Гургур Тумба (Битола)
„Гургур Тумба“
| |
Местоположба | 41°1′51″N 21°20′24″E / 41.03083° СГШ; 21.34000° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Битола |
Општина | Битола |
Тип |
|
Период | неолитско време |
Портал „Археологија“ |
Гургур Тумба — археолошко наоѓалиште во Битола. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа во рамнината 2,5 км источно од градот, непосредно до индустриската зона каде што се наоѓаат фирмите „Битолатекс“, „Илинден“ и други претпријатија. Тумбата има правилна кружна основа со пречник од 250 м и височина од 3 м. Горните површински слоеви се оштетени од земјоделските работи. Во 1952 година Народниот музеј, во соработка со Филозофскиот факултет од Љубљана, вршел ископување, а во 1981 година е вршено ново сондажно ископување. Работите покажале дека е во прашање повеќеслојна населба, со културен слој од 3,40 м во кој се разграничуваат два хоризонта на живеење. Откриените многубројни фрагменти од керамички садови, орудија од коска, камен и кремен ја определуваат населбата како среднонеолитска, а ѝ припаѓа на велушко-породинската културна група. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано
уреди- Хераклеја Линкестис — населба од хеленистичко, римско, доцноантичко време и среден век;
- Бадем Балери — депо на монети од срениот век;
- Еврејски Гробишта — населба од неолитско време;
- Кале — населба од средниот век;
- Св. Троица — базилика од старохристијанско време;
- Битола
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069