Широк Сокак
Широк Сокак (познат и како „Битолско Корзо“) — најпрометна и најпозната улица во центарот на Битола, со бројни дуќани и локали. Денес е строго пешачка улица, а некогаш по неа се движеле и автомобили. На Широк Сокак се наоѓаат најголемите продавници, ресторани, театарот со опера, галерии и многу кафулиња и клубови. Тука се сретнуваат најстарите архитектонски дела и градби на Балканот, коишто го красат градот уште од турско време. Типично турски куќи, покрај прекрасните вили, не се реткост во овој дел на градот. А на самиот крај на Широк Сокак се наоѓа спортската сала Младост и се влегува во простран цветен парк полн со дрвореди, којшто води до стадионот Тумбе Кафе, зоолошката градина и античкото наоѓалиште Хераклеја Линкестис.
Широк Сокак | |
---|---|
Широк Сокак | |
Поранешни називи: | Маршал Тито |
Поштенски број: | 7000 |
Место: | Битола, Македонија |
Координати: | 41°01′44″N 21°20′06″E / 41.029° СГШ; 21.335° ИГД |
Од: | Плоштад Магнолија |
До: | Градски Парк |
Во 1904 г. пионерите во киното браќата Милтон и Јанаки Манаки купиле парцела на Широк Сокак, каде што во 1905 г. го наместиле фотографското ателје.[1]
Име
уредиОфицијалното име во времето на Османлиското Царство било „Султание“ или „Хамидие“. Со потпаѓањето на градот под Србија во текот на Меѓусојузната војна во 1913 година, името на улицата е променето во „Крал Петар“[2], а потоа во времето на комунизмот во Југославија, улицата била наречена „Маршал Тито“.
Наводи
уредиГалерија
уреди-
Покриен со снег
-
Типична архитектура
-
Католичка црква
-
Широк Сокак во 1914 г.
Надворешни врски
уреди- Широк Сокак на Ризницата ?