Ацо Стефановски
Ацо Стефановски (Битола, 10 декември 1922 – Битола, 10 март 1985)[1] – македонски филмски и театарски глумец, член на Битолскиот народен театар од самото негово основање во 1944 година.[2]
Ацо Стефановски | ||
Роден | 10 декември 1922 Битола | |
---|---|---|
Починал | 10 март 1985 Битола | |
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Добра долина Златни години Време на летала | |
Занимање | глумец | |
Деца | Илко Стефановски (син) |
Првиот македонски Хамлет, несомнено еден од најретките уметнички поединци со специфичен глумечки сензибилитет и богат творечки потенцијал. Поминувајќи го сиот свој работен век на „штиците што живот значат“ одиграл 250 улоги, главно водечки.
ЖивотописУреди
Ацо Стефановски е роден во Битола на 10 декември 1922 година, каде го завршил основното и средното образование. Професионалниот ангажман како глумец го започнал со самото формирање на Народниот театар од Битола во 1944 година и сите 40 години од својата глумечка дејност ги поминал во овој театар каде бил незаменлив столб во уметничкиот ансамбл, остварувајќи улоги на високо креативно рамниште.
ТворештвоУреди
Во својот глумечки живот остварил бројни и забележителни театарски и филмски улоги, а исто така режирал и повеќе театарски претстави.
Поважни театарски улоги[2]Уреди
Година | Улога | Претстава | Автор |
1958 | Скуп | Скуп | Марин Држиќ |
1964 | Герлах | Заточениците од Алтона | Жан-Пол Сартр |
1966 | Хамлет | Хамлет | Вилијам Шекспир |
1966 | Сатин | На дното | Максим Горки |
1967 | Цар Едип | Цар Едип | Софокле |
1967 | Максимилијан | Разбојници | Фридрих Шилер |
1969 | Митке | Коштана | Борисав Станковиќ |
1969 | Вили Ломан | Смртта на трговскиот патник | Артур Милер |
1972 | Вујко Вања | Вујко Вања | Антон Павлович Чехов |
1972 | Аџи Трајко | Бегалка | Васил Иљоски |
1972 | Борис Попов | Деветтиот бран | Никола Јонков Вапцаров |
1975 | Фезлиев | Црнила | Коле Чашуле |
1982 | Таткото | Пеш | Славомир Мрожек |
1983 | д-р Фауснер | Натемаго на Филозофскиот факултет | Иво Брешан |
1983 | Илија Чворовиќ | Балкански шпион | Душан Ковачевиќ |
ФилмографијаУреди
Година | Филм | Улога |
1955 | Волча ноќ | / |
1958 | Мис Стон | / |
1967 | Македонска крвава свадба | / |
1968 | Планината на гневот | / |
1969 | Републиката во пламен | / |
1970 | Цената на градот | Професорот |
1971 | Македонскиот дел од пеколот | / |
1972 | Табакерата ТВ-филм | / |
1973 | Добра долина ТВ-филм | / |
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | / |
1974 | Средба ТВ-филм | Танас |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | / |
1975 | Јад | / |
1977 | Големата соба ТВ-филм | Трпко |
1977 | Нели ти реков ТВ-филм | / |
1977 | Малиот одред ТВ-серија | / |
1978 | Златни години ТВ-филм | / |
1979 | Наши години ТВ-серија | Шефот на полицијата |
1979 | Жена од малтер ТВ-филм | / |
1980 | Учителот ТВ-филм | / |
1980 | Двојка ТВ-филм | / |
1981 | Црвениот коњ | / |
1981 | Булки крај шините ТВ-серија | / |
1981 | Стојче ТВ-филм | / |
1982 | Илинден ТВ-серија | / |
1982 | Време на летала ТВ-филм | / |
1982 | Тумба, тумба, дивина ТВ-филм | |
1983 | Записник ТВ-филм | / |
1983 | Црвениот коњ ТВ-серија | / |
1984 | Јуначко колено ТВ-серија | / |
1984 | Нели ти реков | / |
1985 | На наш начин ТВ-серија | Бимбо |
1985 | Од зад грб ТВ-филм |
Награди и признанија[2]Уреди
- Награда на Владата на НРМ (1950),
- „11 Октомври“ за животно дело (1979),
- „Стерија“,
- „Златен венец“ на МЕС Сараево,
- Глумец на годината на ревијата „Екран“ (1983),
- Награда на Здружението на драмските уметници на Македонија,
- „4 ноември“ (двапати),
- Повеќе признанија на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Ацо Стефановски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)