Црква „Св. Богородица“ - Битола

црква во градот Битола

Света Богородица се наоѓа во центарот на градот Битола, на десниот брег на реката Драгор веднаш до училиштето Св. Кирил и Методиј. Таа е втора црква по големина во Битола и е изградена во периодот 1870-71 година со голема помош на доктор Константин Мишајков и на Димитрие Робев (според спомен плочата која и денес се чува во Митрополијата во Битола)[1].

Света Богородица

Црквата Света Богородица во Битола

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Градска битолска
Местоположба

Карта

Место Битола
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Богородица
Изградба 1872
Архитектонски опис

Архитектура

уреди

Оваа црква претставува трикорабна базилика, со тремови од јужната, северната и западната страна и со катни галерии. Но, за разлика од црквата Св. Димитрија овде се појавува и купола во форма на луковица, која заедно со другите елементи, како што се овалните прозорци од типот на окулуси, барокната атика на северниот портал и слични елементи, јасно укажува на продорот на необарокните влијанија, меѓутоа истите локално изменети, во традиционален тип на сакрален објект карактеристичен за 19 век на ова подрачје. Ваквите европски влијанија се сосема логични ако се земе предвид периодот кога е изградена, односно сè поизразените трговски врски на Битола со Европа, како и школувањето на младата буржоазија во тие земји. Самото градење на оваа црква која подоцна ќе стане катедрална црква на Бугарската егзархија, фактички ја изразува целокупната борба на битолското граѓанство против елинизацијата.

Ентериер

уреди

Посебен акцент треба да се стави на ентериерот. Иконостасот во оваа црква се состои од делови на иконостасот од црквата Св. Димитрие од с. Магарево како и делови од иконостасот од црквата Св. Богородица во с. Трново[1]. Тоа е целина од дела на две различни резбарски работилници. Трновскиот иконостас е дело на епирски резбари, коишто во овие краишта доаѓаат по големите насилства на турските паши. Иконостасот од црквата во с. Магарево некои сметаат дека е однесен од Германците во Првата светска војна, а други – врз основа на искажувања на постари луѓе што се сеќаваат на иконостасот - сметаат дека тоа е истиот иконостас што се наоѓа во црквата Св. Богородица во Битола.

Од трновскиот иконостас се зачувани 10 ќитабиња, исполнети со библиски сцени со доминација на човечки фигури, украсени со мотиви од растителен и животински свет. Таблите се распоредени по пет од двете страни на царските двери. На првата табла централно е композицијата ‘Првиот грев’. Второто ќитабе од северната страна е дело на послаб резбар . Во средината е насликан ликот на архангел Михаил. На следните табли е изведена фигура на серафим со растителна орнаментика, потоа следува слична декорација со различни цвеќиња и лисје. На таблата лево од царските двери во средината е претставена птица – феникс, а лево и десно од фениксот има по една човечка фигура. Јужно од дверите е табла со глава на ангел, а на обете страни има по една човечка фигура. На седмото ќитабе е прикажан архангел Гаврил, во движење. Следува табла со серафим, па табла со архиѓаконот Стефан и конечно табла со растителна орнаментика. Ќитабињата се одделени едно од друго со четвртести столпчиња изведени во резба. На овој иконостас му недостигаат правоаголните табли под престолните икони. Најверојатно тие, како најбогато украсени, биле посебно спакувани за да се однесат, и при повлекувањето на бугарската и германската војска биле уништени или разграбани од војниците. На нивно место се поставени табли со цитати од Библијата.

 
Исус Христос, Велик архијереј

Колоните меѓу престолните икони припаѓале на иконостасот во црквата Св. Богородица во с. Магарево. Над колоните се капители, а над нив по една птица (само над трите колони лево и десно од царските двери). Капителите се поврзани со лунети над престолните икони, и тие се исполнети со растителна орнаментика. Многу делови од иконостасот над престолните икони недостасуваат, а го нема и архитравот. Зачуван е фризот со винова лоза, исполнет со гроздови и птици.

На просторот на вториот кат има два реда икони со икони на светите апостоли и други поединечни ликови на светци. Таму недостига резбаријата на колонките и лунетите, Постои средниот дел од иконостасот меѓу големиот крст и царските двери. Сепак, големиот крст и двете ламји се дело на подоцнежен мајстор, а и царските двери ги работел резбар со послаби квалитети, и тоа во поново време.

Владичкиот престол е дело на непознат мијачки копаничар, што можеби е донесен од некоја црква од битолските села што биле под удар на фронтот за време на Првата светска војна или е работен по порачка кон крајот на 19 век. Во основата има два лава со раширени челусти. На ракофатот има фигури на животни, на станичните табли е стилизирана растителна орнаментика, а во средината има медалјон со плетеница и птица феникс. Во горните делови има фигури на ламја, а најгоре купола со шестострани отвори. Куполата завршува со резбан крст и палмети[1].

Галерија

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди