Јани Макрадули
Јани Макрадули (роден на 28 март 1965 во Битола) — македонски политичар.
Јани Макрадули | |
---|---|
На должноста | |
Стапил 1 јуни 2017 | |
Премиер | Зоран Заев |
Заменик министер за животна средина и просторно планирање | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 28 март 1965 Битола, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Влав |
Партија | СДСМ |
Професија | политичар |
Вероисповед | Православен христијанин |
Основно образование завршил во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје, а средно образование во СУ „Раде Јовчевски Корчагин“. Завршил на Електротехничкиот факултет во Скопје, а последипломски студии во Белград и во 1994 година станал магистер.
По завршувањето се вработил на Електротехничкиот факултет најпрвин како асистент, а од 2001 година станал шеф на лабораторијата при Институтот за компјутерска техника и информатика.
Својата политичка кариера ја започнал во 1996 година кога станал член на Советот на Општина Центар од редовите на СДСМ. Во 2002 година бил избран за пратеник. По промена на власта во 2008 година станал потпретседател на Собранието на Република Македонија.
Во периодот од 1999 до 2006 година бил избран во ИО на СДСМ, а од 2006 до 2009 бил потпретседател на партијата. Во 2012 година од страна на партијата бил кандидиран за градоначалник на Скопје.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Јани Макрадули е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје“. Посетено на 2012-11-12.