Државен завод за статистика

државна статистичка служба на Македонија


Државниот завод за статистика е самостојно владино тело, кое има основна задача да продуктира висококвалитетни и веродостојни статистички информации за Македонија. Основни производи на заводот се статистичките публикации во печатен облик, електронската дисеминација (електронските производи) и статистичките услуги. Основан е на 1 јуни 1945 и има седиште во Скопје.

Државен завод за статистика
Логотип на заводот
Податоци за органот
Основан 1 јуни 1945¹
Надлежност смостоен државен орган на Владата
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 290[1] (2016)
Раководител Апостол Симовски
(директор)
Мрежно место
stat.gov.mk
Белешки
¹како Македонски федерален статистички уред

Историја уреди

Државниот завод за статистка е формиран на 1 јуни 1945 година како Македонски федерален статистички уред. За прв директор тогаш е именуван правникот Атанас Трпковски. Тогаш заводот функционирал само со две одделенија и тоа одделение за статистика на општествените дејности и одделение за статистика на стопанските дејности. Современиот завод функционира со 7 сектори и многу одделенија и пододделенија.

Задачи на заводот уреди

Државниот завод за статистика е самостојна стручна организација чија надлежност и делокруг на работа се уредени со Законот за организација и работа на органите на државната управа [2] и Законот за државната статистика[3].

Во согласност со Законот за државната статистика, Државниот завод за статистика, врз научни основи, на државните органи, локалната самоуправа, деловните субјекти, јавните претпријатија, јавните служби и на други корисници им обезбедува информации за состојбите и движењата на националната економија, човечките ресурси, демографијата, заштитата на животната средина и во други области.

Државниот завод за статистика е одговорен за продуцирање на официјалната статистика во Македонија, а воедно е и координатор на статистичкиот систем во Македонија. Оваа улога Државниот завод за статистика ја реализира во соработка со други субјекти - овластени носители кои, исто така, се одговорни за продуцирање на официјална статистика во рамките на своите утврдени надлежности.

Државниот завод за статистика е носител на меѓународната статистичка соработка. Во таа насока, значајни се напорите на Заводот за хармонизација на статистичкиот систем на земјата со статистичките системи на земјите од Европската унија, а во функција на задоволување на домашните и странските корисници со споредливи статистички податоци.

Наводи уреди

  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2016 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-04-18. Посетено на 2018-04-16.
  2. “Службен весник на Република Македонија” бр.58/00....)
  3. (“Службен весник на Република Македонија” бр.54/97)

Надворешни врски уреди