ОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Битола

основно училиште во Битола

Основно училиште „Д-р Трифун Пановски“ (официјално: Основно општинско училиште „Д-р Трифун Пановски“ - Битола; скратено: ООУ „Д-р Трифун Пановски“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.[1]

Д-р Трифун Пановски

Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина: Општина Битола
Наречено по: Трифун Пановски
Нас. место: Битола
Адреса: ул. „Охридска“, бр. 50
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1932; пред 92 години (1932)
Директор: Пецо Димовски
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место trifunpanovskibitola.wordpress.com/
Е-пошта trifunpanovski@yahoo.com
Телефон 047/231-240
Факс 047/231-240

Училиштето е именувано по македонскиот учесник во НОВ и прв партизански лекар, Трифун Пановски.

Местоположба

уреди

Училиштето се наоѓа во централното градско подрачје на Битола, помеѓу улиците „Охридска“, „Вангел Мајоро“ и булеварот „1 Мај“. Училиштето се состои од една градба со два краци. Едниот крак е стар дел изграден во 1932 година, а другиот крак е изграден 1956 година. Училиштето започнува да работи во далечната 1932 година со стариот дел.

Градба

уреди

Училишната градба зафаќа површина од 1420,98 м2, а училишниот двор површина од 3088 м2. Училишниот двор има зелен дел и асфалтиран дел каде што се сместени спортските терени за реализација на спортски активности.

Подрачни училишта

уреди

Во состав на ОУ „Д-р Трифун Пановски“– Битола работат четири подрачни училишта и тоа во Трново, Дихово, Брусник и Братин Дол. Подрачното училиште во Нижеполе не работи од 2011 година, а исто така повеќе не работи ниту училиштето во Брусник.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-11-23.
  2. „Самоевалуација на училиштето“ (PDF). ОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Битола. 2019. стр. 8. Архивирано (PDF) од изворникот 2021-01-21. Посетено на 12 јули 2023.

Надворешни врски

уреди