Нова Битола
За Нова Битола се смета делот од градот над техничкото училиште и над супермаркетот "Веро". Овој дел од градот е изграден во 80-тите години и претставува едно од најновите населени места во Битола. Во населбата се претежно згради, но има и голем број куќи, како и ОУ „Св. Климент Охридски“. Во населбата исто се наоѓа и црквата „Собор на сите македонски светители“ - Битола, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, Клиничката болница Др Трифун Пановски, болницата за заразни болести и средното техничко училиште. Често кога се кажува Нова Битола се мисли и на населбите Ремо, Брусничка населба, Лавчанска населба и горниот дел на населбата Довлеџик, бидејќи овие населби исто така се изградени во поновата ера на градот. Улици кои спаѓаат овде се:
- Анести Пановски
- АСНОМ
- Бонде Скерлевски
- Димче Лахчански
- Јадранска
- Јанко Палигора
- Партизанска (дел)
- Ружа Делчева
- Тодор Паница
- Народни Херои