Девејани
Населбата Девејани се наоѓа во северозападниот дел на градот Битола. На исток се граничи со населбата Бадембалари, а на југоисток со населбата Баир. На југ се наоѓа месноста Црн Мост. Во оваа населба се наоѓа битолскиот затвор, трикотажата "Пелистер", германските гробишта, како и манастирот Св. Јован Богослов. Улици во оваа населба се:
- Втора бригада
- Девејани
- Јорго Костовски (дел)
- Кирил Пејчиновиќ (дел)
- Фахри Ибраим