Облаковска Планина
планина во Битолско
Облаковска Планина — планина во југозападниот дел на Македонија, сместена во близина на градот Битола. На падините на планината се сместени селата: Облаково, Снегово, Раштани, Крклино, Лера, Рамна, Кукуречани, Секирани, Стрежево, Братин Дол, Горно Оризари, Драгожани, Ново Змирново, Српци и Драгарино. Облаковска планина има планинска клима. На неа е застапена разновидна флора и фауна.
Меѓу најзастапените билки се вбројуваат: мајчина душица, ковил, кантарион, овчарска торбичка, кокиче и други видови.
Од фауна се среќаваат видовите: мечка, волк, зајак, лисица, орел, врабец, сокол, смок и други.
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |