Битолски Вилает
Битолскиот Вилает (османски турски: ولايت مناستر, турски: Vilâyet-i Manastır) бил административно-управна единица во рамките на Османлиското Царство со седиште во Битола, формиран во 1864 година, со повремени територијални промени.
ولايت مناستر Vilâyet-i Manastır | |||||
Вилает на Османлиско Царство | |||||
| |||||
Вилаетот во 1867–1912 | |||||
Главен град | Битола[1] | ||||
Историја | |||||
- | Основана | 1864 | |||
- | Укината | 1912 | |||
Население | |||||
- | 1911[2] | 1.069.789 жит. | |||
Денес во | Албанија Македонија Грција |
На чело на вилаетот стоел валија, со титула паша, кој бил назначуван со султанско ираде.
Кога бил формиран вилаетот го опфаќал речиси целиот Вардарски дел и западната територија од Егејскиот дел на Македонија, навлегувал длабоко на територијата на Албанија, а со помал дел и на грчка територија. Се простирал на територија од околу 32.000 км2. На север граничел со Косовскиот Вилает, на исток и југоисток со Солунскиот Вилает, на југ со Кралството Грција, на југоисток со Јанинскиот Вилает и на запад и северозапад со Скадарскиот Вилает.[3][4][5][6]
Кон крајот на 19 век вилаетот имал помеѓу 800.000 и 900.000 жители, а во 1908 година тој број пораснал на 1.000.576 жители. Во 1912 година престана да функционира Битолскиот вилает.
Територијално-административна поделба
уредиВо 1875 година во негов состав влегувале санџаците:
- Битолски санџак со казите: Битола, Корча, Прилеп, Охрид, Костур, Кожани, Населица (Анаселица), Лерин, Серфиџе, Кичево и Колоња.
- Призренски санџак со казите: Призрен, Тетово, Приштина, Ѓаковица, Пеќ, Гнилане, Вучитрн и Гусиње.
- Скадарски санџак со казите: Скадар, Подгорица, Тирана, Каваја, Акче Хисар (Круја) и Леш.
- Скопски санџак со казите: Скопје, Куманово, Штип, Крива Паланка, Радовиш, Кочани и Кратово.
- Дебарски санџак со казите: Горен Дебар, Елбасан, Долен Дебар и Мат.
Со формирањето на Скадарскиот Вилает во 1876 година, од Битолскиот Вилает бил одвоен Скадарскиот Санџак, а со формирањето на Косовскиот Вилает (во 1877 година), од Битолскиот Вилает биле одземени казите од Источна Македонија и од Косово, кои влегле во состав на новоформираниот Косовски Вилает.
Во 1878 година Призренската лига излегува со предлог Скадарскиот, Јанинскиот, Косовскиот и Битолскиот Вилает да се обединат во еден Албански Вилает.
Во 1912 година во состав на Битолскиот Вилает влегуваат: Битолскиот, Дебарскиот, Елбасанскиот, Корчанскиот и Сервискиот санџак.[7]
Расформирање
уредиБитолскиoт Вилает за време на Првата балканска војна, 1912 година е окупиран и поделен помеѓу Кралството Грција, Кралството Србија и Кнежевството Албанија, со што и престанал да постои.
Битолски револуционерен округ
уредиБитолскиот револуционерен округ како дел од структурата на Македонската револуционерна организација делувал на територијата на Битолскиот Вилает. Тој бил најдобро организиран, опремен и вооружен револуционерен округ, масовно востанал во екот на Илинденското востание. По востанието округот е заплиснат од четите на Елиномакедонскиот комитет и Српското четничко движење, борбите траеле сè до Младотурската револуција. Револуционерниот округ постоел од 1894 до 1908 година.
Во текот на Првата балканска војна, револуционерите од битолскиот округ ги помагале српските и грчките војски против Отоманското Царство. Во текот на Втората балканска војна и Првата светска војна дел од поранешните револуционери на округот ја помагаат бугарската војска. Во 1919 година Тодор Александров ја формирал ВМРО (Автономистичка) и во духот на старата организациска поделба го возобновил Битолскиот револуционерен округ иако неговата територијата веќе била поделена помеѓу Кралството Југославија и Кралството Грција.
Наводи
уреди- ↑ Encyclopaedia Britannica 1911 Edition, Monastir.
- ↑ Teaching Modern Southeast European History. Alternative Educational Materials, p. 26
- ↑ Die Provinzen des Osmanischen Reiches von Andreas Birken, Wiesbaden, 1976
- ↑ Uredba o organizaciji vilajeta 1867 godine, Prilozi za orijentalnu filologiju, XII-XII/1962, br. 3
- ↑ Orijentalni institut u Sarajevu, Sarajevo, 1965
- ↑ Кратка историја Битољског вилајета. Превео Глиша Елезовиќ, „Братство“ XXVII, 43, Београд, 1933.
- ↑ Ottoman Provinces before 1908.