот на индустријата во Битола бараше и нови кадри коишто не се оспособуваа во ниту едно средно училиште во Битола. Затоа во учебната 1967/68 година почнува проширување на структурните типови на образование во училиштето и се формира отсек за слаба струја за квалификувани механичари за радио-телевизија и електроакустика.
Исто така врз основа на нараснатите потреби од стручни кадри во текстилната индустрија во Битола, дојде до отворање на текстилно училиште во состав на Центарот.
Во училиштето се оспособени голем број на стручни кадри преку доквалификување, преквалификување, вонредно полагање и сл.
Во 1997 училиштето се преименува во ДСЕМУ ”Ѓорѓи Наумов”, а во 2006 година, со стапување во сила на новиот закон за локална самоуправа, во Средно општинско техничко училиште или скратено СОТУ ”Ѓорѓи Наумов”.
Учество на натпревари
уредиНа меѓународниот натпревар за Информатичка Технологија кој се одржа во Букурешт – Романија на кој учествуваа вкупно 39 земји од сите континенти учествуваше и нашето училиште со три проекти. Во зависност од освоените бодови имаше можност за повеќе први, втори и трети места (златни, сребрени и бронзени медали). InfoMatrix е организиран од Lumina Educational Institutions-Романија во партнерство со Турција, Мексико, Украина и Хонгконг. По претходно организирани натпревари во Европа, Азија, Америка, Африка и Австралија на крај во финалето имаше влезено окулу 170 проекти кои се натпреваруваа во 5 области: Краток филм, 3 Д Уметност, Програмирање, Роботика и Хардвер. Од овие проекти 5 беа од Македонија и настапуваа под име Македонија и тоа 2 од училиштето Јахја Кемал (1 од Струга во програмирање и еден од Скопје во 3Д Уметност) и 3 проекти од СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола.
3Д Уметност: Snow Story (Антонио Стојковски и Јетон Селими, ментор Јани Сервини) освои сребрен медал и 300$ награда – СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола.
Програмирање: E-Library For The School (Петар Папалевски и Александар Јованов, ментор Илче Ацевски) освои сребрен медал и 300$ награда – СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола.
3Д Уметност: 3D Visualisation Of The School (Михаил Талевски, ментор Тони Ѓоргиевски) освои сребрен медал и 300$ награда – СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола.
Освоени награди
уредиПознати личности кои учеле во ова училиште
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- http://www.gorginaumov.edu.mk Мрежно место на училиштето
- http://gjorgjinaumov.schools.edu.mk Архивирано на 14 април 2009 г. Алтернативно мрежно место на училиштето
- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука
- http://www.frinko.mk Мрежно место на Фабриката за фрижидери Ѓорѓи Наумов односно Фринко
Оваа статија поврзана со Битола е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |